Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1200141 пати)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #705 на: 15 Јануари 2015, 17:38:20 pm »
Ја го како се грееме некат:



А другото време вака



Ова е едната сметка + уште една од 3,000 пошто два саата иаме :S

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #706 на: 15 Јануари 2015, 20:33:15 pm »
Ова е сметка за колку квадрати на куќа?
Со што се греете? Термо, панелки, парно, котел итн итн итн.
Изолација, дограма, врата?
Па да искоментираме. Овака нема никакво значење ништо...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #707 на: 15 Јануари 2015, 20:55:47 pm »
тоа сакав и јас да кажам...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #708 на: 15 Јануари 2015, 20:58:14 pm »
24к оваа година за двата спрата, дали ќе ме јаде Симо и оваа година?

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #709 на: 15 Јануари 2015, 21:49:51 pm »
@Sale
350тина квадрата е куќата негде незнам тачно. Парно на струја. Инаку изолцијата незнам тачно, ке те излажам. Врати и прозори ПВЦ функционишат супер.
Јебига парно на струја е заебана свр, ова ми е инаку рекорд, за ниска сметка... Пошто иаме 2 саати на струјата лани ми стигаше сметка од 40,000 + уште 5-6,000. ова сега е супер, со оглед на температурите надвор дека е сто пати поладно од лани. Али малце контролираме повеќе овој пат. Пошто се работи за куќа со многу многу соби, зимава пазиме да не ги грееме сите бепотребно, односно пошто сите сме скоро на работо освен кучето, мајка ми и женаата што работи кај нас, мојата, на сестра ми собата и слични го гасиме парното пред да искочиме на работа, пошто нема потреба да се грее. После обично пред да се вратиме мајка ми ке го пушти. Се стоплува одма, а сметката за струја е драстично помала.

Инаку незнам колку е точно, но слушнав од некого не ми тенува од кого, дека огромен потрошувач на струја биле замрзивачите. Јас имам 4 и плус уште толку обични фрижидери нон-стоп уклучени.
Исто и сијалиците се сите сменети со штедливи уште лани, разликата е голема, пошто имам мал милион сијалици. Лустерите главни во дневна ми се два со по 25-30 сијалици во нив од 25 и 40 вати, а тие се користат и највеќе.


Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2615
  • Custom made interiors
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #710 на: 16 Јануари 2015, 00:40:47 am »
Што е поекономично за греење од пелети и дрва?
Некој ако има да пренесе лично искуство од греење на пелети, колку се троши месечно дали е исплатливо итн...? 


Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #711 на: 16 Јануари 2015, 00:45:21 am »
По чисто ти е со пелети,немаш сечење,цепење редење и други заебанции.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #712 на: 16 Јануари 2015, 01:16:15 am »
Што е поекономично за греење од пелети и дрва?
Некој ако има да пренесе лично искуство од греење на пелети, колку се троши месечно дали е исплатливо итн...? 
По чисто ти е со пелети,немаш сечење,цепење редење и други заебанции.
али затоа имаш килавење утовар и растовар на вреќи по 15 кила и складирање на суво место, а дрвата и зад куќа ќе ги биде, па и дожд или снег да ги фати, нема гајле, ке изгорат вака или онака... и секако не е баш толку економично греењето на пелети. посекако имаш чистење од пепел итн итн... меѓутоа, тоа е господска работа. нема зезанции со тоа како со дрвата. наполниш контејнерот со неколку вреќички и си свиркаш по дома...

ако се јас прашувам (како човек што работи греење) ни едното ни другото не го сакам и никогаш нема ни да го користам...  прво затоа што со котлите на пелети има многу проблеми од аспект каков пелет ке ти се погоди, па чадел, не согорувал, слабо оддавал температура итн итн... второ што со кано системите во моментов е изедначена потрошувачката во пари. имам еден куп муштерии што имаа турено кано систем, па турија на пелети пред некоја година, полека полека, еден по еден, сите ги исклучија и огласија котлите на пелети за продажба... а сега, со поевтинувањето на навтата, во март, кога и се прави пресметката за струја, очекувам интересен пад на цената на струјата... еве гојде нека каже што се очекува околу тоа, можеби и грешам...

