Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1378232 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55278
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4470 на: 10 Ноември 2020, 07:08:29 am »
Има, да. Јас.

И имаш пробано да видиш која е разликата?
Секако. Дури и обратно правам. Бидејќи има контролер на колку да оди самата во колку часот.
Во 22ч оди на 26ц
Во 07ч оди на 24ц
Во 14ч оди на 26ц
Во 16ч оди на 24ц.
Го користи принципот на термоакумулација на предметите и ѕидовите. Така излегува најефтино. И логично е, печките така работеа од многу одамна. Барем за мене се разбира.

Имам надворешна изолација  8цм фасада и внатрешна 5цм кнауф и минерална волна. Ако ја намалам од 25 на 21 степен во 8 саат вечер, собата се лади на 21 степен во 1, 1:30 навечер.
Мене чудното ми беше што надворешната единица врти доста брзо. Комшиските клими како поспоро да им врти перката, што знам...

Сакам деновиве да земам од тие што мерат потрошувачка, ама да најдам некое што има и историја претходни денови. @Deni твоето какво е и од кај го зема?

Минатиот месец сметката за струја беше 1500 ден, вчера ми дојде за минатиот месец  3 300. 
1800 денари плус, со цел ден греење на климата дека од дома работам и навечер пуштаме панелка 1.5кв во спална. Климата ја намалуваме во дневна.
Не гледај оваа година сметки. Или читај си сам од броило. Кај мене стигнуваат рандом, па порамнуваат. Бидејќи веројатно не читаат секој месец, и според нивната политика еднаш годишно треба да порамнувааат (читаат). И на ЕВН имаш да си пишеш бројки за своето броило.

Мене ми е земено пред 3-4 години од Анхоч. Има луѓе и со многу покомплексни мералки, зависи колку сакаш графици да ти црта, со апликација да се врзува и слично. Мене ништо од тоа не ми е потребно. Моето чита моментална и на одреден период од ресетирање. И си гледав (сега веќе знам како се движат) и си тераш работа. А најубаво е и да не се замараш до толку, терај си како ти одговара и тоа е тоа. Ако постојано работи климата 24/7 со температура над 22ц (може 23-24-25-26-27 сеедно) би требало да е се во ред, макар и по некогаш да креваш над таа бројка. Целата поента е да работи на пониско оптеретување, со други зборови што е можно повеќе часови, а на понормална температура. Тоа овозможува од една страна повисок COP на инвертерот. Со форсаж COP му е 2.5, а со тековна работа 3.5 (ова се некои минимуми за ефтина клима). А пократ тој зголемен COP, е и употребата на ефтината тарифа која „привидно“ ти го дуплира тој COP.
« Последно менување: 10 Ноември 2020, 08:23:21 am Deni »

Отсутен Astraion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 678
  • Pixel Perfect.
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4471 на: 12 Ноември 2020, 03:19:52 am »
Сѐ зависи од температурата надвор.
Завчера мислам темп вечерта падна до кај 3-4, климата вклучена цел ден, и за 24ч (спрема апликацијата на Broadlink SP3S) потрошила околу 15KW/h или спрема скапа/евтина тарифа излегува околу 70-80ден. на ден.
Цел спрат пвц + 5цм стиропор надвор, втор спрат куќа, 60 квадрати. Климата е 18ка Вивакс АЕРИ, преку ден дува на 25-26 (зависи колку е ладен денот), за спиење 23-24, цело време е на втора брзина вентилаторо оти е во долго претсобје.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4472 на: 12 Ноември 2020, 16:31:06 pm »
Сѐ зависи од температурата надвор.
Завчера мислам темп вечерта падна до кај 3-4, климата вклучена цел ден, и за 24ч (спрема апликацијата на Broadlink SP3S) потрошила околу 15KW/h или спрема скапа/евтина тарифа излегува околу 70-80ден. на ден.
Цел спрат пвц + 5цм стиропор надвор, втор спрат куќа, 60 квадрати. Климата е 18ка Вивакс АЕРИ, преку ден дува на 25-26 (зависи колку е ладен денот), за спиење 23-24, цело време е на втора брзина вентилаторо оти е во долго претсобје.

Broadlink SP3S од Али ти е или од тука? Како си задоволен?

