Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1198379 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #630 на: 13 Јануари 2015, 01:59:34 am »
Ја меркав една ВЕКО, беше ~18000 сосе монтажа и 5 години гаранција.
и секоја година да плаќаш од 600 до 800 денари за контрола или не ти важи гаранцијата... проверена е информацијата. читајте со ситните букви што пишува... ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #631 на: 13 Јануари 2015, 02:52:50 am »
Некое инфо кој е увозник или каде има Фујитсу клими во Македонија?

Конкретно барам од НОКРИА серијата на Фујитсу.

Бико каква информација е добредојдена

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #632 на: 13 Јануари 2015, 10:19:39 am »
Некое инфо кој е увозник или каде има Фујитсу клими во Македонија?

Конкретно барам од НОКРИА серијата на Фујитсу.

Бико каква информација е добредојдена

Ми се допаѓа твојот оптимизам внучко. А и многу добар модел си избрал. Ама освен ако немаш варијанта да го донесеш од соседните држави, овде ќе те чини ѓаол и пол,  т. е. џабе везеш.
И јас така пред две години сакав да си купам Нокриа. Во Србија чинеше 950 евра, во Бугарија околу 1000, а во Грција 1150. Увозник за fujitsu во Македонија е Хидросет. Им се јавив да ги прашам, надевајќи се дека ако немаат Нокриа можеби ќе имаат нешто слично. Тука мислам на моделите LT и LU кои се исто така во врвот според перформансите. Одговорите беа поразителни, не толку за мене, колку за фирма која е увозник на светски бренд. На лагер имаа еден или два модели ВКУПНО. Нокриа можело само по нарачка и така ќе чинеше1450 евра.
Се на се - уште еден пример за македонски професионализам.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #633 на: 13 Јануари 2015, 11:15:38 am »
Хехе, драго ми е што делиме исти желби и жал што имаме идентични негативни искуства.

Само да го потврдам твоето искуство со Хидросет: бејзик модели на лагер, од хиперинвертер сериите рок на испорака 2-4 недели со аванс 50%, цени убедливо највисоки од околинава за значителни + 20-25%

Јас имам веќе една Фуџитсу од пред 10-тина години (Биро Пандев Струмица) и сеуште сум презадоволен. Исто биро за втората ме „возеше“ 9 месеци за модел што го барав, па пред 5-6 год. купив Хитачи 14-ка од Техномаркет (Маде ин Јапан).

Имам намера Хитачи-то да го прешалтам во друга просторија и да го заменам со Фујитсу 14 НОКРИА.
Бугарија 2200 левчета
Грција 12х0 еур
Србија 119990 дин
Македонија прајслесс... (не можеле да ја набават зашто била стар модел а комшииве седават во Нокрии, нема каде ги нема)

Пуста желба еве веќе 2 години.

Некое инфо како легално да царинам, даночам и донесам дома клима со цена ~1000 еур ?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #634 на: 13 Јануари 2015, 11:25:36 am »
Некое инфо кој е увозник или каде има Фујитсу клими во Македонија?

Конкретно барам од НОКРИА серијата на Фујитсу.

Бико каква информација е добредојдена


Nokria е топ модел, ама Хидросет се буљаши. Прво цените им се пренапумпани, посебно во однос на тие во соседството. Другите брендови на клими имаат многу понормални цени (поспоредливи со тие во соседството).
Второ, многу се занесуваат. Јас кога купував клими никаде не добив така охол и надмен однос како таму. Само заради тоа ќе ги одбегнев, дури и да им беа ОК цените (како што не се).
Ова ти го нагласувам, затоа што кога се купува поскапа клима -се внимава и на квалитетит на сервисот (и услугата) на продавачот.

Е сега пошто бараш добра клима за греење, а Нокриа не можеш да ја имаш (јави им се на Хидросет да се посмееш малку за тоа која цена ќе ти ја кажат за да ти направат нарачка)... следно нешто што би ти препорачал зависи од моментот колку си спремен да платиш.
Поскапа варијанта: Мицибуши (треба да проверам кој модел)
Поевтина варијанта: Гри Хансол


Јас да немав земено Тошиба, Хансол би земал сега ако купувам клима. Мислам дека е моментално најдобра клима гледано од аспект на односот цена/перформанси.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #635 на: 13 Јануари 2015, 11:42:43 am »
Сакам Фуџитсу и тоа хипер инвертер модел по можност Нокриа, а не некој  бејзик модел со цена од хипер инвертер !!!

