Не знам дали ќе го објаснам проблемот добро, но верувам дека ќе разберете.
Кога одземам гас, колата сецка, т.е. одземањето не е линеарно како нормално, туку засецнува. На бензин го нема овој проблем и е сосем нормално, па претпоставувам дека е до плинот. Исто на забрзување нема никаков проблем.
И уште нешто што е можеби поврзано со ова - пример кога сум во брзина и стиснам кумплуг, обратаите најчесто паѓаат доста побрзо за разлика од кога е на бензин. Дури иде под 500, па се враќа на "нормалните" 600-700 за работа во лер. Пак да напоменам, ова само кога стиснам кумплуг кога сум во брзина, на плин.
Имено, системот е БРЦ, проверен и штелуван пред 3-4000км. Проблемот го имаше и пред и по проверката. Филтри се менувани пред ~10000км.
Идеја?