И јас имам одлично искуство со Мармилмонт.
На две коли ми местеле плински систем до сега, на првата немав никакви проблеми, и како таква ја продадов.
На вторава, многу е рано да зборам, 3 месеци има поминато само со извозени 3000 км.
Проблемот со нив е што се малку поскапи при редовно сервисирање на системот.
Пример уљето за во капалката за заштита на вентилите кај нив е 1000 денари, а во Плимонт 600 денари, филтерите беа исто поскапи во споредба со плимонт.
Инаку услугата им е многу коректна, кога бев на редовен сервис саат време ги малтретирав да ми го сетираат системот како јас што сакам, и се тоа беше пропратено со убаво објаснување од страна на Перо, за да на крај ми вика, ако не ти се свиѓа вака, дојди пак ќе штелуваме.
Штелувањето беше кога да ми префрла на бензин, ја спушташе границата на вртежите кога да почне да пушта малку бензин, ја штелуваше осетливоста на покажувачот на количина на плин, и ми објани уште колку други можности има системот.
Ги одбрав пред Плимонт и не се покајав, барем до сега.