Рикна климата, односно компресорот не е токму. Прв знак беше летово со капењето од внатрешна единица, оправено со додавање фреон, но во Саботата кога ја пуштив на греење, исклучуваше по 1 минута работа, као да има вишок фреон...како и да е, си отслужи 15 години.
Буџет до 30к за нова клима, издишав годинава, испорикаа многу апарати во рок од неколку месеци.
Оќорев пребарувајки, споредувајки, сите се тука некаде на папир.
Мислам дека изборот ќе ми биде Грее Пулар еко12, внатрешната единица е најблизу по димензии со старата. Освен бучавоста, друго не знам на што да обрнам внимание и да биде одлучувачки фактор во изборот.
За греење се користи се додека не падне дневна температура испод 5 степени, односно ноќна испод 0, се префрлувам на парно, така да не ми требаат којзнае какви перфоманси за во минус.
Предлог?