Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1198255 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #645 на: 13 Јануари 2015, 18:24:42 pm »
која бучност може да постигне надворешна единица на инвертер климатизер. Јас на мојата денес измерив 100 db а во упатство пишува 62 db при нормални услови.
Ти знаеш колку се 100dB!? Којзнае што си мерел, или ти продале машина за дробење камења.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #646 на: 13 Јануари 2015, 18:26:40 pm »
Или му паркирале Боинг 747 до куќа. :D

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се оста&
« Одговори #647 на: 13 Јануари 2015, 18:51:17 pm »
на камин со резервоар за вода, неможе да има секундарно согорување. едноставно на горната точка премногу се разладуваат гасовите, но тоа не значи дека неможе да има секундарно всисување на воздух па да има подобро примарно согорување.

како и да е. на овие камини, одприлика толку им е максимумот.

Разбирам, потребна е поголема температура во горилникот (за да може да има пиролиза). Но не ли е можно котелот (изменувачот) да биде некаде поназад, на пример во некоја секундарна комора пред оџакот?
Или како кај калиевите печки, изменувачот да биде некоја цевка покрај (или во) цигли од глина/шамот (како што врти топлиот воздух низ шамотот од калиевите печки)... Нормално, претпоставуавам така затоплувањето на водата би било поспоро. Ама па и пошто котелот не би бил во горилникот, не би ја намалувал ефикасноста на согорувањето.

Во принцип искача дека со ефикасно согорување никако не може да има котел во горилникот, дури и ако (и покрај ладењето предизвикано од котелот) некако се успее да се добие секундарно согорување -тоа ќе значи дека дека се развила превисока температура и дека водата во котелот пребрзо ќе се загрее... и ако станува збор за стандардно мали количини вода (без топлотен акумулатор), водата ќе се прегрее: што значи бељи и активирање на сигурносните вентили.
На прав пат сум, или лупам глупости?

Oва многу ме интересира иначе.
онаК, што би препорачал од камини на понуда во државава, со или без котел (ама со можност за доградување)? Јас од тоа што сум гледал, најголем број дури и од тие без котел за централно греење, немаат абер до секундарен довод за воздух (не па за терциерен) или воздушно перде над стаклото... Мизерија од понуда, плус трговците те гледаат чудно кога ќе прашаш било што како сеундарно/терциерно согорување.   :-\

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #648 на: 13 Јануари 2015, 23:54:55 pm »
Или му паркирале Боинг 747 до куќа. :D
Симнав апликација на samsungot db meter и со него мерев, на 15 до 20 цм од компресорот, толку покажа 98-100db, изгледа монтерот погодил носечи стуб со штрафовите на држачот, па се слуша низ цела куќа. Незнам колку е валиден програмот за мерење...
>>>>><<<<<

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #649 на: 14 Јануари 2015, 00:35:34 am »
Кај нас сите монтери погаѓаат носечки столбови, па дури и на цигла кога бушат...Да не го тупам...
Побарај на ибеј "silent block".
Извади тоа скапаните штрафови, стви си silent block и никогаш нема да ти забучи дома.
Истото и кај мене беше.
Заради неможност да ставам silent block, ставив гума, но тоа не беше решение. Благодарение на @onak кој ми излезе во пресрет и ми даде оригинални гуми, бучењето се намали но повторно се слушаше. Разликата во буката на моменти беше потивка за 30 до 40%, но повторно ја имаше.
Господ ги испрати овие silent block-ови кај мене и ги заменив. Искрен да бидам сега дури и се напнувам да чујам дали навистина работи надворешната единица.

1. Држачите наместо со по два штрава минимум, беа стегнати со по еден за зидот. Првата интервенција ми беше да ги стегнам со додавање на уште по еден, а не да биде климата самоносечка.
2. Ставање на гумени бафери.
3. Ставање на silent block гуми, или гумени бафери во вистинска смисла на зборот.

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #650 на: 14 Јануари 2015, 00:43:43 am »

Као и увек Сале шампион си :) само уште да ме упатиш од каде да ги најдам или од ибеј да си ги порачам. Му се јавив на монтерот, дое стави некои тенки гумици, ама многу малку се намали бучавата. Зидот( што е сендвич) вибрира, посебно на одмрзнување.
EDIT: најдов од ебана кина, додека да стигнат помина зимата

http://www.ebay.co.uk/itm/5PCS-M3-Double-Ends-Screw-Anti-Vibration-Mount-Silentblock-For-Welding-Machine-/361139744800?pt=LH_DefaultDomain_3&hash=item54159b3020

Мислам дека во автолидер видов нешто вакво, утре им идам.

