Земав читав до 3 сабајле, сфатив ваљда како функционира чудово...
Одговори на вашите прашања:
- пумпата работи, го отворив капакот и се осеќаат вибрации, и малку си загрева ако работи подолго (што било нормално според луѓе по форуми)
- водата што излезе од радијаторите беше чиста, не би требало да се затнати
- парното е затворен систем, точно, и се полни со антифриз/дестилирана вода мешавина, или само дестилирана вода ако нема опасност од мрзнење (во добро изолирана зграда сум, така да нема таква опасност)
- тука е комплицираниот момент - вентил врзан со водоводот на станот нема, ама има вентилче т.е. обична чешмичка преку која (претпоставувам) во спротивен правец се полни системот под притисок. Друг начин на дотурање течност не видов, и изгледа тука ми изумираат сите надежи дека можам сам да средам нешто

Моментот "под притисок" ми е логичен зошто од тоа што читав вчера, системот треба да е под притисок од 1 бар во мирување, без вклучена пумпа. Како што ќе се загрева водата, притисокот да порасне на 1.5 до 1.8 бар.
Веројатно палењето на греачот зависи од тоа дали има притисок во системот, и затоа кај мене не се пали во моментов.
Лонг стори шорт, заебав работа со тоа што испуштив воздух (иако мислев дека добра работа правам

) зошто патем го испуштив и притисокот што системот си го имаше.
Сеа, давајте препораки за мајстор за парно што може да го среди чудово, иначе измрзнав
