Повторно јас со прашање за котлите на Пелети. Денеска бев на Технома со намера да разгледам котли на пелети. Немаше многу избор, но од понуденото во очи ми паднаа 3 модели, еден од нив веројатно ќе биде земен. Ако некој има исксутво или има слушнато нешто за селдниве модели нека каже.
1. Alfa Plam Commo Compact 22.6KW, 99.800 Без додатни трошоци
Овој котел ми се бендиса највеќе од повеќе причини. Како прво во него е вметнато се т.е. пумпа, експанзионен сад, сигурносни вентили... така да нема да има потреба да докупувам некој работи што кај другите котли би ме коштале 200-250 евра. Исто така ми се допаѓа што е производство на Алфа Плам па сигурен сум дека нема да иам проблеми со сервис во блиска и далечна иднина. Исто така и изработката му е одлична и беше еден од подобрите што ги видов. Заради компактниот простор во кои што трбеа да стои ми се допаѓа и тоа што е со мали димензии. Негативности ми се што не е 25kw, што резерваров за вода му е само 35.5л, за ова незнам дали е малце ама гледам другиве имаат нешто повеќе. Исто така не ми се допаѓа што резервоарот му собира само 45кг пелети па ќе треба да се полни почесто.

2. Alfa Plam Grande 28KW - 128.300 + Потребни Додатоци
Предностите се скоро сите и од предходниот. Малце димензиите ми се проблем но верувам ќе го собере. Незнам дали се исплаќа да се даваат +500 еу кога и другиов котел ќе задоволи греење за 120-30 квадрати колку што активно користиме секодјневно.

3. ThermoKoz Slimpel 25KW, 117.000 + Додатоци.
Наизглед исто и овие ми изгледаа доста квалитетно. Резервоарот му собира 43л вода. Малце ми е непозната фирмава и тоа ме плаши. Увозници се Термо Солар од Тетово. Исто проблем со димензиите и ќе биде ептен кнап во просторот а и незнам дали покрај него ќе собере пумпи и слични додатоци.

4.ThermoFLUX Pelling 25KW - 127.000 ден. + Додатоци
Исто еден од наизглед котлите со подобра завршна изработка. Се ми изгледаше добро и стегнато на него. Ми се пофалија дека е со тројна промаа иако незнам што значи тоа. Резервоарот за пелети му е задоволително добар што е плус за него. Покрај ценава незнам дали е подобар избор од 28цата на Алфа Плам но и овоје во изборот.

Совет и помош се добредојдени ?
