Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1200179 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1860 на: 14 Ноември 2016, 11:08:53 am »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Heat-Pump

Може да се однесува на се, од климатизер, котел што ќе загрева вода, до машина за сушење алишта.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1861 на: 14 Ноември 2016, 11:13:06 am »
Точно. Ти што мислиш колкав е односот на такви котли за вода и машини, во однос на клима уредите? :)
Нејсе, поентата е да се види на графикот големината (по држави) на пазарот за топлински пумпи.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1862 на: 14 Ноември 2016, 11:17:40 am »
Јас се сложувам дека топлинската пумпа е најекономичното решение, само сакав да не се мисли дека се однесува само на климатизери.

Околу застапеноста, тоа си е поврзано со животниот стандард.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1863 на: 14 Ноември 2016, 11:32:00 am »
Со животниот стандард, со цената на струјата, и со други фактори. Интересно е како Јапан со 130тина милиони жители, и Германија со 80 милиони, се на прво и трето место по уделот во светскиот пазар за топлински пумпи. Шведска со 9 милиони жители држи удел кој е половина од германскиот, импресивно.

Германците и Швеѓаните не се баш поклоници кон ладењето со климатизери, што наведува на заклучокот дека за греење ги купуваат. Мислев дека кај нив гасот е најисплатливата варијанта, но изгледа дека нема секаде гас, или греење на струја со топлинска пумпа (климатизери) е сепак поевтино.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1864 на: 14 Ноември 2016, 11:34:04 am »
Набавната цена на типот на енергија решава што е поефтино.

Ако ти јадеш зелка, јас месо, заедно јадеме сарма :)

Т. Фити

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1865 на: 14 Ноември 2016, 11:35:41 am »
Heat pump не мора да биде на струја, може да биде на гас ;)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1866 на: 14 Ноември 2016, 11:52:38 am »
Така е... (не за Фити).  :D

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1867 на: 14 Ноември 2016, 11:56:01 am »
Дечки ај некој совет во врска со централно греење/ладење, во фаза сум на купување на стан од некои 75m2, нова градба изолација, прозори итн. па се мислам што да правам околу греењето/ладењето.

Станот е на 3ти спрат, последен спрат, над него има плоча со изолација што ти ја знам таму :) , локација Битола.

Дефинитивно сакам централно греење (ладење зависи од системот), предност има греењето и во ниеден случај не сакам комбинација со дрва, а пелети во најкраен случај, а најверојатно ни тогаш.Од дрва може само еден мал камин или нешто слично за ќеиф (романтики) во дневна.

Буџетот не ми е определен сеуште, но сакам квалитетно решение за долги години да се користи како примарен начин на греење, доколку може... во зависност од тоа може да оди од најефтино до неколку илјади евра ако вреди.

Некои луѓе ми спомнуваа некои VRF Daikin системи ама искрено не ме бива за ова.

Што мислите, некој совет?


Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1868 на: 14 Ноември 2016, 15:13:09 pm »
http://kano.com.mk/

Не бучи, не дува, не чади.
Клик на кецот и чао пријатно.

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1869 на: 14 Ноември 2016, 17:58:08 pm »
http://kano.com.mk/

Не бучи, не дува, не чади.
Клик на кецот и чао пријатно.

Фала за инфо, не го знаев овој систем... Прашање, Кано е Онак членот или се имам измешано нешто?

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1870 на: 14 Ноември 2016, 18:04:26 pm »
Момци, да прашам паталец за вакви мини греалки, потребна ми е за во студентски дом, да може да ми ја собере под креветот.  ;D

Ваква:
http://technomarket.mk/products/09133238/max-kf-103b

или ваков вид со кварцна цевка:
http://technomarket.mk/products/09133340/luxell-lx-2820

Буџетот е тој до 1000че, ништо повеќе.
Собите не се многу големи, значи доволно ми е мене да ме грее, за струја не плаќам ништо така да совети и препораки кои се подобро покажани, а и предлози за некои подобри од овие што ги спомнав.  :D

Однапред благодарам.  :)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1871 на: 14 Ноември 2016, 18:09:57 pm »
Штом нема да плакаш струја, кварцната, али со 3 грејачи да ја најдеш, барем 2.5 кw да е, оваа 1.8 малку тешко, особено во ладни денови. Јас имам кварцна, онака за пригревање понекогаш, особено кога спремам предмети за на факс, па се затворам во соба, со 3 грејачи ми е, ама еден ми е рикнат, двата заедно мокност 1.7 Kw имаат и реално слабички се.
Затоа испод 2.5 kw не ги гледај.
Исто така некогаш нозете ако ти се ладни, за загревање на истите, милина :D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1872 на: 14 Ноември 2016, 18:11:08 pm »
Фала за инфо, не го знаев овој систем... Прашање, Кано е Онак членот или се имам измешано нешто?

Немаш ништо измешано. Тој е тој.
Препорака имаш и од мене за  Онак, тој систем, инсталација, советување, и штоидатитекне во врска со греење.  :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1873 на: 14 Ноември 2016, 18:21:31 pm »
Фала за инфо, не го знаев овој систем... Прашање, Кано е Онак членот или се имам измешано нешто?

Немаш ништо измешано. Тој е тој.
Препорака имаш и од мене за  Онак, тој систем, инсталација, советување, и штоидатитекне во врска со греење.  :)

Данке :)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1874 на: 14 Ноември 2016, 18:27:09 pm »
Штом нема да плакаш струја, кварцната, али со 3 грејачи да ја најдеш, барем 2.5 кw да е, оваа 1.8 малку тешко, особено во ладни денови. Јас имам кварцна, онака за пригревање понекогаш, особено кога спремам предмети за на факс, па се затворам во соба, со 3 грејачи ми е, ама еден ми е рикнат, двата заедно мокност 1.7 Kw имаат и реално слабички се.
Затоа испод 2.5 kw не ги гледај.
Исто така некогаш нозете ако ти се ладни, за загревање на истите, милина :D
Фала ти на одговорот Filo. Ги разгледав веб страните на сетек, нептун и техномаркет и слабо има понуди. Оваа е bestbuy што ја ставив 1.8kw. Јес да е мала и слаба, ама има и парно кое колку толку ја топли собата но не доволно. Комшиите до нас имаат калорифер ли како се викаа што дуват топол воздух па цел ден им е уклучено и искрено многу им е топла собата, по куси панталони се шетаат по соба.  ;D

Ќе прошетам и до Хубо да видам што имаат асортиман, ако не најдам таму оваа ќе ја земам.  :)