Што е тоа пресилно
Како и да е, викнав сервис очекувајки дека ќе го чистат саќето, пошто деновиве започна повеќе да капе од внатрешната единица, а капките се слеваа од позади вентилаторот, за случајов пишував пред околу месец дена при што упорно го чистев навидум чистото

Сервисерите разгледуваа и кога видоа дека мрзне, констатираа недостаток на фреон.
Не ми се веруваше, ме изненадија

Немаа соодветен фреон, од 2006 е климата.
Пред малку се вратија, надополнија, и еве не мрзне веќе внатрешната, а богами и слевањето капки го снема.
Кога се отопувал мразот од најгорниот дел од саќето, ситни капки вода паѓале врз вентилаторот и овој ги нанесувал на пластиката позади него...
Ете, научив уште една работа, внатрешната единица не треба да мрзне
