Просек цена окулу 3илјади кубик, купени не сега туку од порано? 9кубици пута 3 илјади, некои 18 илјади или окулу 300 евра, така...?
Ова би била минималната цена, со горење на огнот 15 часот, до вечерта до 23 часот?
^^
27илјади, или скоро 450евра! Момент на ретардација...
(во моја одбрана, се брзав да излезам)

Али сепак сеуште ми се старите прозори кои не дихтуваат добро и имаме доста губитоци тука на топлинска енергија, јбг, 1000 евра инвестиција е за сите. Да се и тие сменети, ќе биде подобро. Али горе доле тука е.
Ако уплатиш во македонски шуми, 2400-2500 денари, тука некаде е кубик дрва.
Столарија, или поточно прозори... Ќе заштедиш преку намалување на топлински загуби, но ќе мора почесто да проветруваш (топлински загуби).

За цената, за 2400-2500 денари ниеден комшија нема купено. Тоа е со превоз? Ако не е, колку за превозот? Какви се дрвата?
Се распрашував и сите што ги знам од приватњаци купуваат, и цената секако е над 3 илјади кубик. И тоа во претсезона купено, а многумина купуваат во сезона.
Нејсе. Јас само сакав да покажам дека многу честа заблуда е дека дрвата се најевтин енергенс. Најевтино е на струја со добра инвертор клима, но разбирам дека инвестицијата во добра клима не може секој да си ја дозволи - иако на долги патеки инвестицијата ќе се исплати самата себе (со малку добра среќа климата да потрае барем 6-7 години).
Плус никој на го рачуна времето што се троши и работата што си ја бара греењето на дрва. Тоа исто така се пари, на некој начин.