Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1199445 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1695 на: 25 Септември 2016, 22:29:08 pm »
Јас мислам дека и 4к се спомнуваа, кога почна сезоната на греење. Нека кажат тие што знаат подобро.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2241
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1696 на: 25 Септември 2016, 23:41:25 pm »
Од 2500 до 2800 е огревното дрво за м3.Пред месец-два зедов 16м3 огревно дрво.А може и да се најде по 2000 д за м3,на црно се разбира.Инаку цената последнава година две е рипната поради големиот ''извоз'' на дрво во соседна ни Грчка.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8005
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #1697 на: 26 Септември 2016, 00:08:02 am »
3600 ден е кубик со превоз и исечени на помали трупчиња. Вчера зема комшијата до мене.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1698 на: 26 Септември 2016, 01:37:17 am »
Околу 2400 ако се уплати негде на пролет. 3000+ за кубик е овој период, август-септември-октомври.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1699 на: 26 Септември 2016, 05:56:41 am »
2541 бука,2667 даб,ова е цената во Македонски шуми во подружниците,некаде со се превоз,некаде плус превоз на таа цена(околу 120дена)...
Приватно цените се повисоки,околу 3000-3200 за даб и околу 2800-2900 за бука...
Извозот во Грција(и уствари сега незнам ни дали се извезуваат,пред 3 години се носеа од Битолско за Грција сегха јок) нема никаква врска со цената на дрвата,алчноста и неспособноста на овие непрокопсаните од М.Шуми е главниот проблем.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1700 на: 26 Септември 2016, 08:26:08 am »
Ок, знам дека без информации за изолацијата и топлотните загуби правиме спредување на баби и жаби... Ама ете чисто за муабет, колку кубици во просек се трошат во сезона, за греење на некој 70м2 простор за живеење?

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2241
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1701 на: 26 Септември 2016, 13:08:57 pm »
Јас даб зедов од приватни,не од Македонски шуми по 2750 донесени и растоварени до дома,мое беше само да ги исечам наредам.Дрвата на македонски шуми се многу потенки,максимална дебелина е  некои си 25цм во дијаметар.Инаку има голем ''извоз'' во Грчка,од сигурни извори,строго навечер се изнесуваат огромни количини на дрва.

Инаку неможеш да направиш точна пресметка колку кубици дрва ќе истрошиш,зимово што помина колега кој загрева околу 70-80м2 потрошил околу 7м3 дрво,најмногу што има потрошено е 14м3.Палење на котелот во 6-7ч наутро и последно ложење околу 21:00ч-22:00ч.Е сега зборуваме за Кавадарци,во Гевгелија или Струмица зимите се уште поблаги.

Баш ќе видам ова зимо колку јас ќе потрошам за загревање на околу 80м2.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1702 на: 26 Септември 2016, 13:55:28 pm »
Мислев за потрошувачка на некој од Скопје, да ги споредиме потрошувачките по сезона. За иста зима, за иста клима, во исто место (само објектите се различни, изолации, топлотни загуби, итн)...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1703 на: 26 Септември 2016, 14:29:50 pm »
Јас даб зедов од приватни,не од Македонски шуми по 2750 донесени и растоварени до дома,мое беше само да ги исечам наредам.Дрвата на македонски шуми се многу потенки,максимална дебелина е  некои си 25цм во дијаметар.Инаку има голем ''извоз'' во Грчка,од сигурни извори,строго навечер се изнесуваат огромни количини на дрва.

Инаку неможеш да направиш точна пресметка колку кубици дрва ќе истрошиш,зимово што помина колега кој загрева околу 70-80м2 потрошил околу 7м3 дрво,најмногу што има потрошено е 14м3.Палење на котелот во 6-7ч наутро и последно ложење околу 21:00ч-22:00ч.Е сега зборуваме за Кавадарци,во Гевгелија или Струмица зимите се уште поблаги.

