Има, да. Јас.
И имаш пробано да видиш која е разликата?
Секако. Дури и обратно правам. Бидејќи има контролер на колку да оди самата во колку часот.
Во 22ч оди на 26ц
Во 07ч оди на 24ц
Во 14ч оди на 26ц
Во 16ч оди на 24ц.
Го користи принципот на термоакумулација на предметите и ѕидовите. Така излегува најефтино. И логично е, печките така работеа од многу одамна. Барем за мене се разбира.
Имам надворешна изолација 8цм фасада и внатрешна 5цм кнауф и минерална волна. Ако ја намалам од 25 на 21 степен во 8 саат вечер, собата се лади на 21 степен во 1, 1:30 навечер.
Мене чудното ми беше што надворешната единица врти доста брзо. Комшиските клими како поспоро да им врти перката, што знам...
Сакам деновиве да земам од тие што мерат потрошувачка, ама да најдам некое што има и историја претходни денови. @Deni твоето какво е и од кај го зема?
Минатиот месец сметката за струја беше 1500 ден, вчера ми дојде за минатиот месец 3 300.
1800 денари плус, со цел ден греење на климата дека од дома работам и навечер пуштаме панелка 1.5кв во спална. Климата ја намалуваме во дневна.
Не гледај оваа година сметки. Или читај си сам од броило. Кај мене стигнуваат рандом, па порамнуваат. Бидејќи веројатно не читаат секој месец, и според нивната политика еднаш годишно треба да порамнувааат (читаат). И на ЕВН имаш да си пишеш бројки за своето броило.
Мене ми е земено пред 3-4 години од Анхоч. Има луѓе и со многу покомплексни мералки, зависи колку сакаш графици да ти црта, со апликација да се врзува и слично. Мене ништо од тоа не ми е потребно. Моето чита моментална и на одреден период од ресетирање. И си гледав (сега веќе знам како се движат) и си тераш работа. А најубаво е и да не се замараш до толку, терај си како ти одговара и тоа е тоа. Ако постојано работи климата 24/7 со температура над 22ц (може 23-24-25-26-27 сеедно) би требало да е се во ред, макар и по некогаш да креваш над таа бројка. Целата поента е да работи на пониско оптеретување, со други зборови што е можно повеќе часови, а на понормална температура. Тоа овозможува од една страна повисок COP на инвертерот. Со форсаж COP му е 2.5, а со тековна работа 3.5 (ова се некои минимуми за ефтина клима). А пократ тој зголемен COP, е и употребата на ефтината тарифа која „привидно“ ти го дуплира тој COP.