Што се однесува до првото, кога еден од главните фаци на тоа поле ти праи „кисела фаца“ кога ќе му спомнеш турање плин на некое возило, јасно ти е дека нешто не е баш најсјајно у целата работа
Не е дека не може да се тури, туку дека не е баш нај нај
Зашто?
Веројатно има доста од новите бензиски мотори што имаат потенцијални проблеми со вградувањето на плински уред, без оглед кој е тој.
Конкретно за Субару Форестер, читав во некое од хрватските списанија (можда и го имам некаде по дома), тест на половен Форестер со пројдени 100 000 км. Нивна препорака беше дека ако нема вграден плин е одлична куповина, и дека нема што да се расипе. И да се бега од верзија со вграден плин, бидејќи не помагаат дури ни подмачкувањето на вентили на тој мотор, и дека има проблеми после некоја километража.
Еве еден хрватски форум на истата тема:
http://www.forum.hr/showthread.php?t=550929Еве еден извадок од таму што горе доле се слага и со тој тест во тоа списание :
"plinska vijest, vezana na subaru: sada kaže da sa plinom , na aktualnom benzincu 2.0 može napraviti i više od 100tkm bez problema, ali da mora bitijako dobro podešen. flash lube i sl. podmazivanja ventila ne igraju ulogu, dakle nisu potrebna. štelanje ventila , ako je potrebno , je oko tisuću eura ako se vadi motor van ali možda je dovoljan i neki manji zahvat (ako ih se ne mora vaditi, ovo ga nisam u potpunosti shvatio..) koji košta oko 2t kn"
Исто кога купував сега втора кола, се размислував за бензинец пак и да го конвертирам на плин. Едно од возилата во игра беше Suzuki Swift. Бидејќи добро се знам со еден од сервисерите, дискутирав на таа тема. Негова сугестија беше дека Сузуки и Плин не одат, и дека нивно искуство било со некоја авто школа сто направиле таква конверзија на своите Сузуки возила, и сите имале проблеми после некоја километража со вентилите, односно заштедата отишла во сервисирање.
Од друга страна, криво ми е што Honda -та HR-V не ја конвертирав на плин. Тој 1.6 мотор совршено добро трпи плин.
Сега гледам за Honda -ва CR-V и изгледа дека овој 2.0 I-VTEC мотор не е баш најпогоден за конверзија. Најдов еден хрват што ја има конвертирано, ама со PRINS уред и нема проблем, а еден куп други со разни други ЛПГ уреди што имаат проблеми, па јас не се осудувам на конверзија (затоа купив второ градско дизел ауто што малку троши).
Така да останува да конверзија на плин вреди само ако се проаѓа голема километража, а претходно добро да се изанализира дали одреден мотор е погоден за тоа или не (изгледа дека поновите мотори се помалку соодветни), и ако се прави тоа на сервис каде што точно знаат што прават и кои потенцијални проблеми се за соодветниот мотор.
И уште еден извадок исто за Субару Форестер (истово горе доле го читам и за мојот Honda CR-V 2.0)
"znači samo Prins i sl. danas sam nešto opet bio kod frenda koji ugrađuje plin i opet mi je ponovio da ne stavljam plin u taj auto, zna za podešavanje ventila i kaže da nema problema ako se redovito podešavaju ventili.....ali na Subaruu je to toliko zahebano da košta ko svetog petra kajgana. Mora se mijenjati i set brtvi, za svaku stranu posebno, pa kad se uzme da to treba raditi svakih 15kkm onda je stvarno upitna isplativost zahvata. Nazvati Lonca i pitati koliko košta podešavanje ventila pa to ukalkulirati u troškove."
поздрав
Дарко