На плинскиот систем основниот сервис се прави со промена на филтер на гасна и филтер на течна фаза, едниот се правеше на 15.000 км а другиот на 30.000 км, ако добро ме служи помнењето. Не е лошо да си ги смениш и двата пошто сега си ја зел колата, а јас би барал и да ми ги проверат цревата (дали има трага од антифриз, знае да почнат по малку да пуштаат после 5+ години), не е скапа инвестиција.
Префрлањето на плин зависи од постигнување на одредена работна температура, можеби ти треба прештелување, односно софтверско подесување (мене ова ми го правеа пр исекоја промена на филтри).
Не мора сабајле да чекаш да се префрли на плин, туку палиш кола, чекаш 30 секунди да поработи (како и за секоја кола, без разлика плин, бензин, дизел) и си тргнуваш, само ќе си префрли.