Бидејќи веке имам 2 добри клими во функција, ќе чекам, ќе чекам и ќе купам тоа што јас сакам, а не тоа што ТИЕ сакаат да ми продадат.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #636 на: 13 Јануари 2015, 12:33:35 pm »
Toгаш воланот во рака и правец граница (Бугарија ваљда)... само што правиш за гаранција? Да не испаднат на крај скапџиите од Хидросет поевтини?  ;)

Патем, пар прашања. Зошто инсистираш исклучиво на Фуџитсу?
Ставот ти е некако бескопромисен, а самите Фуџитсу се некако баш компромис меѓу цена и квалитет. И тоа добар компромис, онака баш од аспект цена-перформанси. За бескомпромисна цена, Мицибуши мислам дека имаат подобар квалитет и перформанси...
Исто, зошто не Тошиба или Даикин? Кај нив квалитетот иде нешто пред цената, но имаат и поевтини модели. Исто се јапонски фирми.
Чисто ме интересира зошто баш Фуџитсу... :)

Второ прашање би било, колку си размислувал за исплатливоста на купување на хипер инвертор клима?
Мислам, прашањево е од аспект на тоа што кај нас во Македонија ретко има повеќе од 20тина денови со јаки минуси... а и тие минуси се воглавно навечер, кога воглавно се спие (и кога има евтина тарифа на струјата).

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #637 на: 13 Јануари 2015, 14:27:43 pm »
Кога Хидросет би имал на понуда Нокриа не би се мислел да купам од нив и покрај што не ми оставија впечаток за афтерсејл сервис.
ЗА купување преку граница незнам како се царинските процедури.

Зошто инсистирам на Фујитсу?
Па заради следново:
- многу поволни технички карактеристи, пред се поволна крива на СОР во широк температурен распон и моќен компресор (Нокриа 14 оди од 0.9-9.1 KW при греење)
- технички решенија обмислени до најситни детали - сум ја расклопил за чистење постоечката и уживав во генијалноста на најситните детали
- 2 или 3 степени флапсови кои го насочуваат струењето баш како и каде што треба
- тивка работа и на внатрешната, а особено на надворешната единица без нервозни фрекфенции кои одат на нерви. И буката која ја прави внатрешната единица е без крештави високи фрекфенции и ако може да се рече пријатна
- мене лично допадлив дизајн на внатрешната единица
- мене лично многу едноставно но функционално, елегантно и убаво далечинско
- и можеби затоа што првата љубов нема заборав :)

Имам искуство и со дриги клими, за другар ми зедовме Митсубиши. Одлична е, не баш ефтина за карактеристиките, дизајнот е исто солиден ама ништо спектакуларно, ама го нема она нешто.

Размислувам и за Тошиба и Даикин од високите модели, ама кај нас ги нема на лагер. Ако давам 1000+ еур сакам да ја видам пред да ја платам. Да не испадне дека моделот е тој ама фалат некои „ситни“ опции.

Зошто хипер инвертер?
Една од основните карактеристиките на климите е способноста за пумпање на топлината. Но термодинамичкиoт циклус не се однесува подеднакво во целиот распон на надворешна температура.
Имено нетјуниран термодинамички циклус е најефективен при мала температурна разлика. Арно ама тогаш најмалку е потребно греење односно ладење.
Исто така прикажаните СОР и ЕЕР се за номинален режим на работа на инвертерот, а тоа е некој среден број на вртежи.

Е сега следи одговорот:
Хиперинверторите се оптимизирани (Фујитсу и скоро сите нејтив јапонци) и го „пеглаат“ циклусот да е што пооптимален во поширок распон на вртежи на инверторот и поголем температурен распон.
На тој начин се способни и на -10С да пумпаат со номинална моќност за разлика од самсунг, лг (кинезите не ги ни спомнувам) веќе на -5С да губат и по 40% од номиналната моќност. А тоа значи колку повеќе топлина ти треба толку помалку ја имаш.



Наместо да ужива ЕВН, ке уживам јас. Со вакви цени на струја тоа за брзо ќе се врати. Моите клими досега се исплатија себе си, сега штедат за нова.
А и кога е бал, нека е маскенбал :)

Ги разгледав ГРЕЕ ама типично кинески, оскудни во битните детали ама затоа нескромно се фалат со невообичаено висок СОР со кој би се гордееле и многу од јапанциве.
И многу многу опции, ги има ама како функционираат? Како паркинг сензори на кинеска колат, свират секогаш кога има нешто, свират дури и кога има ништо !!!

На работа имам една Самсунг инвертер со многу опции; плаво светло - демек јонизатор, полифонски звуци...
Свири полифонски, ама не грее, па „свириме“ и ние :)
« Последно менување: 13 Јануари 2015, 16:09:28 pm ZokiPet »

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7218
  • French diamond
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #638 на: 13 Јануари 2015, 16:03:49 pm »
Пред првото утринско палење





По 40 минути



Брзо загрева, ама немам многу радијатори 3 x 110cm и во купатилото едно ѕидно... спрат од 80m2. Кај што е каминот има уште еден радијатор ама тој е затворен пошто каминот ја загрева просторијата одлично.
 

