Еве ја мојата математика. Ние со болидот на годишно ниво правиме негде околу 10 000 км.
Да речеме дека просечно ми троши 8 литри бензин. На годишно ниво би ми требале околу 800 литри по цена од 78 денари, испага 62 400 денари дека ми се потребни за 1 година со бензин.
На плин просечната потрошувачка ми е 9-10. Еве на 10 ке ја заокружам. Со истата километража од 10 000 км, би ми биле потребни негде 1000 литри плин. 1000 литри по цена од 40 денари, тоа се 40 000 денари.
Месечно, трошам 3-5 литри бензин, пошто кај мене рачно е префлрувањето на горивото, и веднаш наутро откако ке се запали колата, се префрла на плин и фактички на секое утринско палење трошиме бензин само во казанчето од карбураторот, некои си 15 секунди само работи на бензин додека префрлиме на плин.
Еве ке заокружам дека месечно трошам 5 литри бензин.
За 12 месеци ке потрошам 60 литри бензин, односно 4600 денари + 40 000 од плинот = 44 600 денари, наспроти 62 400.
Еве уште една математика ке ви направам, оваа ја правев додека сеуште работев.
Имено, работев 26 дена во месецот. Работата ми беше 6 км одалечена, значи во двата правци ми е 12 км патување.
26 дена по 12 км, тоа се 312 км. За 312 км би потрошил 30 литри плин по цена од 40 денари, 1200 денари.
Од друга страна, да идам со бензин, за 312 км ке потрошам 24 литри, по цена од 78 денари, 1870 денари.
А рачунајте дека летоска плинот беше 36 денари, односно 32 на Нас Гас, заштедата ке излезе уште поголема.