останува тоа дека котлите на дрва се реално поекономични, но за нив стварно треба да имаш човек БЕСПЛАТНО задолжен цело време околу него да се бафта... некој треба да има целодневно задолжение да чисти пепел, да носи дрва, да го полни ложиштето итн итн.... во денешно време, кога и должината на игла за шиење игра улога во цената, секој треба да си го вреднува трудот, па така 4-5 месечно, секојдневно и целодневно трткање околу еден мочан котел, треба да се искалкулира како full time job и тоа кошта брате...
« Последно менување: 16 Јануари 2015, 01:21:26 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #713 на: 16 Јануари 2015, 02:34:06 am »
Ова греењево со струја. Се е ок, ама што би правеле ако се случи дефект, да нема струја и слично. Во изминативе неколку години да речеме стално се случуваше Тетово и Гостивар зимно време заради хаварија на тој далновод таму да останат без струја и до 2-3 дена, што тогаш ? Во кофа ке носите струја дома ? :D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #714 на: 16 Јануари 2015, 09:27:10 am »
@DayWalker
Па и не ти е толку висока сметката за струја, со оглед на тоа ако грееш навистина толку квадратура.
Јас за минатиот месец платив околу 4500 денари за греење на околу 100 квадрата со тоа што греењето во некој си 22 квадрати ми е редуцирано на минимум. Односно во две соби ми е ставено на температура од некој си 17~18 степени (регулирано со термостатски вентили) а во дневна и купатило температурата е наместена на 21,5. Со тоа што варира во границите од 21 до 22,5.  Ходникот е нормално поладен и е околу 19 до 20 степени.
Со оглед на тоа дека не сме дома, парното е наместено на тајмер за секој ден во неделата со различен режим на греење. Највеќе односно 90% работи во скапа тарифа.
Се вклучува од сабајле 5:50 и работи до 6:50. Попладне се вклучува во 15:00 и работи до 23:00. Сабота и недела кога сме дома работи цело време освен ноќе кога што е наместено температурата ако падне под 19 степени да се вклучи.
Преку недела оваа температура ми е на 18,5 степени.
Очекувам овој месец минимум за 1000 денари повисока сметка заради тоа што бевме дома некој си 10 дена заради новогодишните празници, па парното работеше од сабајле до вечер.
Тоа ке каже следната сметка.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #715 на: 16 Јануари 2015, 10:04:52 am »
@Filo Снема, снема шо да праиме..ја иам бекап камин на дрва..али нема врска, 21ви век сме, ако снема струја ке идеме надвор да шетаме или у банско на скијање :P

@Sale, не е голема да. Баш вчера со татко ми зборев, 350тина ми е цела куќа а се грее 70-80% од истата да речеме. Подрумот нормално не. Кај мене има тајмер, ама некако не го навикнав татко ми да го користи па мануелно си праиме :) Обично кога ке стане зависи 6-7 го пушта парното на 24/5 степена а го гасиме 10/11 навечер, само како што кажав бидејќи нема потреба од греење на повеќе соби тие си ги гасиме на вентилчето на самото парно нели. Пошто 4 соби односно околу 120тина квадрати нема потреба да се греат кога никој нема во нив, останува само дневната, трпезарија кујна и еден подрум за греење. Ноќе го гасиме скрос таму на колку 10 степена мислам е крајот, обично не паѓа осетно температурата односно ноќе да е ладно. Инаку да и ходници не грееме пошо нема потреба така да вкупната греена површина незнам колку би му дошла околу 200-250 квадрата ваљда. Како и да е, тоа се 2 макс 3 месеца повисока сметка за струја годишно.

