Дечки, ми треба еден панел за греење на посебна соба (да не му пречиме на ученикот дома), собата каде што седи е околу 4м х 3м х 2.5 висина.
Гледав денес панелни греалки и малку ме збунија:
Во Агротехна најефтино имаат некои Сенатор 2500W за 2400 денари (демек Германски, ваљда склопени во Кина), 1 година гаранција.
Во Техномаркет имаат: Bauer 2500W за 3200 денари (1 година гаранција, демек Германски пак склопени во Кина).
https://www.tehnomarket.com.mk/product/1905651/bauer-ph-2500w-panel-grealkaВо Техномаркет исто имаше Iskra 2500W на акција за 3333 денари (2 години гаранција)
https://www.tehnomarket.com.mk/product/740871/iskra-pn-2500-w-grealkaВо Техномаркет ја немаше тука во салонот, но имало во Магацина LIAL 2500W, 2400 денари 1 година гаранција, појма немам каде се произведени (ваљда Кина или Турција).
Во Нептун Фуего 2500W, 1 година гаранција 2100 денари
https://www.neptun.mk/categories/PANELNI_GREALKI/FUEGO-PN-2500И после овие веќе доаѓаат со двојно и повеќе повисоки цени од брендовите: Thermor, AIRELEC (5300 денари 2500W ми ја пофали многу вработената, 2 години имала гаранција целата + 5 години на грејачите и за оваа ми гарантираше дека ќе ја згрее собата како примарно греење).
Што мислите, дали вреди да фрлам уште 3000ки повеќе, или може да поминам и со некоја од греалкиве погоре? Оваа година лаптопи, појак интернет и уште ова фалеше
П.С има разлика во системот на работа меѓу овие од 2500-3000 денари во однос на овие AIRELEC или само брендот е во прашање?