3600 ден е кубик со превоз и исечени на помали трупчиња. Вчера зема комшијата до мене.
Оваа цена и јас ја слушам како моментално актуелна. Цена за сега како е, не за летово и не од пролетва. Како ќе иде поладно, и понудата на дрва ќе биде помала, така и цената ќе рипа повисоко. Колку беше максимумот прошлава сезона, над 4000 за кубик?
Плус на ова иде цепење и редење, некој плаќа некој сам си го прави ова но секако е ставка. Па палење секој ден, ложење, фрлање пепел, чистење оџаци барем еднаш годишно, итн... Сето тоа се или пари или сопствена работа.
Околу 5-6 кубика, грејна површина 45 квадрати, со внатрешна изолација, стари прозори. Време на палење на огнот 15 часот, до вечерта до 23 часот се става. Ако се почне рано наутро, валда докај 10 кубика ке иде преку цела зима.
Значи ако земеме дека за плус 30тина квадрати (за да споредувам со мене, значи ~70-75м2) би потрошил некаде ~9кубици?
Просек цена окулу 3илјади кубик, купени не сега туку од порано? 9кубици пута 3 илјади, некои 18 илјади или окулу 300 евра, така...?
Ова би била минималната цена, со горење на огнот 15 часот, до вечерта до 23 часот?
За споредба јас лани за Јануари потрошив под 30тина евра потрошувачка за двете клими. 20тина евра за Февруари.
Се разбира, имав почетна инвестиција за двете инвертор клими. Но немам замарање со дрвата, палење, чистење, ложење, цепење, редење, носење, итн итн... За споредба климите на есен се пуштаат, на пролет се гасат. Од работа со климите филтрите се чистат (5мин работа) еднаш месечно, и на есен пожелно е едно детално чистење (ова скоро никој не го прави). Но дома постојано е некои 24 степени температура загреано, а не само попладне. И згора на тоа излегува и поевтино (ако климите фатално не се расипат пред 6-7 години употреба).