Според вас, на која температура на вода ќе е најекономично греењето?
Низ годините тестирав повеќе модови и се обидував да ги отклонам недостатоците кои мене лично ми пречеа.
Ми пречеа големите осцилаци на температура.
Еден дел беа предизвикани од обичниот собен термостат.
Се реши со поквалитетен.
Другиот дел беа предизвикани од зададената температура на водата (65)
Се обидов со помала температура на водата, но се појави проблем со постигнување собна температура во период од повеќе часови (оладени ѕидови).
Си играв со тајмер, со различни температури на вода, притоа пратев и потрошувачка.
Увидов дека потрошувачката во сите случаи беше слична при слични надворешни температури.
Во тек на 24 часа, со зададена одредена внатрешна температура и нејзино постигнување и одржување при одредена надворешна температура, со одреден степен на изолација ќе мора да се потроши и одредена количина на енергија без разлика на различните зададени режими на работа на системот на греење.
Значи останува да се бара во кој режим ќе се чувствуваш најкомотно и најудобно.
Јас се чувствувам најкомотно кога најмалку морам да трчкарам, чепкам, преподесувам и најудобно се чувствувам со најмали осцилации на температура во просторијата.
Тоа го постигнав со зададена температура од 22 степена на термостат во дневна, со термостатски вентили во другите простории, со 45 степени на вода со овие надворешни температури и 24 часа вклучено парно.