Баш ќе видам ова зимо колку јас ќе потрошам за загревање на околу 80м2.
Zakonski od 16cm nagore ne smee da se nosi za ogrevno drvo,toa spagja vo oblica i ponatamu vo tehnika.
I tebe slabo drvo tie 25cm precnik?Pilana imas?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2851
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1704 на: 26 Септември 2016, 14:44:47 pm »
Во Гевгелија максимум 12 метри дрва во една зима.Зборам ако е ладно.Иначе по 9 ако е онака средно ладно.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1705 на: 26 Септември 2016, 15:02:40 pm »
Мислев за потрошувачка на некој од Скопје, да ги споредиме потрошувачките по сезона. За иста зима, за иста клима, во исто место (само објектите се различни, изолации, топлотни загуби, итн)...

Околу 5-6 кубика, грејна површина 45 квадрати, со внатрешна изолација, стари прозори. Време на палење на огнот 15 часот, до вечерта до 23 часот се става. Ако се почне рано наутро, валда докај 10 кубика ке иде преку цела зима.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4396
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1706 на: 26 Септември 2016, 15:04:08 pm »
Мислам дека е многу неточно да споредувате потрошња на дрва,секој има различен објект,различна инсталација и на крај различна температура дома постигнува.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1707 на: 26 Септември 2016, 15:18:19 pm »
6 кубици се догревање со струја. 12 кубици без догревање.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг:
« Одговори #1708 на: 26 Септември 2016, 19:09:50 pm »
3600 ден е кубик со превоз и исечени на помали трупчиња. Вчера зема комшијата до мене.

Оваа цена и јас ја слушам како моментално актуелна. Цена за сега како е, не за летово и не од пролетва. Како ќе иде поладно, и понудата на дрва ќе биде помала, така и цената ќе рипа повисоко. Колку беше максимумот прошлава сезона, над 4000 за кубик?

Плус на ова иде цепење и редење, некој плаќа некој сам си го прави ова но секако е ставка. Па палење секој ден, ложење, фрлање пепел, чистење оџаци барем еднаш годишно, итн... Сето тоа се или пари или сопствена работа.



Околу 5-6 кубика, грејна површина 45 квадрати, со внатрешна изолација, стари прозори. Време на палење на огнот 15 часот, до вечерта до 23 часот се става. Ако се почне рано наутро, валда докај 10 кубика ке иде преку цела зима.

Значи ако земеме дека за плус 30тина квадрати (за да споредувам со мене, значи ~70-75м2) би потрошил некаде ~9кубици?

Просек цена окулу 3илјади кубик, купени не сега туку од порано? 9кубици пута 3 илјади, некои 18 илјади или окулу 300 евра, така...?
Ова би била минималната цена, со горење на огнот 15 часот, до вечерта до 23 часот?

За споредба јас лани за Јануари потрошив под 30тина евра потрошувачка за двете клими. 20тина евра за Февруари.
Се разбира, имав почетна инвестиција за двете инвертор клими. Но немам замарање со дрвата, палење, чистење, ложење, цепење, редење, носење, итн итн... За споредба климите на есен се пуштаат, на пролет се гасат. Од работа со климите филтрите се чистат (5мин работа) еднаш месечно, и на есен пожелно е едно детално чистење (ова скоро никој не го прави). Но дома постојано е некои 24 степени температура загреано, а не само попладне. И згора на тоа излегува и поевтино (ако климите фатално не се расипат пред 6-7 години употреба).

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1709 на: 26 Септември 2016, 21:11:07 pm »
Значи ако земеме дека за плус 30тина квадрати (за да споредувам со мене, значи ~70-75м2) би потрошил некаде ~9кубици?

Просек цена окулу 3илјади кубик, купени не сега туку од порано? 9кубици пута 3 илјади, некои 18 илјади или окулу 300 евра, така...?
Ова би била минималната цена, со горење на огнот 15 часот, до вечерта до 23 часот?

Али сепак сеуште ми се старите прозори кои не дихтуваат добро и имаме доста губитоци тука на топлинска енергија, јбг, 1000 евра инвестиција е за сите. Да се и тие сменети, ќе биде подобро. Али горе доле тука е.
Ако уплатиш во македонски шуми, 2400-2500 денари, тука некаде е кубик дрва.