Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1201616 пати)

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7226
  • French diamond
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4065 на: 08 Јануари 2020, 17:20:37 pm »
Најобична пластична брза спојка од 50-60 денари ќе ти збрка работа,го вадиш тоа машкото метално што е моментално на чешмата и на негово место го монтираш пластичното што ќе го купиш, едно црево обично градинарско, на него го монтираш женското од брзата спојка и пумпај  :)



И обично црево можиш да му прикачиш  директно на металното што е сега, без никаква спојка, само стегни го со пластична стега(шпагета), за да не го избива притисокот.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4066 на: 08 Јануари 2020, 20:43:27 pm »
Жив и здрав да е @Спенсер, донесе црево испивме две пива, средивме работа.

До немање доволно вода била работата.

Немавме како да закачиме црево за ниедна од чешмите, па цревото го натакнавме на цревото од тушот, тоа беше најтенко.

Две стеги тука, две стеги (везици) на другиот крај и издржа притисок од 2 бар.
Испуштивме воздух еднаш, дополнивме вода и еве, радијаторите на 55 степени си стојат.

Ќе отвараме фирма за парно со Спенсот, ни оди работава. ;D


Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5205
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4067 на: 08 Јануари 2020, 20:56:36 pm »
На колку притисок се полнат домашниве системи?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4068 на: 08 Јануари 2020, 21:11:55 pm »
Од тоа што читав вчера, ако водата не треба да качува катови, од 1.0 до 1.5 бар. Ако треба да качува, 1.8 до 2.0. Нека ме поправат ако грешам. Има ли врска притисокот на водата со ефикасноста?

Според вас, на која температура на вода ќе е најекономично греењето?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4069 на: 08 Јануари 2020, 21:17:47 pm »
Од тоа што читав вчера, ако водата не треба да качува катови, од 1.0 до 1.5 бар. Ако треба да качува, 1.8 до 2.0. Нека ме поправат ако грешам. Има ли врска притисокот на водата со ефикасноста?

Според вас, на која температура на вода ќе е најекономично греењето?
Не е компресибилна течноста, не се замарај. Само да нема воздух. Ефикасност кај парно е максимум 98% како и да го вртиш. Еден степен пониска температура ако сакаш поекономично да е и ајт.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3698
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4070 на: 08 Јануари 2020, 21:34:43 pm »
Од тоа што читав вчера, ако водата не треба да качува катови, од 1.0 до 1.5 бар. Ако треба да качува, 1.8 до 2.0. Нека ме поправат ако грешам. Има ли врска притисокот на водата со ефикасноста?

Според вас, на која температура на вода ќе е најекономично греењето?
Температура на вода за радијаторско од тоа што јас имам тестирано 60⁰C, подно 38-40⁰C. За еден кат доволно е 1.5bar притисок, кај мене е 2 - 2.2bar, ама на спратови. На тоа вентилче ти пасува цревото од машината за перење да знаеш за друг пат. Воздух секој пат испуштај на исклучено парно и пумпа, на штрафчето во средината на пумпата исто можеш да испуштиш ако останал некој џеб тука.

П.С. Не те прашав, како ти наплати Спенсот?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4071 на: 08 Јануари 2020, 21:39:05 pm »
Жив и здрав да е @Спенсер, донесе црево испивме две пива, средивме работа.

До немање доволно вода била работата.

Немавме како да закачиме црево за ниедна од чешмите, па цревото го натакнавме на цревото од тушот, тоа беше најтенко.

Две стеги тука, две стеги (везици) на другиот крај и издржа притисок од 2 бар.
Испуштивме воздух еднаш, дополнивме вода и еве, радијаторите на 55 степени си стојат.

Ќе отвараме фирма за парно со Спенсот, ни оди работава. ;D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Браво за Спенсер, другарчина.

Браво и за класниот што не собра волку убаи луѓе на форумов.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4072 на: 08 Јануари 2020, 23:00:59 pm »


Според вас, на која температура на вода ќе е најекономично греењето?

Низ годините тестирав повеќе модови и се обидував да ги отклонам недостатоците кои мене лично ми пречеа.

Ми пречеа големите осцилаци на температура.
Еден дел беа предизвикани од обичниот собен термостат.
Се реши со поквалитетен.
Другиот дел беа предизвикани од зададената температура на водата (65)
Се обидов со помала температура на водата, но се појави проблем со постигнување собна температура во период од повеќе часови (оладени ѕидови).
Си играв со тајмер, со различни температури на вода, притоа пратев и потрошувачка.
Увидов дека потрошувачката во сите случаи беше слична при слични надворешни температури.

Во тек на 24 часа, со зададена одредена внатрешна температура и нејзино постигнување и одржување при одредена надворешна температура, со одреден степен на изолација ќе мора да се потроши и одредена количина на енергија без разлика на различните зададени режими на работа на системот на греење.

Значи останува да се бара во кој режим ќе се чувствуваш најкомотно и најудобно.
Јас се чувствувам најкомотно кога најмалку морам да трчкарам, чепкам, преподесувам и најудобно се чувствувам со најмали осцилации на температура во просторијата.
Тоа го постигнав со зададена температура од 22 степена на термостат во дневна, со термостатски вентили во другите простории, со 45 степени на вода со овие надворешни температури и 24 часа вклучено парно.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4073 на: 09 Јануари 2020, 00:00:04 am »
П.С. Не те прашав, како ти наплати Спенсот?

