Онак, јас само кажав она што го знам и што сум го учел. Дека е тоа нормална физичка појава. Постирав само еден линк до ефектот кој се јаува при нагло декомпресирање на гасови, чисто информативно, не како некој доказ или шо ти ја знам... Од тебе не побарав ништо да докажеш, туку напротив, ти ми/ни кажуваш дека тоа што си го видел не е нормално, а јас објаснив зошто е тоа сосема нормална физичка појава, кога се работи за пропан/бутан.
На крајот кога те прашав три работи, за кои што викаш дека си ги пишал, не сакаш да кажеш ни кај си ги пишал. Ете, пак се навратив наназад, и не најдов дека некаде си пишал.
Искуство без соодветно теоретско познавање е подеднакво лошо како и теоретско познавање без практично искуство (дури и полошо). Од искуство ќе научиш дека некои работи се случуваат, но без теоретско познавање нема да знаеш зошто се случуваат.
Ако немаш намера да одговриш на поставените прашања ок, тогаш барем не се противи на она што го посочувам. Дека тоа е нормална физичка појава и дека единствено може да се случи ако во резервоарот настанала брза декомпресија. Едноставно, не е тоа нешто што јас сам сум го смислил, тоа е така поради физиката. Ако мислиш дека јас сум го смилсил, тогаш ќе се повикам на валидни референци од науката.
А ако те заболел стапот и ти е гајле кој што мисли, тогаш што кој мој воопшто ги стави сликите и напиша текст?! За сите да кажеме „Уаооо, ледени коцки му стаиле уместо плин у резервоарот“?? Кога веќе си постирал нешто, дискутирај за тоа ко` чоек, не се оградувај и не раскажувај како некој таму постирал некои си линкови и како тоа немало врска...
симо.. јас во ниеден момент не реков дека грешиш. кој малку прочитал нешто околу гасови, знае дека со нагло испуштање на гасови(декомпресија) од затворена боца или што и да биде како затворен волумен се случува точно тоа. проблемот настана кога почна да ме убедуваш (а не свати за што зборев) дека тоа е нормално да се случи на кола при нормален, регуларен начин на употреба... затоа и повикав било кој вклучително и ти да ми посочат дали им се десило да им замрзне боцата плинска во звтомобилот при нормално користење-експлоатирање. меѓу другото посочив и јас, дека и на мене ми се има десено да ми смрзне боцата, а колата нејкеше да работи на плин. го испуштивме тој плин, наполнив нов и проблемот го снема...
значи гасот внатре, (бог зне што туриле) не е лпг со својот микс кој треба да биде 45% пропан со 55% бутан како зимски микс односно 35% пропан со 65% бутан како летен микс. не ретко сум слушнал за дотурање во линот на други ЕВТИНИ гасови за да се добие на волмен.. на пример има слушнато за дотурање азот, кој во моментов има цена околу 10-тина денари за литар... имам чуено и за дотурање само на пропан или само на бутан, ама не сум имал шанса да проверам дали е точно или не... немам услови за да видам т.е. да истестирам кој микс го има во себе...
овакво замрзнување на боца плинска имам видено доста пати, и претежно сите биле при нормална екслоатација... на повекето од нив муабетот бил дека:
-ми беше при крај плинот, отидов, наполнив плин, и после 1-2 километри ми изгаси колата и нејкеше да работи!
се случувало и да им пушти некој холендер, да издиши плинот нагло итн итн, но се случувало и ова да при нормален режим на функционирање, боцата едноставно сама си замрзне. бог знае што гасови тураат внатре кога сакаат да прават мучки. не ги знеме сите реакции на гасовите при различен начин на ослободување, поготово кога се работи за мискови од различни гасови, и нивната хемиска реакција односно соединение...
а може ли да им се случило да претераат со правење мучки и финти? се сеќавате пред 2 години во охрид (мислам дека беше) на лукоил кога за 1-2 саати им се вратија 50-тина возила со ВОДА во нафтата? се заборавиле од дотурање на вода и крсетење на миксот...
тоа ми беше поентата. не го оспороив јас твоето излагање дека е точно... само цело време посочувам дека тоа што ти го кажуваш, не се случува при нормален режим на корситење ВО АВТОМОБИЛИ.. не во чаши, не со температури кои ги кажуваш нити пак при нагло ослободување т.е. декомпресија...
мислам дека се разбравме сега... ако не вечер во 5 на пиво ке се доразбереме...

Одвртете го плинот на обична запалка да почне да протекува. Исто ке замрзне како на Онак боцата 
не е тоа моја боца... само видов што се десило и евидентирав...