но Gabau го поставува следниот услов:
X количина на вода + панелни радијатори = Y предадена енергија
X количина на вода + алуминиумски радијатори = Z предадена енергија
Кое е поголемо Y или Z? Ако вака ги поставиш работите единствена променлива ти се панелни или алуминиумски радијатори.
Се ова што го правите како муабет е супер.
Прашањето е одлично а одговорот е наједноставен на свет. Само треба да се земат технички спецификации на реброто, односно панелниот радијатор и да се одчитаат.
Па ајде да се направи една мала компарација која е најбитната работа во целиов муабет на 10 страни без ниеден податок.
Првите радијатори кои ми излегоа беа Југотерм, и еве ке направам споредба со нив.
Ке зборуваме за панелен радијатор ТИП22, како некој стандарден, а ги има уште еден куп други - стандардни.
Висина 600мм должина 1000мм. Работен притисок од 6 бари, тестирани на 9.
Топлотната моќност е дефинирана со режим на работа 90/70/20 и 75/65/20 степени целзиусови.
Притоа за првиот режим на работа, 90/70/20 телото оддава топлинска моќност од 2214 w, а за 75/65/20 телото оддава топлинска моќност од 1757 w.
Ако земеме за споредба ребро од алуминиум, производител Липовица, модел Орион 500/95 висина 580мм, дебелина од 95мм и ширина на ребро од 80мм, приближно со димензии на панелен радијатор, за истите декларирани режими на работа ги имаме следниве бројки:
За 90/70/20 односно делта t=60 степени моќниста на ребро е 163 W, а за режим на работа 75/65/20 на делта t=50 степени е 128 W.
Во овој каталог е декларирана и моќност за режим на работа 55/45/20 односно делта t=30 степени и притоа ослободената моќност е 65 W.
Можете да забележите огромна разлика во ослободената моќност при различен решим на работа.
За должина од 1 метар одприлика ке ни требаат 13 ребра.
Математиката вели дека 13х163=2119 W за режим 90/70/20.
13х128=1664 W за режим 75/65/20.
13х65=845 W за режим 55/45/20.
За поточно пресметување ке си пресметате точна плоштина на ребрата или на панелките, па ке рачунате.
Ова е само една груба математика и споредба.
Ако ги погледнете вредностите, практично ке дојдете до заклучок дека панелен радијатор од 1 метар и висина од 60 цм е помоќен од 13 ребра алуминиумски радијатор со висина 58 цм и должина од еден метар и 4 цм.
Да не ја споредувам цената на чинење на едниот и цената на чинење на другиот, пошто реално не ги ни знам сегашниве цени.
Липовица не верувам дека може да се набави по цена под 15 евра од ребро, додека пак солиден панелен радијатор од 1 метар се набавува по цена од 60-70 евра, пример Фероли, Италија.
И сега?
Податоците велат едно, математиката друго, искуствата трето.

Податоците се превземени од:
http://www.jugoterm.rs/proizvodi/panelni-radijatori/tip-22.htmlftp://ftp.energynet.rs/LIPOVICA/Lipovica%20tehnicki%20katalog.pdf