Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1436459 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Ладно и топло се релативни поими. Од човечки аспект, предмет со температура од ~30с на допир ќе се доживее како релативно „ладен“ (пошто е поладен од човечкото тело). Но под со температура од ~30с, дефинитивно го загрева просторот - затоа што воздухот во просторот е секако поладен од 30с. Потоплото тело го загрева поладното, нема ништо спорно во тоа.

Или првиот резултат од пребарување на нет со „floor heating temperature“ го дава следново:
The temperature of the heated floor surface is obviously much lower than that of a conventional radiator (65C to 80C), with the absolute maximum being 29C for a solid floor, or 27C for a timber floor. (Blood temperature, by comparison, is 37C.)

Во врска со здравјето, високотемпературно подно греење е лошо за проширени вени (и топлото воопшто):
https://www.veindirectory.org/article/treating-veins/varicose-veins-does-heat-hurt-or-help

Но во случајов ние зборуваме за нискотемпературно подно греење, под од 30с не смета на проширени вени. Понатаму, барав на нет ама не најдов ништо дека нискотемпературно подно греење влијае лошо (или добро) на кардиоваскуларен систем. Би било интересно да се споделат информации за ова, ако некој ги има.

Нискотемпературно подно греење е многу интересна опција за новоградби, а цените на топлотните пумпи воздух-вода се повеќе паѓаат. Алтернативно, и Кано системот веројатно би бил поефикасен во загревање на течност за подно греење (29/30с) отколку загревање на течност со температура како за во радијатор (60/70+с).
Разликата во парите, меѓу радијатори и подна инсталација со алупласт цевки, веројатно неколкукратно би се извадила со заштедата во потрошувачка на струја. Можеби уште во првите пар години? Колку што знам алупласт цевките не се премногу скапи, а квалитетни радијатори не се ни многу евтини.

Кано, не го гледаш ова како можност за заработка и влез во нов сегмент на пазарот?
Високата цена на топлотните пумпи за загревање вода, остава солиден простор за алтернативни решенија. Пошто корисниците на твоево решение се задоволни со загревање на вода до 60/70+с, сигурно би биле уште позадоволни со греење на вода до 30с.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Онак, што се правиш па и ти манга, на Дени ќе му објаснуваш за греење. Дечкото е роден сезнајко, нема тема каде што не дава "стручно" мислење, ама буквало не постои таква тема на форумот. И сето тоа би било во ред доколку неговата експертиза би се базирала на лично познавање на работите а не на најбрзото пребарување на гугл. Најтрагично е што има доста членови кои се подолг период на форумов што слепо му веруваат на се што ќе постира ама за нив е сувишно да се коментира, но има и нови членови или гости кои го читаат форумов и што неговата експертиза ја земаат здраво за готово. За жал и воља на вистината ова се толерира од администрацијата пошто се другарчиња. Шта још речи а незаплакати.

Предизвик 1 до сите членови: најдете тема во која што дечкото експерт од сите области нема давано стручен совет и јавно пред сите ќе си го повлечам моето гласно размислување и можеби ќе му се извинам.

Предизвик 2 до членот Дени: дали може Онак, јас и некој друг по твој избор да направиме увид во тоа што го збориш а во интерес на дискусијата тука, односно да дојдеме еден ден кај тебе, да видиме дали стварно грееш 80 квадрати, дали температурата е таа што ја декларираш во сите соби, дали сметката ти е таа што ја наведуваш и пар други работи. Пиво Онак ќе донесе.

Исто така ти давам фер шанса вечер до 22:00ч да го корегираш мислењето во последните неколку постови и ги напишеш вистинските вредности за греењето кај тебе објективно како што се, во спротивно со докази ќе им покажам на сите дека манипулираш и лажеш свесно. Целта зошто го правиш тоа ќе го оставам за во друга прилика.

Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Од оваа година се тие вредности што ги пишав за претходниве два-три месеци за оваа зима.
Во овој стан ја имам климава од мај некаде.

Не гледам зошто би лажел искрено. Ама можеш и ти да си дадеш свое видување за кај тебе или за кај било исто како и било кој друг.

А не ми се прибира народ по дома искрено, ако веќе правиме муабет на таа тема. Слободно можеш да не веруваш.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Добро бе и кафе ние ќе донесеме.

Јас на памет ништо не зборувам. Се што кажувам е на база на цврсти факти. Не ме познаваш лично но за твоја информација ретко некој некогаш директно да го обвинам дека лаже, обично му кажувам индиректно за да не го навредам. Во твојот случај не сакам да те навредам тебе туку на другите што те читаат и земаат памет од тебе да им покажам дека манипулираш. Зошто тоа го правиш у наредна прилика.

Да не ме разберат другите погрешно, ниту го бранам Кано, иако сум негов корисник, ниту го напаѓам начинот на греење со клими. Тие што ме познаваат знаат дека секогаш се трудам да сум објективен.

Времето тече.......
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5729
od licno iskustvo, greenje so klima 5 meseci, gore toplo dole nozete MRAZ...ne mozes da se zgrees, mozebi mozes da se dogrees...ali jbg moze gresam...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Останувам на тоа дека за Февруари сум потрошил 610w на час за греење од климата која е упалена 24ч секој ден со соодветни сетинзи. Нема ниедно друго грејно тело во овој стан. Имам мерач на климата поставен кој го мереше целиот месец од 3ти Фев до 2ри Март некаде.

Дека е 24 степени во дневна по термометаров што ми е до троседот, и околу 22 степени во спалните и вецето со отворени врати.

Баш си ги пратам ствариве и мене ме интересира колкава е разликата од лани-преклани, не дека не. (Лани со он-оф клими, преклани со електричен котел)

:)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Видеќемо, после 22ч
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Ја спомна администрацијата.