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #639 на: 13 Јануари 2015, 16:07:55 pm »

Хехе... да, чудно е како Корејците никако да се „научат„ да прават клими (а со друга електроника немаат проблеми).
Нејсе, да не дигресирам: Многу ми се допаѓа кога некој точно знае што сака. :)

За оптимизацијата на работата кај повеќето „јапанци„ си сосема во право. Јас тоа го знаев кога ја бирав Тошибата, ама па тогаш и немав многу поевтини алтернативи кои беа вредни за внимание. И да знаеш дека донекаде се согласувам со тоа „кога е бал нека е маскенбал„... Велам донекаде затоа што (на жалост) не сите можат да си дозволат скапа клима, па макар и ако истата ќе се исплати по некое време. Но и тоа време на „самоисплата„ експоненцијално расте како што расте и цената на уредот... па доаѓаме до тоа дека кога цената ќе надмине одредено ниво, едноставно уредот не се исплати.

Како што се менуваат климатските услови овде, мислам дека дефинитивно не ни требаат т.н. „нордички„ модели на клими... Се разбира, кеиф си е кеиф, ама прашање е колку време ќе треба да се исплатат таквите клими.
Затоа јас за втора клима земав Gree (кои патем, уште пред некое време имаат потишан договор за соработка со Даикин, размена на технологии, и изработуваат добар дел од поевтините модели на Даикин). За спецификациите кога зборуваме си има да се погледаат еуровент извештаи, рекламите и онака никогаш не треба да се земаат здраво за готово. Ако ги гледаме рекламите нема подобри клими од Самсунг и еЛ-Џи, со сите не-знам-какви филтри, СФ светла, и разни чудесии (кои врска немаат со ладење/греење, ни со животот).
За стандардот во нашево поднебје, мислам дека Gree се најисплатливи. Фуџитсу би бил блиску по однос цена/перформанси... да не идеа со монополистичко шпекулантски цени тие од Хидросет. Ама па само они носат Фуџитсу, и народов и не се разбира многу во алтернативите а Фуџитсу се на добро име како бренд. Инаку не знам како не банкротираат Хидросет со такви арач-збирање цени.


Е а за оптимизацијата на работата кај повеќето „јапанци„ има само еден проблем во концептот... тие воглавно се конципирани да работат ефикасно и штедливо. Што е сосема во ред и е пожелен принцип на работа. Но морам да нагласам дека држи вода и другиот (кинески) пристап, некогаш подобро е уредот да може да грее повеќе... па макар и понеефикасно.  ;)

Да знаеш дека има луѓе што по цела сезона се греат со (предимензионирани) обични фикс спид клими. Да, на студовиве се во загуба (може идат и под СОР 1), но на годишно ниво сепак поминуваат неколку пати поевтино од тие што се греат на разни греалици и панелки, и било кое греење кое стујата ја претвата во топлина во однос еден спрема еден.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #640 на: 13 Јануари 2015, 16:10:19 pm »
Брзо загрева, ама немам многу радијатори 3 x 110cm и во купатилото едно ѕидно... спрат од 80m2. Кај што е каминот има уште еден радијатор ама тој е затворен пошто каминот ја загрева просторијата одлично.

Што/која е печкава? Има секундарно/терциерно согорување?
Вака не се гледа гареж на стаклото, што укажува на добро и ефикасно согорување.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #641 на: 13 Јануари 2015, 16:25:16 pm »
Stakloto se cisti. ;)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #642 на: 13 Јануари 2015, 17:41:43 pm »
Ама ако не согорува како што треба, ке се зацрни во текот на горењето иако си го исчистил пред да го запалиш. ;)

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #643 на: 13 Јануари 2015, 17:53:24 pm »
која бучност може да постигне надворешна единица на инвертер климатизер. Јас на мојата денес измерив 100 db а во упатство пишува 62 db при нормални услови.
>>>>><<<<<

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #644 на: 13 Јануари 2015, 17:58:01 pm »
Брзо загрева, ама немам многу радијатори 3 x 110cm и во купатилото едно ѕидно... спрат од 80m2. Кај што е каминот има уште еден радијатор ама тој е затворен пошто каминот ја загрева просторијата одлично.

Што/која е печкава? Има секундарно/терциерно согорување?
Вака не се гледа гареж на стаклото, што укажува на добро и ефикасно согорување.

на камин со резервоар за вода, неможе да има секундарно согорување. едноставно на горната точка премногу се разладуваат гасовите, но тоа не значи дека неможе да има секундарно всисување на воздух па да има подобро примарно согорување.

како и да е. на овие камини, одприлика толку им е максимумот.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време