Кажи колку топлотни загуби имаш, за да се димензионираат потребите. Со колкав буџет располагаш, каква изолација имаш, колку е висок плафонот, итн...
Вака одокативно, едно 5 киловати ти требаат (топлинска енергија).
Штедлива опција за греење на електрична енергија е на пример топлинска пумпа воздух-воздух (инвертор клима). Ама тоа е конвекциско греење (со дување топол воздух). Ако сакаш радијациско греење, тогаш мора или некоја греалка (кварцна? пошто не сакаш панелна), или ако имаш инсталација на парно тогаш или класично електрично парно или системот на Кано (ете на форумов има задоволни муштерии).
Ако имаш пари за фрлање има и „егозтични“ опции како геотермални топлински пумпи, или воздух-вода топлински пумпи, итн...