ПРЕДЛОГ ДО АДМИНИСТРАЦИЈА!!
...предлагам да отвори посебна тема само за клима уреди...
од досегашната пракса и искуство, на сите овие теми почетокот беше за греење, за писле да се задрби само за клими и јишто повеќе... дури и некој нешто да праша или каже за друг тип на греење се губи во океанот од пистови само за клими... ќе замре суштината на темата т.е. насловот...
Подршка и од мене за одделна тема, за греење (и ладење) со климатизери. И комплементарно да има една општа тема „греење“.
Факт е дека климатизерите тек ќе стануваат се попопуларен избор за загревање, посебно затоа што луѓево сеуште не разбираат сосема за колкава заштеда се работи. Мислам дека ваквите општи теми другите постови ќе бидат затрпувани со постови за клими (добар пример се темите од други форуми кои ги наброја).
Повеќемината познавачи се согласуваат дека споредлива е потрошувачката кога се оддржува една температура, со ситуација каде се запира климата и потоа намалената топлина се надокнадува наеднаш.
Со ова баш не се согласувам.
Ако климата работи без потреба (читај: присуство на луѓе во просторијата) 12+ часа, тогаш воопшто не се согласувам.
^^
Многу зависи од случај до случај. Ако се работи за стан во зграда каде наокулу сите други станови се греат малтене 24/7, тогаш сосема е можно да си во право за исплатливоста. Но за куќа (или поладен стан), мислам дека нема да има голема (финансиска) разлика од постојано догревање и вклучување само по потреба. Тезата ми е дека еднаш кога ќе се излади објектот, треба и доста енергија за да се загрее, а климите поефикасно работат на одржување топлина отколку на брзо загревање од ладно кон топло.
Како и да е... Интересното е дека и во двата опишани случаи, грејач на компресорот е добра работа. Пошто верувам дека прилично добро знаеш што може да се деси со компресорот на „ладен старт“, кога надвор се минусни температури.

Сеуште се разидуваме околу греачот, неговата намена и улога 
