Адаптерот е оваков ваљда
https://www.google.com/search?client=opera&q=lpg+adapter&sourceid=opera&ie=UTF-8&oe=UTF-8 јас немам бидејќи со кола идам само во околниве земји, подалеку со авион, поргуглај и ќе сфатиш што и како е, јас не се разбирам ич во нив.
За Англија 100% знам дека е друго грло за плин.
Во Грција е како нашето и од пред 2 години многу бензински имаат плин така да не ти е проблем да најдеш бензинска со плин, барем не до Лариса, за подоле баш и незнам, али имаш интернет и ГПС ќе си ги најдеш од дома, ќе ги стаиш у ГПС и ќе испланираш кога и каде ќе ставаш плин.
Мојата плинска боца е 52 литра мислам, полнам во Куманово до врв и после тек во Белград, со брзо возење по автопат (150-160), низ градот малце, и на враќање во Еко после наплатната кај Бубањ Поток, и тој плин пошто е полош од македонскиот, со газење до Лесковац од 160км/х трае до макпетрол после Куманово према Скопје, таму пак ставам плин.
За до Солун полнам во Скопје до врв, пичам низ Солун и на враќање во Гевгелија полнам пак.
За Банско во Крива Паланка до врв и држи се до враќање во Крива Паланка.
При едно полнење незнам колку точно км иде низ град, на отворено зависи од тоа колку брзо ја возиш, али 480 вади. Низ град над 400 е, е сеа дали 400 рамно, 410 или нешто повеќе зависи. Имај во предвид дека мојот систем на Форестерот (Ланди маа незнам како се вика) префрла мноооогу брзо од бензин на плин, цирка 1-2 минути, и на ладен старт значи потрошњата на бензин е занемарлива). И со клим и со тврда камперска приколка си пичи плинот.
Секогаш носам резервно тркало во кола, јбг шит хепенс.
Мислам дека плинот го стаивме пред на 10.000 км, а сега има 40.000км, понекогаш кога на патот има вибрации се пали check engine light но истиот се гаси веднаш со bluetooth OBD интерфејс од 10 евра преку мобилен. Кај мене полначката за плин е на браникот, малце пореднечки е од пиц-пец инсталацијата на полначката кај Џиџи, но браникот е црн па не се премитува нешто многу (а искрено и баш ми е гајле дали се гледа или не).
Ако сакаш некој ден дојди да ја видиш инсталацијата и да се повозиме, барем за тоа не е проблем.
Се надевам т иги одговорив сите прашања и дилеми.