Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1055782 пати)

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4455 на: 30 Октомври 2020, 22:52:16 pm »
Јас имам имам фуего/нептун(фуш е да) 2.5 ка и без проблем стоплува соба со малку поголема квадратура од твојата, на тетка ми е и земав исто 2.5 ка од "брендот" на сетек ST  и  на двете им мењав термостат(само тоа има внатре термостат и греачи), така да секако кај фушов ќе дадеш уште толку за поправки. Поука од приказната нели сиромавиот дупло плаќа или ако можеш да си дозволиш земи нешто поасално, од друга страна би ти препорачал Tesy(бугарски се) но нема никаков проблем веќе 8 години.

на старите им земав од пластичарска tesy за загревање на соба со слични димензии (во куќа во која само таа соба ја затоплуваат) мислам 5 зими дека тера до сега и уште е жива

Отсутен BildeR

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4456 на: 30 Октомври 2020, 22:59:52 pm »
Ја греалка на дување теси користам 5 години, треба редовно чистење со компресор и ја зедов 700 денари. Ама сепак е фуш, напед се истопи пластиката, но не ми смета. За 7000 не верувам дека ќе земиш асолен камин, поарно во електрична греалка да ги инвестираш, за 100 еу би требало да најш солидна греалка. И ја су за стиебел електрон, од нептун најверојатно.
Искрено и се мислам на Искрата дали да ја земам, има 2 години гаранција, барем тие 2 ако ги изгура па после ќе му ја мислам за друго :D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10409
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4457 на: 30 Октомври 2020, 23:19:20 pm »
Старите имаа некој термо осигурач, обавезно прегоруваше, на сите им го премостив, работат уште, иако е строго НЕ препорачливо. Новиве може го решиле тој проблем.
То што велиш, за 2 години да сме здрави и живи, нека истера толу, па за после, после ќе се думаме :)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4458 на: 09 Ноември 2020, 18:00:09 pm »
Надворешната единица на инвертерот како да врти цело време брзо и се слуша бучење, како да е на некој јак мод. Може нешто грешам, ама за греење како е најекономично да се користи?

Моментално:
Навечер намалуваме на 21-22 степени, сабајле кога ќе станеме местиме на 25-26 степени и така преку ден. Од 21 до 25-6 за соба од 45 квадрата постигнува за 8-10 минути.
Вентилаторот е на Ауто цело време. (Може тука треба нешто да сменам)

Имам Haier Thundra 5.5

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4459 на: 09 Ноември 2020, 18:02:34 pm »
Добро е наместена. Иако навечер не треба да се намалува бидејќи е ефтина струја и тие киловати ќе ги работи на ефтина. Стави 24 и остави ја. Ако ти застуди стави 25. Ако ти е топло стави 23.

Генерално тоа е тоа.

Отсутен JezuzNoChill

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 995
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4460 на: 09 Ноември 2020, 19:47:39 pm »
Ефтина струја не значи бесплатна. Ако нема потреба од температурата нека си ја намалува.

Плус тоа навечер е доста помалку ефикасна климата заради температурната разлика.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4461 на: 09 Ноември 2020, 19:53:14 pm »
Ефтина струја не значи бесплатна. Ако нема потреба од температурата нека си ја намалува.

Плус тоа навечер е доста помалку ефикасна климата заради температурната разлика.
Просторот ќе се олади и потоа климата ќе работи сабајлето со понизок ЦОП, и згора на тоа на скапа струја.

Ако зборуваме за економичност, не треба да се исклучува, бидејќи така греењето излегува поскапо. Согласно погоре кажаното.

Отсутен JezuzNoChill

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 995
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4462 на: 09 Ноември 2020, 20:10:34 pm »
Не ја исклучува ја намалува.

Си пиша на скапа струја е 8-10 минути наспроти цела вечер 8 саати да работи. Плус навечер намален губиток на топлина заради помала температурна разлика внатре/надвор.

