Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1055790 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4440 на: 10 Октомври 2020, 00:11:27 am »
Да, има истечено киселина од батеријата и не работи сега.

Sent from my Pixel 2 XL using Tapatalk



Се сетив.
Провери си што имаат по толку време :)

Компанија Бими
Македонија, Скопје 1000
02 260 0125
https://maps.app.goo.gl/WiF9GrCjLmkAPZWc9

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4971
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4441 на: 23 Октомври 2020, 21:16:10 pm »
Со циркузантиве од БЕГ никако неможеме да се оправиме, иако пола град имаше греење кај нас каснеа скоро недела дена без никаква причина да биде објавена. Сега моментално има многу слабо греење. Уште еден феномен не ми е јасен: До сега секогаш топлата вода влегувала во горниот дел на радијаторот, сега долната цевка е потопла од горната и тоа на сите вертикали... Како е можно ова и дали е некаков проблем?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2325
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4442 на: 23 Октомври 2020, 21:50:41 pm »
@nikola_bb Во кој реон си, кај мене во Аеродром во нова зграда, наутро има греење ама се приметува дека не е со полн капацитет, а попладне воопшто нема. Пробав да испуштам воздух ама сите радијатори беа во ред од таа гледна точка. Баш ме интересира следните денови како ќе биде. Кога сме веќе на темата, да не знае некој кај може да го купам тоа како клуч за испуштање воздух, последниот пат го позајмив.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4971
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4443 на: 23 Октомври 2020, 22:26:58 pm »
Јас сум во Карпош

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4444 на: 23 Октомври 2020, 22:43:55 pm »
Во разводната станица има некој проблем, таа не шалта како треба.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2325
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4445 на: 24 Октомври 2020, 22:04:07 pm »
Во разводната станица има некој проблем, таа не шалта како треба.
Разводна станица на ниво на град Скопје или разводна станица во зградата, не знам како функционира системот
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4446 на: 25 Октомври 2020, 00:20:48 am »
Во разводната станица има некој проблем, таа не шалта како треба.
Разводна станица на ниво на град Скопје или разводна станица во зградата, не знам како функционира системот

Vo zgrada takozvana podstanica, od nea zavisi kolku toplina ke isporaca nagore

Отсутен BildeR

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4447 на: 30 Октомври 2020, 20:54:57 pm »
Дечки, ми треба еден панел за греење на посебна соба (да не му пречиме на ученикот дома), собата каде што седи е околу 4м х 3м х 2.5 висина.

Гледав денес панелни греалки и малку ме збунија:
Во Агротехна најефтино имаат некои Сенатор 2500W за 2400 денари (демек Германски, ваљда склопени во Кина), 1 година гаранција.
Во Техномаркет имаат: Bauer 2500W за 3200 денари (1 година гаранција, демек Германски пак склопени во Кина).
https://www.tehnomarket.com.mk/product/1905651/bauer-ph-2500w-panel-grealka
Во Техномаркет исто имаше Iskra 2500W на акција за 3333 денари (2 години гаранција)
https://www.tehnomarket.com.mk/product/740871/iskra-pn-2500-w-grealka
Во Техномаркет ја немаше тука во салонот, но имало во Магацина LIAL 2500W, 2400 денари  1 година гаранција, појма немам каде се произведени (ваљда Кина или Турција).
Во Нептун Фуего 2500W, 1 година гаранција 2100 денари
https://www.neptun.mk/categories/PANELNI_GREALKI/FUEGO-PN-2500

И после овие веќе доаѓаат со двојно и повеќе повисоки цени од брендовите: Thermor, AIRELEC (5300 денари 2500W ми ја пофали многу вработената, 2 години имала гаранција целата + 5 години на грејачите и за оваа ми гарантираше дека ќе ја згрее собата како примарно греење).

Што мислите, дали вреди да фрлам уште 3000ки повеќе, или може да поминам и со некоја од греалкиве погоре? Оваа година лаптопи, појак интернет и уште ова фалеше :)

П.С има разлика во системот на работа меѓу овие од 2500-3000 денари во однос на овие AIRELEC или само брендот е во прашање?

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4448 на: 30 Октомври 2020, 21:04:38 pm »
Не е подобро уљен радијатор, ради safety?

Отсутен BildeR

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4449 на: 30 Октомври 2020, 21:08:06 pm »
Не е подобро уљен радијатор, ради safety?
Не се разбирам воопшто, овие погоре се опасни?

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10409
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4450 на: 30 Октомври 2020, 22:06:43 pm »
Ако ти падне хартија на пример во решетката, што е тешко но не и невозможно.

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 206
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4451 на: 30 Октомври 2020, 22:11:54 pm »
Јас имам имам фуего/нептун(фуш е да) 2.5 ка и без проблем стоплува соба со малку поголема квадратура од твојата, на тетка ми е и земав исто 2.5 ка од "брендот" на сетек ST  и  на двете им мењав термостат(само тоа има внатре термостат и греачи), така да секако кај фушов ќе дадеш уште толку за поправки. Поука од приказната нели сиромавиот дупло плаќа или ако можеш да си дозволиш земи нешто поасално, од друга страна би ти препорачал Tesy(бугарски се) но нема никаков проблем веќе 8 години.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6375
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4452 на: 30 Октомври 2020, 22:24:49 pm »
Tesy кај братучед е или дефектна или шит.
А Термор кај сестра ми исто или дефектна или шит, ама си купија Stiebel Eltron како луѓе.

Отсутен BildeR

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4453 на: 30 Октомври 2020, 22:42:05 pm »
Јас имам имам фуего/нептун(фуш е да) 2.5 ка и без проблем стоплува соба со малку поголема квадратура од твојата, на тетка ми е и земав исто 2.5 ка од "брендот" на сетек ST  и  на двете им мењав термостат(само тоа има внатре термостат и греачи), така да секако кај фушов ќе дадеш уште толку за поправки. Поука од приказната нели сиромавиот дупло плаќа или ако можеш да си дозволиш земи нешто поасално, од друга страна би ти препорачал Tesy(бугарски се) но нема никаков проблем веќе 8 години.
Не знам искрено, не дека сум во можност многу да се опуштам.
Во куќата се грееме на дрва, од друга страна ако морам да потрошам 6-7 000 денари за панелка би земал од тие камините што се по 6-7 000 денари, тоа знам сигурно дека ќе стопли, барем на ист огрев ќе биде и таа соба.
Пријател ја има LIAL, додуша има и клима и оваа ја користи само како за догревање и вика дека е задоволен во овие 3 години.


Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10409
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4454 на: 30 Октомври 2020, 22:48:38 pm »
Ја греалка на дување теси користам 5 години, треба редовно чистење со компресор и ја зедов 700 денари. Ама сепак е фуш, напед се истопи пластиката, но не ми смета. За 7000 не верувам дека ќе земиш асолен камин, поарно во електрична греалка да ги инвестираш, за 100 еу би требало да најш солидна греалка. И ја су за стиебел електрон, од нептун најверојатно.