Него со малку пазење се заштедува МНОГУ. лани имав сметки од 40,000 што е неарна работа, а пример не беше толку ладно. Арно ама повеќето бевме дома и иако не седевме по соби се грееа и тие.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #716 на: 16 Јануари 2015, 10:57:44 am »
Ова греењево со струја. Се е ок, ама што би правеле ако се случи дефект, да нема струја и слично. Во изминативе неколку години да речеме стално се случуваше Тетово и Гостивар зимно време заради хаварија на тој далновод таму да останат без струја и до 2-3 дена, што тогаш ? Во кофа ке носите струја дома ? :D

ако снема струја ни со пелети ни со котел на дрва нема да можеш да се грееш, ни на нафта, ни на плин, НА НИШТО, затоа што за сите тие потребна е струја и за пумпата и за еектроника што ја има во себе (само на дрва нема елкетроника туку е само пумпата присутна)

ке рече некој, е па со упс ке го решам проблемот... да со упеес, ке имаш струја 2-3-4 саати и толку... така да, ако снема сгтруја исти К тие на што се грееш во тој момент...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #717 на: 16 Јануари 2015, 11:01:12 am »
24к оваа година за двата спрата, дали ќе ме јаде Симо и оваа година?

Teшко, околу 19К за двата сопрата. Ама ај да видиме јануарската сметка што ќе каже...мислам дека го „изјачав“ Јануари побајаги...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #718 на: 16 Јануари 2015, 11:08:20 am »
ке рече некој, е па со упс ке го решам проблемот... да со упеес, ке имаш струја 2-3-4 саати и толку... така да, ако снема сгтруја исти К тие на што се грееш во тој момент...

Како мислиш со УПС да го решиш проблемот?
Од колку киловати УПС?
Пумпата мислам дека ти е познато дека на УПС не работи, нели :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #719 на: 16 Јануари 2015, 12:03:49 pm »
Ова греењево со струја. Се е ок, ама што би правеле ако се случи дефект, да нема струја и слично. Во изминативе неколку години да речеме стално се случуваше Тетово и Гостивар зимно време заради хаварија на тој далновод таму да останат без струја и до 2-3 дена, што тогаш ? Во кофа ке носите струја дома ? :D

Одлично прашање. И реално пред се, и во поразвиени земји се дешаваат хаварии а не па во Македнија. Ми се допаѓа вакво размислување.
Јас, без разлика што на струја ќе се грејам, сакам и резервно бекап решение што е независно од струја, а тоа секако се дрвата. Проблем во концепцијата ми прави тоа што сакам греењето на дрва да го имам приклучено на централно греење.
Затоа опциите ми се:
- Да не приклучувам централно греење (печка/камин без котел). Тогаш можеш да грееш на дрва колку сакаш, иако никаде нема струја.
- ДА го конципирам централното греење да биде (донекаде) независно од електрична енергија. На пример ако поставам радијатори и на еден спрат погоре, така ќе направам услови да загреаната вода, по законот за термодинамика природно да кружи во системотот. Но ова не е така едноставно како што звучи, и протокот на водата може да не е доволен за да не се прегрее водата во изменувачот (во печката, или каминот). Но ова во комбинација со УПС (и инвертер) може да биде решение, посебно ако во приказната убациме и еден фотоволтаик соларен панел кој преку ден ќе ја полни батеријата на УПС-от.
Се разбира, за се да функционира потребно е да се запазат потребните димензии на батеријата на УПС-от, и минималниот аутпут на фотоволтаик панелот во облачни денови.


Онак долу го цитирам пошто покажува пример каде бекап системот не е добро димензиониран. Зошто бекап од „2-3-4 саати„ е решение само за краткотрајни прекини на струјата.
Но мислам дека дури и тоа (или барем тоа) краткотрајно решение би требало да го има секој што се грее со согорување во комбинација со централно греење... За да не се дешаваат можни хаварии со прегревање на водата во котелот/изменувачот. Се разбира дека постојат заштитни механизми и за тоа, но не секогаш се случува по планот, и бекап на бекапот е работа што ја прават паметните луѓе.

ке рече некој, е па со упс ке го решам проблемот... да со упеес, ке имаш струја 2-3-4 саати и толку... така да, ако снема сгтруја исти К тие на што се грееш во тој момент...