Зошто ние како администрација би му забраниле на Дени, или пак на било кој друг да даде свое "стручно" мислење на било која тема??? На членовите е да проценат на чиво мислење и на кој член ќе му го ценат мислењето на одредена тема. Се работи за јавен форум, дека сме Македонија па се знаеме дел, иначе кој што сака може да пишува и како сака да се преставува, се дур ги почитува правилата. Не можеме да казнуваме некого затоа што мисли дека знае нешто, или па глуми дека знае.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2592
Ја спомна администрацијата.

Зошто ние како администрација би му забраниле на Дени, или пак на било кој друг да даде свое "стручно" мислење на било која тема??? На членовите е да проценат на чиво мислење и на кој член ќе му го ценат мислењето на одредена тема. Се работи за јавен форум, дека сме Македонија па се знаеме дел, иначе кој што сака може да пишува и како сака да се преставува, се дур ги почитува правилата. Не можеме да казнуваме некого затоа што мисли дека знае нешто, или па глуми дека знае.

Не заебавај, Дени ви е заштитен ко бела мечка на форумов. А тоа шо го збори за климите ја искрено му верувам. Ама за оваа зима. За појака зима мало морген.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
@Banzai  Прав си. Не требаше да ве мешам. Нема љутиш.

Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Јас си кажувам од мое лично искуство. Буквално.

Баш лани зимата во другиот стан имав проблем со иста ваква клима FH35VE, прво ми ги ставија цевките една до друга неизолирани меѓу себе. Користев прениска јачина на вентилатор. Прозорите беа тиња. Неможеше да крене температура во собата иако беше на висок сетпоинт.


Затоа си се информирав како треба да се сетира климата за греење. Зошто нема кој да ти каже ако не си земеш сам да си увидиш.
Имено дека мора вратичката да е надоле насочена. Дека мора да е ставена на претпоследен или последен вентилатор. Дека мора да се цевките меѓусебе изолирани. И сето ова си го направив во другиов стан. Плус што има PVC, и изолиран кров над спратот, како и изолирана плоча одоздола. (Со подно кое не се палеше годинава)

Сега си е бања тука. Си влече климата без проблем 2060w ако ја форсирам. Си држеше 1180w пред дестина дена кога беше минус десетина. Сега дреме на 400w.

Сосема разбирам зошто луѓе мислат дека неможе да се згрее со добра клима. Јасно ми е, сум го поминал и тој дел од патот, ама увидов каде бил проблемот и истиот го решив. И ги споделувам моите искуства.

И затоа сакам да им посочам на луѓето веднаш да стигнат до бараните резултати наместо да го поминуваат истиот долг пат како мене. Најдобронамерно, најеколошко и најефтино. А зошто тоа е сфатено негативно тоа е веќе друго прашање. :)

П.С. и највеќе за да не ми труе цела населба на дрва горени цела зима.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
...Ама за оваа зима. За појака зима мало морген.

Не знам како било кај именуваниот лани. Но знам како беше кај мене. Во ниту еден момент двете клими немаа проблем во моите 70-тина м2 да одржуваат 23-24с. Сопругата беше болна неколку денови, тогаш на 27с греев во дневната.

Не разбирам зошто е толкав проблем да се разбере дека киловат топлинска енергија од клима уред е ист како киловат топлинска енергија од што и да е друго. Илјадници луѓе се греат со клима уреди, ама изгледа погласни се тие десетиците кои се заебале и земале преслаби клими за своите (поголеми) потреби. Тоа е тоа кога се купуваат 15кв ќумбиња, ама 3.5кв клима „е доволно“... И после идат приказните „абе дрво си е дрво“.  ;)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
...Ама за оваа зима. За појака зима мало морген.

Не знам како било кај именуваниот лани. Но знам како беше кај мене. Во ниту еден момент двете клими немаа проблем во моите 70-тина м2 да одржуваат 23-24с.


Веома битан моменат друже Ван. Две клими во 70 квадрати а не една.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2592
...Ама за оваа зима. За појака зима мало морген.

Не знам како било кај именуваниот лани. Но знам како беше кај мене. Во ниту еден момент двете клими немаа проблем во моите 70-тина м2 да одржуваат 23-24с. Сопругата беше болна неколку денови, тогаш на 27с греев во дневната.

Не разбирам зошто е толкав проблем да се разбере дека киловат топлинска енергија од клима уред е ист како киловат топлинска енергија од што и да е друго. Илјадници луѓе се греат со клима уреди, ама изгледа погласни се тие десетиците кои се заебале и земале преслаби клими за своите (поголеми) потреби. Тоа е тоа кога се купуваат 15кв ќумбиња, ама 3.5кв клима „е доволно“... И после идат приказните „абе дрво си е дрво“.  ;)


Во година кога имаме зима како оваа, со просечни 7c, јас верувам дека со една 3.5ка ќе поминеш цела зима и во поголем стан. Во година кога ќе имаме зима ко минатата, мало сутра. Сум се греел на дабови дрва, струја,парно и сега на инвертер. Сите прикаски ми се јасни и апсолвирани.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
„Прикаски“?
А што велиш за ИСКУСТВА?

За себе зборувам, не за друг. Со тоа што не се работи за една клима, туку за две клими.


Сум се греел на дабови дрва, струја,парно и сега на инвертер. Сите прикаски ми се јасни и апсолвирани.
И што велиш, дека ќумбе од 15 киловати грее повеќе од клима од 3 киловати?  :)

Ако просторот ти бара 15 киловати, што не си земал 3 клими од 5 киловати - па да видиме дали 15киловати од клима уреди „не греат“?   ;)