http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=928328
« Последно менување: 14 Јануари 2015, 01:15:20 am Vladeee »
>>>>><<<<<

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #651 на: 14 Јануари 2015, 01:31:27 am »

@SaleSk e*аго од каде ги вадиш информацииве бе?  :)
Навистина функционира ова?? Дај кажуј каде има ова да се набави овде, или навистина треба да нарачуваме по нетот?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #652 на: 14 Јануари 2015, 01:45:45 am »
Кај нас сите монтери погаѓаат носечки столбови, па дури и на цигла кога бушат...Да не го тупам...
Побарај на ибеј "silent block".
Извади тоа скапаните штрафови, стви си silent block и никогаш нема да ти забучи дома.
Истото и кај мене беше.
Заради неможност да ставам silent block, ставив гума, но тоа не беше решение. Благодарение на @onak кој ми излезе во пресрет и ми даде оригинални гуми, бучењето се намали но повторно се слушаше. Разликата во буката на моменти беше потивка за 30 до 40%, но повторно ја имаше.
Господ ги испрати овие silent block-ови кај мене и ги заменив. Искрен да бидам сега дури и се напнувам да чујам дали навистина работи надворешната единица.

1. Држачите наместо со по два штрава минимум, беа стегнати со по еден за зидот. Првата интервенција ми беше да ги стегнам со додавање на уште по еден, а не да биде климата самоносечка.
2. Ставање на гумени бафери.
3. Ставање на silent block гуми, или гумени бафери во вистинска смисла на зборот.

Као и увек Сале шампион си :) само уште да ме упатиш од каде да ги најдам или од ибеј да си ги порачам. Му се јавив на монтерот, дое стави некои тенки гумици, ама многу малку се намали бучавата. Зидот( што е сендвич) вибрира, посебно на одмрзнување.
EDIT: најдов од ебана кина, додека да стигнат помина зимата

http://www.ebay.co.uk/itm/5PCS-M3-Double-Ends-Screw-Anti-Vibration-Mount-Silentblock-For-Welding-Machine-/361139744800?pt=LH_DefaultDomain_3&hash=item54159b3020

Мислам дека во автолидер видов нешто вакво, утре им идам.

http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=928328

овие гумици, ке ги најдете у секоја маалска продавница за авто делови... и во авто лидер ги има дефинитвно, за смешни пари...

инаку, оригиналната примена на овие гумици е за носачи на ауспух на рено 4 и тоа ГТЛ. доаѓаат 2 вакви гумици (една помала и една поголема) точно кај возачкиот праг одоздола...

но внимавајте... гумиците се сепак обична гума, која е излеана врз 2 штрафови со М8 и М6 навој. за 2, максимум 3 години, ке мора да ги смените. ке проскапе гумата и недај боже на еден посилен ветер ке ви се истресе цела клима на земја... недај боже, може и да утепа-убие некого... монтеорт нема да одговара, затоа што вие сте си правеле зафат самостално...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #653 на: 14 Јануари 2015, 01:55:01 am »
Или му паркирале Боинг 747 до куќа. :D
Симнав апликација на samsungot db meter и со него мерев, на 15 до 20 цм од компресорот, толку покажа 98-100db, изгледа монтерот погодил носечи стуб со штрафовите на држачот, па се слуша низ цела куќа. Незнам колку е валиден програмот за мерење...
Добро бе озбилни сте со апликациите,почнавте за бучава,за загаденост од утре ќе почните и за тоа колку да јадите. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #654 на: 14 Јануари 2015, 02:05:39 am »
Зоната на самракот:

Сале во 00:35 пишува совет дека мајстор треба да стави гумички...

Во 00:43 Владе му одговара дека мајсторот дошол и ставил гумички...

Кој имаше петка по македонски да ни состави приказна.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #655 на: 14 Јануари 2015, 02:08:50 am »
И јас ќе треба да се позанимавам со утишување на надворешните единици.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #656 на: 14 Јануари 2015, 09:03:56 am »
инаку, оригиналната примена на овие гумици е за носачи на ауспух на рено 4 и тоа ГТЛ. доаѓаат 2 вакви гумици (една помала и една поголема) точно кај возачкиот праг одоздола...

но внимавајте... гумиците се сепак обична гума, која е излеана врз 2 штрафови со М8 и М6 навој. за 2, максимум 3 години, ке мора да ги смените. ке проскапе гумата и недај боже на еден посилен ветер ке ви се истресе цела клима на земја... недај боже, може и да утепа-убие некого... монтеорт нема да одговара, затоа што вие сте си правеле зафат самостално...

