Дали има некој искуство со топлинска пумпа? Сакам да го заменам електричниот котел за моноблок 8-9кВ. Ако имате предлог бренд/фирма/мајстор кои работат со зелените кредити ќе ве молам пишете.
Sent from my SM-S938B using Tapatalk
многу е битно да одбереш точна моќност, а за тоа ќе си направиш добра калкулација колку топлина ти бега, а тоа нормално ти зависи од квадратура, столарија, подно / радијатори / фенкоилери, фасада итн.
со AI можеш да дојдеш до некои груби бројки што ќе ти биде доволно. Неколку мајстори што дојдоа кај мене демек да го видат просторот, сфатив дека врска немаат што зборат, и кај луѓе што ни малку не се разбираат, многу добро им проаѓа.
за кај мене сите брендови што се нудат на пазар кај нас беа во игра, ама само тошиба остана по пат на елиминација. беа меѓу поскапите, но има и зашто.
Gree ми беа на второ место според вложено / добиено.
Колку што успеав да истражам, а истражив доста детално - Тошиба се едини кои можат да испорачаат и до 10% топлина односно да го регулира компресорот од 10-100%.
тоа значи дека нема да ти влага често во cycling туку само ќе ја намали фрекфенцијата на компресорот, а со тоа и потрошувачката, према потребната топлина што треба да ја оддаде.
за мајстор не би ти ги препорачал што беа кај мене, ниту пак фирмата.
иди си директно во енергија и добро исценкај се, биди упорен.
они си имаат свои мајстори така да можеш со нив да завршиш работа.
Јас земав преку можности со 30% поврат ама последно што прашав, беа стопирани со грантовите. овие другиве GEFF мислам дека даваат 15% за една ставка. и коа ќе земеш еднократни трошоци, за обработка, одобрување и што уште не, плус камата на ратите додека има поврат, нема да ти се исплати.