Сакам да ви опишам како јас го решив греењето дома без притоа да рекламирам еден од стручните лица на форумов или техничари како он што милува да каже, туку ќе се обидам да бидам најобјективен што можам. Целта не ми е реклама или можеби антиреклама туку да го споделам моето искуство. Доколку некој дел од постот е спротивен на правилата или админ шефовите сметаат дека е реклама слободно нека го избришат постов.
Кога ја градев куќата, уствари кога домаќинката ми ја градеше куќата пошто јас бев (и сеуште сум) на Блискиот Исток, кога требаше да одлучам на кој начин ќе се грееме дома поминав доста време онлајн на интернАт читајќи за сите видови на греење во смисла греење на дрва, струја, пелети, плин и слично, утепав сигурно месец дена по неколку саати дневно со цел да го изберам за мене оној начин кој мене ми одговара а пред се да биде запазен факторот економичност. Дефинитивно сакавме да имаме "парно" дома односно радијаторско топловодно греење и да грееме цела к'шта па правев доста анализи и на крај се одлучив за греење на струја.
Знам дека некој ќе рече дека греењето на струја не е најекономичен начин но за мојата куќа споредено со греење на дрва не е поскап начин и дефинитино е по еколошки. Ќе објаснам и зошто подолу.
Кога се одлучив на струја за малце ќе се заебев и ќе земев од електричните котлиња наречени руски подморници. Дури веќе бев и во контакт со фирмата од Србија, од Крагуевац ако не се лажам, кои соработуваат со една фирма од Куманово како нивни увозници за МК, се додека не налетав на другарот Кано и неговиот изум. (Кано сега сигурно се прашува кој сум).
По она што го прочитав за Кано дека неговиот изум е економичен а работи на струја го контактирав и му објаснив што сакам. Ми побара да му пратам скица односно план од куќата, поставеност на самата куќа, поставеност на прозори, каква фасада ќе има, каква дограма и тако даље за да направи пресметки што и како и да даде понуда. За да ви биде појасно самата куќа е на едно такво осојно место што сонце ја фаќа после пладне, на северната страна нема можност за изведба на фасада од причина што на таа страна имам лепенка куќа која е многу стара и поставување на скеле е невозможно. На ѕидовите од внатрешна страна кои гледаат према надвор имам ставено стиропор од 2см и 5см на северната страна, додека за фасада е планирано да биде стиропор од 10см. Дограмата е ПВЦ со термопан стакло на првиот спрат и четири сезони стакло на втор и трет спрат, по спецификациите би требало да е полнето со Аргон (само дедо Боже знае дали има Аргон).
Значи куќата беше во изградба и овие параметри му беа дадени на Кано. Секој спрат од куќата има 33 квадрати (немаше опција за изведба на поголем простор по спрат). Кано даде понуда и според пресметките кај мене одговара Кано систем 3, односно систем со 3 сонди или максимална моќност од 9 kw, со тоа што човекот испадна фер и ми предложи да доколку сакам инвестицијата да ме чини поефтино можам сам да си ги набавам грејните тела т.е радијаторите и цревата а тој само да го приклучи кано системот. Не сакав друг да ми се рчка околу тоа и му реков тој да ги стави иако се поскапи но за мене битен момент е што се поквалитетни и даваше гаранција од 10 години. (Кано ти текна кој сум?)
Дојдоа со брат му еден ден како што се договоривме и пазете го сега моментот, дојдоа некаде на пладне и прво што си помислив беше какви се овие мајстори, доаѓаат од Скопје, ги чека многу работа, беше касна есен или зиме не се сеќавам, а денот веќе поминал. Си реков дај боже да е на арно. Како и да е се фрлија на работа и завршија вечерта кај 20:30 некаде. Е сега, вистина е дека Кано има многу алатки, пошто бушеа по ѕидови, кошулица итн и вистина е дека е 150 литри жива мера али професионално си го завршија својот дел од работата. Една замерка можам да им најдам е тоа што завршија како што кажав малце касно а мене ме чекаа во читална поради што мораше да каснам, ама нели е за арно не беше проблем.
