Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1197195 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #1035 на: 17 Септември 2015, 20:25:51 pm »
Даисекаи троши многу малку, две лета се ладам едно зимо се имам греено и сметките се смешни

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1036 на: 17 Септември 2015, 23:19:27 pm »
Стариот има Авант серија од 3.5 или 13 бту исто така троши малку макс 1 кв.

Инаку другото грејно тело е повеќе за амбиент и резерва кога ќе снема струја а сите знаеме дека се сличува тоа.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1037 на: 21 Септември 2015, 11:24:43 am »
Знам, двоен одговор :) being a bad boy today :) #thuglife

Дали некој може да препорача грејно тело на цврско гориво (дрва, брикети) за простор од околу 50 кв, по можност со мали димензии макс 50х50 цм, кои брендови и модели, Пламен, Складова техника ...

Ќе се користи како припомош на климата во екстра ладни зимски денови, денови без струја :), за амбиент :)

Фала

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1038 на: 23 Септември 2015, 17:15:52 pm »
Alfa plam rustik.

Малку над 50цм е долго ама амбиентално и јако е.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1039 на: 25 Септември 2015, 18:40:28 pm »
Van, ако не ти е тешко, пушти некој линк од "Gree" што сакаше да ги препорачаш да поразгледаме уште нешто од најубавото греење за мрзливи то ест практични луѓе :)

Не се јавив досега пошто дома ми се затурени некаде документите/линковите, да не биде без ич еве за Хансол моделот скенови од еуровент репорт:
http://lampopumput.info/foorumi/index.php?topic=16565.0
(или иди преку гугл транслејт ако не збориш Фински  :P )

И уште нешто:
http://www.scanoffice.fi/fi/tietoa-laempoepumpuista/vtt-n-testiraportit/


Хансол им е повисоката класа на Гри, јас го имам Чејнџ моделот но од годинава имаат нова програма во пониската класа (за која не сум читал ништо). Јас тек од оваа сезона ќе почнам да ја користам климата за греење, брат ми го има истиот модел веќе две сезони и е прилично задоволен од сметките, и од загревањето. Со тоа што тој живее во стан, во стамбена зграда, а јас сум во куќа - па ќе можам да правам споредби после зимава.

Карактеристично за Гри е што и кај пониските модели има грејач на надворешната единица. Да нема забуни, ова е за помагање во услови кога треба дефрост (и кога замрзнува вода во тацната) и тоа прави значајна разлика во употребливоста на климата за греење. Како за споредба, на Тошибата немам таков грејач.
На голема влажност надвор, дефростите се неминовост кај сите клими - разликата е во траењето и зачестеноста (можеби ќе треба да ставам грејач накнадно).

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1040 на: 25 Септември 2015, 23:26:14 pm »
Van, ако не ти е тешко, пушти некој линк од "Gree" што сакаше да ги препорачаш да поразгледаме уште нешто од најубавото греење за мрзливи то ест практични луѓе :)
...
Карактеристично за Гри е што и кај пониските модели има грејач на надворешната единица. Да нема забуни, ова е за помагање во услови кога треба дефрост (и кога замрзнува вода во тацната) и тоа прави значајна разлика во употребливоста на климата за греење. Како за споредба, на Тошибата немам таков грејач.
На голема влажност надвор, дефростите се неминовост кај сите клими - разликата е во траењето и зачестеноста (можеби ќе треба да ставам грејач накнадно).

Од искуство слободно можам да потрвдам дека замрзнувањето на вода во тацната не е пресудна во функционирањето на климата и не гледам некоја голема предност во тоа. Имено, кај мене пред некоја година на Хитачи инвертор заради лист во одводниот канал се затнал комплетно одводот и којзнае колку време при дефрост водата се таложела и мрзнела. Кога јас ја приметив (патем, сосем случајно) од неа веќе висеа мразулци од сите страни. Испрарувачот беше комплетно потопен во некои 5цм мраз во тацната, но остатокот си беше чист. Дефростот си фукционираше нормално, а климата грееше без никаква осетна разлика. Со неколку шишиња топла вода го стопив мразот и тогаш го открив листот на одводот. Превентивно го отстранив и пластичниот дел со приклучок за црево и еве години потоа и при најголема влашнот на воздухот не се случило дефростот да затаи и да се наталоши мраз на испарувачот или во тацната.

Со ова сакам да потенцирам дека побитно е дефростот да е адекватно димензиониран и да го контролира паметна логика. Таков додатен греач ако е електричен е ефтино решение, троши струја за топлина 1:1 и само го решава проблемот на несоодветен дефрост процес.

Скапите хиперинвертори од врвни јапонски брендови, кои греат и на -20°С немаат додатен греач освен во Арктик изведба за многу ладни предели, но кај нас такви и нема на понуда. Затоа немаш на Тошибата и вероватно не ни и треба.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1041 на: 26 Септември 2015, 00:43:41 am »
Баче се е тоа во ред со таа филозофија на размислување. И ефикасност, и економија на работа, и се друго.

