Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1200321 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1170 на: 17 Ноември 2015, 22:27:20 pm »

Мене ми треба воглавно само нешто што повремено ќе ги суши пешкирите, и евентуално за приклучување на централно греење (кога ќе дојде на ред). Зимава греење на клими, а за во бањата калорифер ќе користам.
Фала на импут, во секој случај.

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1171 на: 17 Ноември 2015, 22:34:09 pm »

Мене ми треба воглавно само нешто што повремено ќе ги суши пешкирите, и евентуално за приклучување на централно греење (кога ќе дојде на ред). Зимава греење на клими, а за во бањата калорифер ќе користам.
Фала на импут, во секој случај.

барут ги прави за 2мин.

ова е после 2 саата уклучен, најверојатно температурава е мала и навистина се користат само за сушење пешкири бидејќи слабо загрева 4 квадрати.

« Последно менување: 17 Ноември 2015, 22:40:10 pm Pistorij »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1172 на: 17 Ноември 2015, 23:07:45 pm »

Претпоставувам ставаше вентилација во бањата? (да не барам сега позади)
Тешко се загреваат бањите заради вентилацијата, затоа рачунам на калорифер. Бргу загрева, и пуштање по потреба (кога има човек внатре).

Или па некој капак на венилацијата, да се подзатвара кога нема потреба од вентилација (не знам колку е паметно ова).

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Греење, ладење, климатизација и се оста&
« Одговори #1173 на: 18 Ноември 2015, 09:53:27 am »
Калорифер обично не се препорачува во бања заради моментот на влажен воздух кога се тушираш. Ако не сакаш регистар, земи од оние инфрацрвени греалки.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1174 на: 18 Ноември 2015, 10:29:29 am »
Има на Rowenta отпорни на влага со заштитени греачи.

2400 вати и некои 2500-3500 денара. Јас го имам и по потреба го штракаш и за 120-220 секунди имаш топла бања. Ватите не пречат пошто не се користи нел 16 часа во текот на денот. За бањ бањ и за други работи  ;D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1175 на: 18 Ноември 2015, 11:20:46 am »
Иако и јас бев голем поборник против регистерот, сфатив дека најголема придобивка од него е тоа што можеш да си сушиш алишта на него :) и што немаш горење од топлиот воздух/грејач на другиве греалки.

Така да, кој како милува :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1176 на: 18 Ноември 2015, 11:33:28 am »

Двете заедно се подобри од едното.   ;)



Има на Rowenta отпорни на влага со заштитени греачи.
2400 вати и некои 2500-3500 денара. Јас го имам...

Од каде го зема?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1177 на: 18 Ноември 2015, 14:36:53 pm »
60 степени е одлична температура за греење на купатило... може да не е доволно голем регистарот, а нај веројатно проблемот е во тоа што околу купатилото другите соби не се греат. сопствено греење е сепак малку по комплицирана работа. има еден куп пресметки.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
« Последно менување: 26 Ноември 2015, 16:34:40 pm pirat_07 »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1179 на: 30 Ноември 2015, 19:17:45 pm »
Дечки, почна одамна грејна сезона но сега почнаа интензивно да ложат овие од БЕГ. Е сега, откако почна да се ложи, имам проблем со два радијатори во станов.
Вкупно се 5 радијатори, од кои 3 малечки и два големи. Големиве радијатори не се загреваат цели, туку само до половина, дури и после неколку легенчиња испуштена вода.

Дали некој се сретнал со ваков проблем? Како сте го решиле?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1180 на: 30 Ноември 2015, 19:41:13 pm »
Сигурно се врзани од една страна, наместо унакрсно. Или има воздух, едно од тие две е. За жал за првото нема некое едноставно чаре.

Изгледа кај тебе е врзано како под А, наместо како под В. Според твоево искажано.


Демек некои радијатори се мали, и немора унакрсно... Ама тие муабети прават резултати како овие што ги кажа. Тоа е. Неможеш да се разбереш.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1181 на: 30 Ноември 2015, 19:49:20 pm »
За жал во право си, токму како под А се врзани. Значи да си го обавестам газдата дека има проблем за решавање, затоа што да беше цел радијатор загреан како што е само до пола, по кратки ќе се шетав низ стан (а тоа ми е целта).

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1182 на: 30 Ноември 2015, 19:55:08 pm »
Дени 90% од топлификација се врзани под А па муабетот не ти држи вода и врска нема дека тоа е дефектот. Имаш две опции да направиш, вентилот доле што се пушта и сопира на сам излез од радијатор разврти го т.е сопри го и пак пушти го и второ земи исчукај го радијаторот за да протече ѓубрето. Имаш соберено губре и слаба циркулација има радијаторот.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1183 на: 30 Ноември 2015, 19:58:42 pm »
Над 60% од радијаторите така се исповрзани. Не очекувај дека некој ќе превземе нешто околу тоа. Ќе те направат будала уште одозгора. Терај си магарето, нема разбирачка. Сум пробал да се расправам, ама џабе. Убаво испуштај си воздух од горното и тоа е тоа. Нема чаре.

П.С. Еве и 90% биле. Сосем можно. Ете пробај исчисти го... А дека не ми држи вода јас си знам, на моиве коски.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1184 на: 30 Ноември 2015, 20:06:19 pm »
Имаш две опции да направиш, вентилот доле што се пушта и сопира на сам излез од радијатор разврти го т.е сопри го и пак пушти го и второ земи исчукај го радијаторот за да протече ѓубрето. Имаш соберено губре и слаба циркулација има радијаторот.

Исчукан е радијаторот, но ништо чудно да е собрано ѓубре. Водата што течеше од тоа за испуштање воздух беше кафена на почетокот, после се избистри.

Дали може да кажеш што постигнувам со одвртување на долниот вентил? Веројатно многу вода ќе истече. Да знам дали да се нафаќам сам да си го средам.