Во тој случај ти треба сервисер, ама не спомнувај „дополнување фреон“ и бегај од тој што од прва ќе ти го спомне тоа.
добро.. да прашам... каков е овој став? во 4 постови твои погоре го пиша истово, а отворено и одговорно тврдам дека ти е премногу грешен ставот, до таа мера што не си нај веројатно доволно информиран, а не си затоа што имаш искуство само со теоретска обука (интенрет, можда и некоја книга), а практичниот дел ти мањка.. и не.. поседувањето на 1-2 или 5 клими не те прави испраксиран.. еве зашто:
како прво, кога ке правиш компарација помеѓу дополнување и секако цената на истото, и целата таа процедура што ја спомна од испитување, па поправка кај диши, преку мерење на останат фреон и на крај враќање на тој фреон со (повторно) дополнување со нов т.е. уште во самиот мерач на количина дополнува фреон, зашто не ја искомпарираш и цената на тој зафат?
прашање: дали очекуваш дека ке дојде мајстор, и прво ке извакумира климата, па ќе ја наполни со азот и флуросцентна боја за да дознае каде е тоа што испушта (шансите се 50-50 дека ке се дознае), поправи (ако дознае) и повторно наполни и дполони со измерен на вага фреон, и сето тоа за 1000-че?
како второ, јас порано работев со клими, и миљон пати сум дополнувал со фреон, не ретко и полнел скроз од ново, затоа што од иск причини пукнала цевка некоја видлива, но при дополнување секогаш ги проверувам холендерите на самата клима колку се затегнати, затоа што досегашната пракса ми покажала дека половина од климите што издишале на фреон, е точно од тие холендери, затоа што после првото дополнување половина од тие што ме барале, воопшто никад више не им издишала климата... е сега муабетот е дека меѓу такви некои има и клими што јас сум ги местел, и 100% сум сигурен дека биле прописно наместени и затегнати на тие холендри. значи, после одреден временски интервал на користење, тие цевки, поготово на споевите сите, се подложни на различна дилетација од прицврстениот материјал и се појавува назабување т.е. се олабавува самиот спој... се ова ти го објаснувам затоа што терминот со кој ги нарече ама баш сите мајстори на клими лажговци, е уствари нај редовно употребуван термин а богами и процедура кај СИТЕ мајстори...
од друга страна, да те информирам дека оној момент кога ке се појави масло од компресорот во системот кај што има фреон, фреонот почнува да ја менува својата хемиска структура, процес кој не е баш брз, но на крајот климата не работи или многу тешко ја постигнува бараната “задача“ како во случајов дека му почнала многу време во дефрост да иде... иако на инструменти покажува дека има фреон, но нај често покажува дека фали и.. решението е промена на фреон, или пак ДОПОНУВАЊЕ кое ке го освежи фреонот во системот и климата ке продолжи да работи, можда 2 години, можда 5 а можда и поише... тоа е прв пример зашто би се користело дополнување...
еве и втор: секој компресор не работи исто, иако примаат по вага фабрички исто количество на фреон. на некој компресор (најчесто во позамашни години) му треба повеќе притисок за да може да го поврати подизгубениот капацитет (чисто механичка работа која е нормална, како и кај се што е направено о джелезо, т.е. се абе) а на некои помалку затоа што од силната компресија во себе што ја имаат, и премногу кратките црева помеѓу единиците, неисокристената енергија од фреонот се враќа во компресорот па го оштетува така што или му го смрзнува уљето (на ладење) или му го прегрева истото (на греење)...
дали се доволни овие две причини во кои исклучиво се ДОПОЛНУВА СО ФРЕОН по инструменти (манометри) а не со помош на вага? вагата тука во овие два случаи, нема ама баш никаква допирна нити употребна точка, а нити испитувањето ќе вроди со плод, плус џабе потрошена количина на азот и флуросцентна боја... и тука во оваа точка членот што побара помош се наожа, бидејки
десет години за клима уред се веќе позамашна бројка, поготово кога ке се земе во предвид дека повеќето купуваат клими и мислат дека нема никакво одржавање на иститебетонски стуб во двор да туриш одвреме навреме боја ке му фрлиш врз него за да го личи, а не клима уред...
т.е. дај малку бе брат, симни ги критериумите околу климите.. незнам дали си ваков и према микровалната, фрижидерот и шпоретот, но еве, како бивши мајстор на клима уреди, ти кажувам дека премногу очекуваш од мајсторите за еден клима уред. тоа се премногу високи критериуми за еден таков уред...
ништо намерно и лично, само да се изјаснам, како што љубат тука да кажат, “ со факти“