Би требало да немаш. Зависно и од протокот на вода низ расплињача. Ако е слаб протокот (зависно од каде се зема топла вода за расплињачата), треба да обезбедиш повисока температура на таа вода, затоа што плинот кога преминува од течна во гасовита состојба во расплињачата, лесно ќе ја одземе топлотната енергија од водата во расплињачата. Затоа треба да обезбедиш добар проток на доволно топла вода. Исто така, квалитетен антифриз е маст хев. Температурата при премин од течна во гасовита состојба на плинот, може да се симне и до -30 -40 степени.