Гумиците кој јас ги ставив не се за Рено4, држач за ауспух или слично. Овие бафери стојат конкретно помеѓу две плочи, со дебелина од околу 1 цм и површина од 40цм на 20 цм. Едната плоча е закачена на апаратот, односно стегната, а на другата плоча стои електромотор кој има задача да врти цело гентри преку каишница. Гумените бафери имаат задача да ги анулираат вибрациите при вртењето на моторот.
Не се изложени на никакви атмосферски влијанија, па според тоа нема да скапат за кратко време.
Но она со Реното и примената на истите кои ги поочи, а со оглед дека се лијат тука, односно изработуваат верувам дека ке скапат.
Но и покрај тоа, дали некој ги менува редовно на 2 години на ренолчињата, ке каже од искуство. Да не заборавиме дека истите се изложени на најлоши можни услови кај Реното. Кај климата доколку е под некоја настрешница или завет, никогаш нема да скапат, или ке скапат после х години, можеби кога климата ке треба да се смени со нова.

И да е така, сепак вреди да се менуваат како maintenance на секој три години! Се бара одржување, па така да и овие делови.

Е сега за оние кои ке ги купуваат оваквите гумички. Гледајте гумата да е што поеластична, зошто ако е како пластика, ке се случи она што го кажа онак. Ако најдете некој што лие гумици, побарајте да ви ги излие од поквалитетна гума.

Ова има ефект 100%.

Побарајте оваков модел:

или оваков:

Овие ги ставив јас, ама се малку сексуљави додека да се стават ради навојот. Мораш климата да ја подигнеш побајаги, а оние многу помалку. НЕ заборавајте дека ке ви требаат различни завртки и навртки за различен тип на бафери.

Еве некој од вас нека проба, па макар и со тие за Рено, па нека сподели искуство.
Јас толку можев :)
Пријатен ден.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #657 на: 14 Јануари 2015, 12:10:12 pm »
Овие ги ставив јас, ама се малку сексуљави додека да се стават ради навојот. Мораш климата да ја подигнеш побајаги, а оние многу помалку. НЕ заборавајте дека ке ви требаат различни завртки и навртки за различен тип на бафери.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ako добро разбирам, со сајлентблок бафериве зборуваме за прицврстување на климата на носачите? Не за прицврстување на носачите на ѕид, така?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #658 на: 14 Јануари 2015, 12:31:31 pm »
Да де нормално. Држачите се утиплувани директно на зид. И тука прикаската е завршена.
Ова е помеѓу ногарите на климата и држачот.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #659 на: 14 Јануари 2015, 12:59:43 pm »
...

Да знаеш дека има луѓе што по цела сезона се греат со (предимензионирани) обични фикс спид клими. Да, на студовиве се во загуба (може идат и под СОР 1), но на годишно ниво сепак поминуваат неколку пати поевтино од тие што се греат на разни греалици и панелки, и било кое греење кое стујата ја претвата во топлина во однос еден спрема еден.

Знам, комшивката одма до мене, возрасна жена во пензија грее 12 м2 со 18-ка Фонко (јас 27 м2 греам со 14-ка), има насадно бојлерче за садови и голем бојлер во купатило.
Грее, пере и има потреба од топла вода во купатило 5-пати помалку од нас и пак имаме исти сметки за струја. Научена е на поинаков терк. И не ја замара дека стариот ЦРТ телевизор и троши 250 вати на час, 15 часа во денот или 5.475 часа/год
ЦРТ --> 5500h*0,25KW=1375 KWh
ЛЕД --> 5500h*0.05=275 KWh

РАЗЛИКА ОД 1100 KWh * 6 ден/KW = 6600 ден/годишно или во превод еден 32" ЛЦД на секои 3 години уплатен на сметка на ЕВН.

Користам електронски проточен бојлер и за една година ни загреа 110м3 вода и потроши 1250KW (не, не сум јас луд :) , туку самиот проточен бојлер има отчитување на потрошувачките ) што е 120 KW/месечно и е смешно малку во однос на комфорот кој го имаме и што никој не се оптеретува кога и колку се тушира, мие раце, пере заби и слично.
Да се вратам на примерот со комшивката. Таа вероватно се однесува слично како нас, има секогаш топла вода ама од 2 класични бојлери, грее нон-стоп околу 100 литри вода и има вероватно слична потрошувачка на струја со нашата. Супер, ама има 5 пати помалку потреба а иста потрошувачка.

Ако продолжам со анализа за шпорет, фрижидер, машина за алишта, садови, осветлување ... отиде SQL базата на форумов :)

Потполно се сложувам со тебе, мање-више ист процес на размислување не води до исти заклучоци.

Јас само сакам да инвестирам во енергетски-ефикасна, технолошки напредна и современа (што само по себе следува и скапа) опрема, не оти имам пари сега, туку за да имам пари после.