Се вселивме во куќата и почна и првата грејна сезона и како и првата така и останатите сметките од ЕВН се движат вака: Октомври 2500, Ноември 5000-5500, Декември 11000-11500, Јануари 12000-12500, Фебруари 8500-9000, Март 5500 и Април 2500. Инаку само за струја, без греење обично плаќаме 1300. Парното работи секој ден од 07-12 и 14-22 часот а средна тарифа пошто немам ефтина и скапа струја. Се грее прв и втор спрат (вкупно 66 квадрати), третиот се вклучува само по потреба, фасада сеуште немам, значи голи ѕидови и без разлика што имам квалитетна дограма и стакла поради немање на фасада топлинските загуби се огромни засега и тоа е главна причина за така високите сметки. Моја проценка е дека кога ќе ставам фасада сметките би се намалиле значително, барем за 50 евра во Декември, Јануари и Фебруари и од досегашните 40000 денари колку ме чини греењето за една грејна сезона би паднал на 27-28000 ден или преведено во дрва од 14-16 кубика зависно по која цена ќе се најдат без фасада на 10-11 кубика со фасада. Исто толку дрва би потрошил доколку се одлучев парното да беше на дрва.
Е сега, доколку не ви се приишло во Венеција од толку многу тупење од моја страна да кажам троа и зашто се одлучив за греење на струја а не на дрва.
- како што реков иста цена би дал и за дрва и за струја,
- еколошкиот момент, не прљам дома од дрва, не чади, нема издувни гасови, не мора да молерисувам ако не секоја годиа секоја втора кога би бил на дрва,
- не му ја мислам дали и од каде ќе набавам дрва, по која цена, транспорт, цепење, складирање, внесување у соба секој ден, правење ѓубре, проветрување,
- не му ја мислам да станам порано да го запалам огнот да се згрее за малиот и сопругата да им биде топло кога ќе станат, или некој да го одржува огнот цел ден ако не сум дома, вака жуто дугме штрак и топличко, убаини. Ако не сум дома повеќе денови ќе го подесам кога точно да се вклучи за да биде топло кога ќе се вратам,
- да не го занемарам и еколошкиот фактор за животната средина, нема загадување,
- не се ебавам со затнати или не дај Боже запалени оџаци, не чистам оџаци, уствари што е тоа оџак?
- и друго ( не можев да одолеам да не го ставам ова "и друго", тоа е тоа што нас не ебе, малце оф топик)
И на крајот додека не сум почнал скроз да забегувам да кажам и троа убав збор за мајстор Кано ака техничар.
Човекот да е мајстор во права смисла на зборот е мајстор, не мора јас тоа да ви кажувам доволно е он што ги постира неговите идеи (не знам жена му како само го "трпи"), Професионален во работата дефинитвно е. Секаде каде што бушеа, рушеа, ставаа кутии и што ти ја знам не оставија ( со брат му) никакви траги, оштетувања и слично.
Кога и да сум му се јавил да го прашам у врска со парното, за него можеби смешни прашања а за лаик како мене итекако стручни прашања, секогаш кревал на телефон, ме сослушувал и давал соодветни упатства и насоки за постапување for dummies. Посебно го малтретирав првата година. Достапноста во секое време и стручноста се квалитети кои јас како клиент ги препознавам и почитувам и затоа секаде кај ќе стигнам позитивно го оговарам особено кога ме прашуваат кој ми го местел парното.
Да не го тупам повеќе и пу-пу да не го урочам Алек, пошто можеби следниот пат кога ќе сакам да го малтретирам може нема да ми крене, ако некој има прашања за греење на струја или како работи кано системот слободно прашувајте.
П.С Ама сум се изнапишааал..... Бог да чува и да Бранко. BTW Кано дали се сети кој сум?