Ама јас и од друга страна гледам. Знаеш во нашава метереолошка клима секоја година има можни некои 20тина екстремно ладни денови. Епа тогаш во тие услови размислувањето е, заеби економија заеби ефикасност... ќе платам поише пари и ќе го вклучам грејачот надвор за што помалку да влага во дефрост клима уредот (кој ионака на толку ниски температури работи со низок COP фактор).

Друга работа, тоа со замрзнувањето на тацната - ете да не ти се деси, скраја да е... Ама има луѓе со уништени клими од такви ситуации. Тоа што тебе не ти се случило не значи дека е безбедно.
Јес да инвертер не е он-оф клима и не застанува целосно, берем не често. Ама кога некогаш повремено ќе се деси да застане сосема вентилаторот на надворешната единица (сеедно дали некој намерно ќе го исклучи уредот, или од друга причина) - и кога потоа ќе се направи лед и во просторот каде минуваат перките... Епа потоа кога ќе потера климата, епа тогаш свашта да може да се деси. И се има дешавано, потврдени случаи.
Не за џабе многу луѓе ја вадат целосно таа тацна, што е селско ама и ефикасно решение. Водата тече надолу без контрола, ама барем не може да има оштетување (иако капењето е заебано и во куќа, а уште повеќе во згради каде на комшиите долу им капе).
« Последно менување: 26 Септември 2015, 00:54:01 am Van »

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2653
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1042 на: 26 Септември 2015, 01:34:18 am »
Moze da prasam nesto, da ne teram po temata, kako se vika, i kolko pari e naftata za parno doma...? :)

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1043 на: 26 Септември 2015, 10:30:32 am »
Баче се е тоа во ред со таа филозофија на размислување. И ефикасност, и економија на работа, и се друго.

Ама јас и од друга страна гледам. Знаеш во нашава метереолошка клима секоја година има можни некои 20тина екстремно ладни денови. Епа тогаш во тие услови размислувањето е, заеби економија заеби ефикасност... ќе платам поише пари и ќе го вклучам грејачот надвор за што помалку да влага во дефрост клима уредот (кој ионака на толку ниски температури работи со низок COP фактор).

Друга работа, тоа со замрзнувањето на тацната - ете да не ти се деси, скраја да е... Ама има луѓе со уништени клими од такви ситуации. Тоа што тебе не ти се случило не значи дека е безбедно.
Јес да инвертер не е он-оф клима и не застанува целосно, берем не често. Ама кога некогаш повремено ќе се деси да застане сосема вентилаторот на надворешната единица (сеедно дали некој намерно ќе го исклучи уредот, или од друга причина) - и кога потоа ќе се направи лед и во просторот каде минуваат перките... Епа потоа кога ќе потера климата, епа тогаш свашта да може да се деси. И се има дешавано, потврдени случаи.
Не за џабе многу луѓе ја вадат целосно таа тацна, што е селско ама и ефикасно решение. Водата тече надолу без контрола, ама барем не може да има оштетување (иако капењето е заебано и во куќа, а уште повеќе во згради каде на комшиите долу им капе).

Јас се согласувам потполно дека подобро е да вклучиш греач (ако има вграден) отколку да замрзне испарувачот.

Тоа што сакав да потенцирам е дека кај квалитетна клима со интелегентна логика на управување испарувачот не замрзнува и греач не ти ни треба.

Од друга страна СОР-от е низок на ниски температури, но со додатен греач воопшто нема да го подобриш, туку додатно ќе го влошиш.

И трето ќе споделам искуство со една од климите што ја имам во канцеларија, некој Самсунг инветер од повисоките модели.
При магла и -5°С замрзна целосно. Ја стопив со топла вода и замрзна пак. Во меѓувреме Хитачи во другата канцеларија си продолжи да работи без проблем и при многу полоши услови а Самсунгот замрзна целосно.
Кај Хитачи дефростот потполно си ја извршуваше функцијата и не дозволи таложење на кристали на мраз.
Мислам дека Самсунгот и со 2 греачи немаше да биде во состојба да го загрее просторот, бидејќи веќе излезе од димензионираните параметри за нормално функционирање иако во упатството беше декларирано дека грее и до -15°С !

Затоа и пишав дека на Тошибата нема греач бидејќи вероватно не ни и треба.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1044 на: 27 Септември 2015, 08:49:06 am »
Тоа што го пишуваш е точно, но мислам дека не ја разбираш сосема улогата на додатниот грејач. Тој грејач е потребен во специфични ситуации, и сето тоа нема врска со СОР факторот, туку со функционалноста на климата (во тие специфичниситуации). Колку и да е интелегентна електрониката на еден клима уред, и начинот на кој тој клима уред се справува со дефрост ситуации, грејачот си има своја наменска функција.

