@onak ги разгледував инсталацииве што ги имаш правено на фб и веб странцививе одлично сработено, ме интересира дали со еден кано систем може да се покрие долен и горен спрат од кој горниот отприлика би бил 50-60 квадрати преку сила а доле 30-40 за загревање преку сила и дали постои опција да се затвори протокот пример не се грее едниот спрат се запре протокот натака, и секако најоптимално изкористување би се постигнало кога целиот објект би бил при соодветна изолација (пвц, фасада)?, зошто сега реално просторот е греен само 35квадрати со панелка ноо не е тоа тоа воздухот е влажен и сметките солени
секако дека може. има двајца членови на форумов, што веке имаат баш таква или слична комбинација, ке си кажат они искуство, глупо е да зборам за нив. но како податоци еве:
-систем КАНО 2, тоа значи систем со две сонди. за таа квадратура околу 8 киловати ке биде електричната моќност на системот.
-на вертикалата за горниот спрат може да се постави вентили за палење и гасење на цел спрат. истите тие вентили може да бидат механички т.е. топчести, или електрични т.е. електро моторни или електровентили со клапна.
-што се однесува до изолацијата, повеќе пати сме кажале дека никогаш нема загуба од изолација т.е. инвестицијата не е фрлена у ветер, туку на долги стази се враќа и тоа повеќе кратно. а каква да ставиш (ако тоа ме праша, не те разбрав), ке мора да се консултираш со експерти од таа област, кои ке ти посочат што и како е потребно за кај тебе, ама откако ке ти ја разгледаат куќата и ке ги видат сите аспекти и “проблеми“ да ги наречеме.
можам и јас, и тоа е дел од мојата струка како термичар, но реално, немам време да се занимавам и со тоа, ионака ке се повториме со истиот муабет со оние што треба да ти направат изолација.
на следниов линк, имаш галерија со слики, гледај ги оние што имаат две исправени сонди. таков е за кај тебе.
http://kanosistemi.com.mk/galerija/позз