Имаше тука некои корисници на форумов им е поврзана климата на штеќер со мерач за потрошувачка баш нека споредат во период од 24 часа дали со намалување навечер наспроти оставање 24 часа иста температура кое ќе потроши помалку. Таман времево се погоди со константна дневна/ноќна температура.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4463 на: 09 Ноември 2020, 20:25:49 pm »
Има, да. Јас.

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 238
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4464 на: 09 Ноември 2020, 20:42:11 pm »
Надворешната единица на инвертерот како да врти цело време брзо и се слуша бучење, како да е на некој јак мод. Може нешто грешам, ама за греење како е најекономично да се користи?

Моментално:
Навечер намалуваме на 21-22 степени, сабајле кога ќе станеме местиме на 25-26 степени и така преку ден. Од 21 до 25-6 за соба од 45 квадрата постигнува за 8-10 минути.
Вентилаторот е на Ауто цело време. (Може тука треба нешто да сменам)

Имам Haier Thundra 5.5
Стави ја на 23-24 и вентилаторот на втора и заборави ја.

Отсутен JezuzNoChill

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 995
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4465 на: 09 Ноември 2020, 20:52:57 pm »
Има, да. Јас.

И имаш пробано да видиш која е разликата?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4466 на: 09 Ноември 2020, 21:36:51 pm »
Можеби постигнува во моментот за 10 минути, но во текот на денот почесто ќе вклучува поради подоладени ѕидови.

Кога ја пуштив пред 3 недели во погон климата во собата на детето, првиот ден често се вклучуваше, на секои 15 минути. Утредента се стабилизираше и вклучуваше на секои 30 до 40 минути.

Работат нонстоп, подесени на 24 степени и двете клими, односно пуштени и заборавени 8)
« Последно менување: 09 Ноември 2020, 21:58:47 pm Mikius »

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4467 на: 09 Ноември 2020, 21:50:14 pm »
Надворешната единица на инвертерот како да врти цело време брзо и се слуша бучење, како да е на некој јак мод. Може нешто грешам, ама за греење како е најекономично да се користи?

Моментално:
Навечер намалуваме на 21-22 степени, сабајле кога ќе станеме местиме на 25-26 степени и така преку ден. Од 21 до 25-6 за соба од 45 квадрата постигнува за 8-10 минути.
Вентилаторот е на Ауто цело време. (Може тука треба нешто да сменам)

Имам Haier Thundra 5.5

цепај си така без да ја исклучуваш
ако ти е подесена на тајмер топ
ако не ти е подеси ја и заборави ја  ;)

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4468 на: 09 Ноември 2020, 22:35:07 pm »
Имам надворешна изолација  8цм фасада и внатрешна 5цм кнауф и минерална волна. Ако ја намалам од 25 на 21 степен во 8 саат вечер, собата се лади на 21 степен во 1, 1:30 навечер.
Мене чудното ми беше што надворешната единица врти доста брзо. Комшиските клими како поспоро да им врти перката, што знам...

Сакам деновиве да земам од тие што мерат потрошувачка, ама да најдам некое што има и историја претходни денови. @Deni твоето какво е и од кај го зема?

Минатиот месец сметката за струја беше 1500 ден, вчера ми дојде за минатиот месец  3 300. 
1800 денари плус, со цел ден греење на климата дека од дома работам и навечер пуштаме панелка 1.5кв во спална. Климата ја намалуваме во дневна.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4469 на: 09 Ноември 2020, 23:12:58 pm »
Со овие температури и потрошувачка на струја имам проекција да ми стигне сметка за трите клими, калорифери во купатила, плус двете сушари во период од 20ти до 20ти (преостануваат уште 10 дена) околу 3.000 денари, односно дупло од месеците без греење.
Моите се на приземје, јас сум на спрат, но на еден струјомер.

Сите 3 клими се обични, или како ги викаат он/оф, пуштени 24/7.

Кога ќе залади повеќе преоѓам на парно.