влатко... и сите други...
тој вентил од последниот твој пост е термостатски вентил и служи за контролирање на температура за радијатор во просторија, спред собната температура... никако нема да ти послужи за бојлерот, освен за отвори-затвори... а за таа намена да дадеш 40-50 евра само за вентил, не се испалти.. друга му е значи неговата специјалност..
мој совет е следен:
пошто спомна пумпа, тоа значи дека имаш сопствено парно. за да не ти се лади бојлерот, ти треба друг термостат, а не овој што си го поставил на лсиката... овој од сликата се вика НАЛЕГНУВАЧКИ-ЦЕВЕН ТЕРМОСТАТ. и тој служи за други намени, не за твојата што ти сакаш да ја постигнеш. и уште пострашно е дека ке го ставаш кај пумпата... да пумпата мнооогу побрзо ке си отиде ако почне со клик-клик да се пали и гаси. единствено оправдување за употреба на овој термостат е на котел на дрва или на нафта. се постигнува одредена заштеда кога се користи. МОРА да биде поставен на точно дефинирано место на доводната топла вода и не на 15 степени туку минимум на 40 степени. ако падне температурата под 40 степени да ја исклучи пумпата додека не се собере овторно акумулација за да тргне, а по мое јас кај мене ја имам ставено на 55 степени. тоа е прво... јас истиов овој или сличен на него термостат го користам за палење и гасење на системите од греење, ама во целата прикаска пумпата врти постојано. значи за да мери тој точно, мора водата во цевката да се движи.
второ... за намената која тебе ти треба, треба да набавиш ДИФЕРЕНЦИЈАЛЕН термостат исклучиво со 2 СОНДИ. едната се става на топлата вода на довод во циркулација, а другата сонда се става да го мери бојлерот. диференцијалниот термостат ке вклучува и исклучува ЕЛКЕТРОМАГНЕТЕН ВЕНТИЛ кој се поставува на било која цевка на приклучоците од парно кон бојлерот. елкетро магнетниот вентил чини од 30 евра па нагоре, а диференцијалниот термостат чини од 65 евра па нагоре. така со овој термостат ке регулира автоматски и секогаш бојлерот ке ти биде загреан на максимумот што е понуден од доводот на топла вода... на овој начин сум успеал на луге бојлерите да им ги загреам до 85 степени... тоа е стварно не топла, ами врела вода.. со 100 литарски бојлер да се избања цело семејство...

ова е електро магнетниот вентил. го има на отвори со половина цол и тричетвртини цол. во принцип сите бојлери се на половина цол, до 100 литри. понатака, за поголеми од производител до производител е различно. значи за кај тебе треба ваков.


oова се некои диференцијални термостати. ги има многу на избор. во принцип сите ти покажуваат моментална температура на бојлер и моментална температура на довод на топла вода од парното. истите овие се користат и за соларни системи и работат на истиот начин. ја мери температурата на бојлерот и температурата на соларот. а работи вака:
кога доводот на топла вода е потопол од бојлерот он ке го отвори еллкетромагнетниот вентил (или ке ја вклучи пумпата на соларот кога соларот е потопол) и ке пушти топла вода или антифирз низ изменувачот на бојлерот. и тоа се штелова да има диференција на минимум 4 до максимум 8 степени од довод до бојлер. чим ке падне разликата помала од дадената диференција (да речеме 4степени) значи доводот на топла вода од парно, чим се намали на само 3 степени да е потопла од бојлерот он го исклучува вентилот и ја запира циркулацијата кон бојлерот. така, топлата вода во бојлерот застанува тука, парното не ја лади и секогаш се достигнува врвот од она што може парното (соларните панели) да го понуди.
ова е нај правилниот начин за поставување на бојлер на парно... да ви предочам само дека јас бојлер на парно препорачувам само:
-парно на дрва
-парно на нафта
-парно на гас
се што е комбинација на струја, вклучувајки го тука и кано системот, не е препорачливо да имате бојлер на парно, бидејки со струја потрошена го греете бојлерот и не заштедувате ништо, бидејки и самиот бојлер би се загреал со сопствениот греач на струја, а додека го греете од парното дополнително го успорувате греењето на радијаторите и се оддолжува временскиот период на загревање на просториите...
трета работа е опција со електро моторен вентил. тој е комплетно бесшумен и мнооогу долго трае. ги има два типа. првиот е:

тип на елкетромоторен вентил кој работи со диференцијален термостат исто како и елкетро вентилот, а вториот тип е:

електромоторен вентил со вграден дифернцијален термостат. конкретно овој на сликата е поевтин и е механички, т.е. контролата за температурите е механичка. чини околу 220 евра, а секако има и во дигитална верзија а тој би бил оваков:

и кошта дупло повеке од механичкиот...
сакате уште пософистицирана технологија ЗА ДА ДОБИЕТЕ ТОПЛА ВОДА за бањање?

сериозен сум.. има уште многу... тек почнав, а веке се уморив...

ај доста е...