Фала ти, цревото од машината е точно, да, ама кратко за наменава :)

Спенсер педерче, пиво сакаше само. Му викам дај гз ќе ти даам, тој пиво па пиво... ;D

...

Доста логично, фала ти :) Опција да мењам термостат немам, т.е. имам ама газдата на станот нема да сака, дома кај него ваљда топло е и не мисли на станов.

Затоа сакав да земам термометар, и според него да одржувам температура преку температурата на водата.

Пример, лупетам, при 58 степени вода, внатре 21 степен. При 60 на вода, 22 внатре и слично.

Иначе термостатот е крш, на 14 степени се гаси парното, а собна температура е очигледно 20 или 21.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4074 на: 09 Јануари 2020, 00:02:00 am »


Според вас, на која температура на вода ќе е најекономично греењето?

Низ годините тестирав повеќе модови и се обидував да ги отклонам недостатоците кои мене лично ми пречеа.

Ми пречеа големите осцилаци на температура.
Еден дел беа предизвикани од обичниот собен термостат.
Се реши со поквалитетен.
Другиот дел беа предизвикани од зададената температура на водата (65)
Се обидов со помала температура на водата, но се појави проблем со постигнување собна температура во период од повеќе часови (оладени ѕидови).
Си играв со тајмер, со различни температури на вода, притоа пратев и потрошувачка.
Увидов дека потрошувачката во сите случаи беше слична при слични надворешни температури.

Во тек на 24 часа, со зададена одредена внатрешна температура и нејзино постигнување и одржување при одредена надворешна температура, со одреден степен на изолација ќе мора да се потроши и одредена количина на енергија без разлика на различните зададени режими на работа на системот на греење.

Значи останува да се бара во кој режим ќе се чувствуваш најкомотно и најудобно.
Јас се чувствувам најкомотно кога најмалку морам да трчкарам, чепкам, преподесувам и најудобно се чувствувам со најмали осцилации на температура во просторијата.
Тоа го постигнав со зададена температура од 22 степена на термостат во дневна, со термостатски вентили во другите простории, со 45 степени на вода со овие надворешни температури и 24 часа вклучено парно.
Ти си го свел на ниско температурно греење. Најубаво е кога нема големи осцилации, навечер е нирмално да падне малце, ама затоа има топлина која ја оддаваат ѕидовите.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4075 на: 09 Јануари 2020, 08:04:56 am »

Иначе термостатот е крш, на 14 степени се гаси парното, а собна температура е очигледно 20 или 21.

Ако планираш подолготрочно да го држиш станот, не е лошо да инвестираш во еден дигитален термостат, макар и мануелен без тајмери и неделни викенд одмор летен-зимски модови. Заради прецизноста на регулацијата, не заради друго.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4076 на: 09 Јануари 2020, 10:05:04 am »
Да дополнам и заради сметката за струја.

На крајот на денот ти ја плаќаш а не газдата. Башка ефтина струја имаш од 2-4 и можеш додека си на раб да уклучи па после само да оддржува на скапа.

Клаберски домаќински муабети ;D

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4077 на: 09 Јануари 2020, 10:11:35 am »
Da spodeli iskustvo ako IMA nekoj, ako koristel, so nasava voda kako se spravuva  ventil za mesanje topla/ladna voda, se stava pred masina za sadovi ili alista I ako imas solar, bojler vrzan so parno vlece topla Voda I razblazuva so ladna..zasteda na struja

http://www.ebay.com/itm/Thermostatic-Mixing-Valve-Pipe-Basin-Thermostat-Water-Temperature-Control-Home/383272445326?hash=item593cd1658e:g:cloAAOSwTbFd0m2m

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4078 на: 09 Јануари 2020, 11:19:04 am »
Жив и здрав да е @Спенсер, донесе црево испивме две пива, средивме работа.

До немање доволно вода била работата.

Немавме како да закачиме црево за ниедна од чешмите, па цревото го натакнавме на цревото од тушот, тоа беше најтенко.

Две стеги тука, две стеги (везици) на другиот крај и издржа притисок од 2 бар.
Испуштивме воздух еднаш, дополнивме вода и еве, радијаторите на 55 степени си стојат.

Ќе отвараме фирма за парно со Спенсот, ни оди работава. ;D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Папучава да не била беж, тикви ќе сте завршеле работа :D

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4079 на: 09 Јануари 2020, 18:19:05 pm »
Da spodeli iskustvo ako IMA nekoj, ako koristel, so nasava voda kako se spravuva  ventil za mesanje topla/ladna voda, se stava pred masina za sadovi ili alista I ako imas solar, bojler vrzan so parno vlece topla Voda I razblazuva so ladna..zasteda na struja

http://www.ebay.com/itm/Thermostatic-Mixing-Valve-Pipe-Basin-Thermostat-Water-Temperature-Control-Home/383272445326?hash=item593cd1658e:g:cloAAOSwTbFd0m2m
Се справува, само треба и топла и ладна вода да му донесеш ,најубаво и еден термометар на излезот, да подесиш фино температурата.

За притисокот во инсталација, 1-1,5 бари е доволно доколку циркулационата пумпа и потрошувачите ти се на иста висина.

Ако има потрошувачи на прв кат рецимо, а пумпата ти е на приземје, за секој метар висинска разлика + 0,1 бар. Ако ти е пумпата на 1м висина од нулта висина (приземје), а радијаторот на 27м висина (9-ти кат), притисокот треба да е најмалку 2,7+1=3,7 бари.