За големи објеки најисплатливо е соларно и котел на нафта.Подобро од тоа здравје.....јас имам 186 киловати котел на нафта со 98% искористеност на ресурсите.
Којзнае што е најисплатливо...на долг рок сепак мислам дека топлинските пумпи се најисплатливи(со соодветна опрема и автоматика). Степен на искористувањена ел. енергија имаат над 5.
А ова со соларов баш ме интересира колку е функционално, и колкава површина панели е потребна за соодветен простор да се стопли на парно од солар, а притоа да нема отворени прозори и сонце да пече во просторијата...
Поголемиве објекти повеќето се на топлински пумпи/чилери и котли на гас. Еве за пример ние кај што сме изведувале(местеле) греење/ладење и вентилација:
Хотел Русија (заедо со салата на МЗТ) се топлат/ладат на топлински пумпи Даикин, околу 2 MW сите заедно
Aкадемија Вардар исто така (250kw)
Алкалоид Лафома и Кола се топлат на чилер Кериер, а и сега на Офицерски Дом греењето/ладењето ќе биде со топлински пумпи/чилери(еден од 1mw, едруг од 600kw, и уште два најверојатно од 420kw)
Во Van Hool има котли на гас, најновиот е 2mw.

Алкалоид Автокоманда се топли на плин на едно котле на плин со димензија помала од 1 квадрат, а топлинска моќ 650kw.
Инаку многу непрофесионално ти ја изработиле изолацијава...кој ти го местеше системов?
