Дечки, почна одамна грејна сезона но сега почнаа интензивно да ложат овие од БЕГ. Е сега, откако почна да се ложи, имам проблем со два радијатори во станов.
Вкупно се 5 радијатори, од кои 3 малечки и два големи. Големиве радијатори не се загреваат цели, туку само до половина, дури и после неколку легенчиња испуштена вода.
Дали некој се сретнал со ваков проблем? Како сте го решиле?