Дали знаеш дека поголемиот дел од „нордијските“ верзии на клима уредите, па и тие од реномираните јапонски производители како Тошиба, дека имаат додатни надворешни грејачи?
Зошто е тоа така?


Само да не се разбереме (пак) погрешно. Не велам дека за нашево климатско поднебје требаат нордик модели на клими, туку само ти го илустрирам фактот дека се сосема различни работи, квалитетот на уредот и неговиот начин на справување со дефрост ситуации - и намената на додатниот грејач на надворешната единица. Тој грејач е додатна корисна опција, и како таков треба да се разбере (и цени).
Ако мора да направам автомобилска паралела, тој грејач разбери го како АБС системот кај автомобилите. Ќе ја возиш колата и без АБС, ама во некои ситуации би ти било мило ако го имаш...  ;)

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1045 на: 27 Септември 2015, 09:17:45 am »
Ти си еден од ретките познавачи на форумов за оваа проблематика и мислам дека не се разбираме погрешно, баш напротив - само имаме различни ставови за една иста работа.

Твојот став е дека додатниот грејач каг Грее е исклучителна предност.

Мојот став е дека кај квалитетна клима и за наше поднебје не е „must-have feature“

Во моето 15 годишно искусто при греење на клима, досега ниеднаш немало потреба за додатен дефрост со екстерен греач.
Едната Фуџитсу другата Хитачи клима секогаш уредно си се справувале со наслагите на мраз дури и при наjмагливите зимски периоди.

Можеби ти имаш друго искуство со Грее и нејзиниот додатен греач и баш ме интересира како тоа се одразува во реална експлоатација и кои ефекти и придобивки си ги приметил.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1046 на: 27 Септември 2015, 13:17:41 pm »
Да, тој додатниот грејач за Македонија не е must-have feature. Но сепак е прилично корисна работа... кога ќе затреба.  :)
Многу повеќе би го имал тоа, отколку разни маркетиншки моменти (филтри, јонизатори).

Гри-то тек од годинава ќе имам прилика да го користам за греење, па ќе видиме како ќе се покаже. Ми се допаѓа што има производител кој става корисни функции наместо фенси-шменси филтри на внатрешната единица (кои ионака единствено што реално можат е да го заштитат изменувачот од пребрзо прљање).

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1047 на: 05 Октомври 2015, 09:41:24 am »
Онак ми монтира парно од галичките, еколошките.  ;D ;D

Онак, како и тука, така и во живо, си е човек појава (во позитивна смисла, оф корс).   :D :D
За сработеното, од дома, презадоволни. Јас исто така.  ;)

пс.  го запознав кокошарникот од чернобил (комбето). ;D


да.. и кокошарникот ти остави една убава црна дамка на бехатонот... да се сеќаваш на мене увек кога ке ја видиш... :)

за греењето ке кажеш после 2-3 месеци користење :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1048 на: 05 Октомври 2015, 09:50:31 am »
да.. и кокошарникот ти остави една убава црна дамка на бехатонот... да се сеќаваш на мене увек кога ке ја видиш... :)

за греењето ке кажеш после 2-3 месеци користење :)

Да да. Баш се чудеше мајка ми од кој е.   :D :D
Татко ми го пушта навечер околу пола саат, сега му е мерак да му е топло без да пали шпоре. Како што е изолирана куќата одвнатре и однадвор, осеќам дека зимата ќе биде многу топло.

пс. Струјата уште не била средена. Два дена по ред главниот мајстор оди на гроздобер.   >:( ;D

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1049 на: 05 Октомври 2015, 10:29:28 am »
Клабери, купив регистер (ако е добар терминот) за во тоалет за греење со димензии 450/920 капацитет 3.3 л течност и додатен греач од 600в со термостат. Е сеа, не сум сигурен дали има течност во истиот, доколку нема што да користам? Продавачот спомна дестилирана вода (шо не ми прави кеиф) антифриз или некое уље ... Знае некој шо како иде?
Башка, дали на намотката од грејачот треба да се стави нешто, тоа кучина ли како се викаше, како на водоводите цевки или само plug & pray?

BTW  да се надоврзам на муабетот до одмрзнувањето кај климите. Според луѓето во Аиркон проблемот со мрзнење на надворешната единица е кај сите со тоа што зачестено е кај тие што купуваат послаби клими за просторот па климата мора да работи со 100%, додека најидеално е истата да работи на опсег од 50-80% искористеност. Тогаш и потрошувачката е помала и одмрзнувањето е поретко.

Викендов акав за тоа, се мислев меѓу Авант и Сузуми серијата за 16БТУ за да на крај да испадне Авант поради големата разлика во цена од 15к за заштеда од некои 150-200 денари во тешки зимски услови. Ми остана интересен фактот како тоа во Хрватска климите се минимум 100 евра поефтини и покрај фактот што имаат ДДВ од 23%