Отсутен Astraion

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 678
  • Pixel Perfect.
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4473 на: 13 Ноември 2020, 12:53:23 pm »
Сѐ зависи од температурата надвор.
Завчера мислам темп вечерта падна до кај 3-4, климата вклучена цел ден, и за 24ч (спрема апликацијата на Broadlink SP3S) потрошила околу 15KW/h или спрема скапа/евтина тарифа излегува околу 70-80ден. на ден.
Цел спрат пвц + 5цм стиропор надвор, втор спрат куќа, 60 квадрати. Климата е 18ка Вивакс АЕРИ, преку ден дува на 25-26 (зависи колку е ладен денот), за спиење 23-24, цело време е на втора брзина вентилаторо оти е во долго претсобје.

Broadlink SP3S од Али ти е или од тука? Како си задоволен?
Од Али го порачав стигна пред месец. Треба да го избереш моделот SP3S за да ти дава мерења, другиот модел нема.
https://www.aliexpress.com/item/32615218470.html
За парите е одличен, му ставаш јузер и пасс од ВиФи-то и се закачува инстантно.

Користам две апликации паралелно, мерењата се различни за нијанса.
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.broadlink.rmt
https://play.google.com/store/apps/details?id=cn.com.broadlink.econtrol.international

Отсутен Vwlover

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 622
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4474 на: 20 Ноември 2020, 23:58:38 pm »
Препорачајте оџачар кој добро си ја знае работата

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4475 на: 27 Ноември 2020, 09:04:18 am »
Сабајле видов дека на надворешната единица смрзнало и се затнало доле тоа цевчето кај што истекува водата. Некако го заштитувате да не мрзне или нема проблем? Кај истекува водата тогаш?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45035
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4476 на: 27 Ноември 2020, 09:12:32 am »
Се цеди од тацната неконтролирано. И јас го имам истиот проблем, при монтажа на климата ми направиле мев на цревото, кај што лежи вода и смрзнува, па кога ќе се напуни тацната си цеди вода неконтролирано. Најинтересно е кога ќе лупне дефростот, 3-4 литри вода наеднаш се исцедуваат :D
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 916
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4477 на: 27 Ноември 2020, 09:14:33 am »
Извади го пластичниот приклучок зимно време и откачи го цревото за да капе водата слободно и да не мрзне

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4478 на: 27 Ноември 2020, 09:44:00 am »
Нема црево, само тоа пластичното коленце. Не ставив црево додатно баш заради мрзнењето.
И јас на дефрост приметив пред некој ден дека литар вода истече, ама сега нема кај да истече таа вода

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55278
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4479 на: 27 Ноември 2020, 10:17:16 am »
До сега сигурно е одмрзнато и се си истекло.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 916
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4480 на: 27 Ноември 2020, 10:20:05 am »
Нема црево, само тоа пластичното коленце. Не ставив црево додатно баш заради мрзнењето.
И јас на дефрост приметив пред некој ден дека литар вода истече, ама сега нема кај да истече таа вода
Извади го пластичното коленце, го намалува протокот и мрзне водата.

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2854
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4481 на: 29 Ноември 2020, 07:25:40 am »
Мала помош ако може.
Ми треба податок од некое стручно лице да ми каже која треба да е топлината на водата која движи низ затворен систем за да затоплам просторија (20-30 квадрати) со фенкојлери.Фенкојлерите се со моќност од 2 и 3 киловати.
 

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55278
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4482 на: 29 Ноември 2020, 07:47:28 am »
Треба да има спецификација за моделот и тие 2kw или 3kw да е кажано при која температура на вода може да ги испорача.

Вака нешто би изгледала таква табела.



Со 40ц 1.4кв, со 50ц 2.37кв, со 60ц 3.09кв и така наматму. Тоа и плус протокот на вода колкав е. Ама во секој случај треба моделот и спецификацијата да се види. Обично се рачуна на 55ц вода, ама неможам да кажам со сигурност.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7396
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4483 на: 29 Ноември 2020, 09:16:25 am »
Ако е топлинска пумпа тогаш иди на што пониска температура, така е најекономично, повеќе време да работи на пониска температура водата да биде, пр.45°C.

Ако не постигнува тогаш зголеми ја температурата. Топлинските пумпи не сакаат високи излезни температури на вода, трошат многу повеќе енергија.

Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1030
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4484 на: 29 Ноември 2020, 10:45:12 am »
Мала помош ако може.
Ми треба податок од некое стручно лице да ми каже која треба да е топлината на водата која движи низ затворен систем за да затоплам просторија (20-30 квадрати) со фенкојлери.Фенкојлерите се со моќност од 2 и 3 киловати.
Можеш да си местиш сам излезна температура? Јас почнувам од 30 степени и ако не можат да постигнат покачувам за 1 степен. Сега со 33 степени постигнувам 24 степени ама 24/7 работат фенкоилерите.

Sent from my Pixel 2 XL using Tapatalk