малку едукативна историја
ИСТОРИЈАТА на ПЛИНот!
Плинот или LPG првпат бил откриен како значајна компонента на нафтата во 1910 година.
Приказната почнува така што сопственик на автомобил Форд модел Т го прашал д-р Walter O. Snelling, хемичар и експерт за експлозиви, зошто половината од бензинот што го купувал исчезнувал дури да дојде дома.
Па Snelling наполнил стаклен бокал со бензин од автомобилот и додека да се врати во својата лабораторија пареата што се формирала во бокалот направила тапата да излета од грлото на садот.
Користејќи ја својата опрема во лабораторијата Walter успал да оддели гасот од бензинот. Тој открил дека тогашниот бензин содржел многу LPG (плин) вклучувајќи пропан, бутан и други гасови. Потоа почнал да експериментира со овие гасови обидувајќи се да ги контролира.
Snelling набрзо сфатил дека плинот може да се користи за осветлување, сечење метал и готвење. Ова откритие е зачетокот на LPG индустријата со тоа што Walter ја основал American Gasol Company.
Првиот автомобил на гас се појавил во 1915 година.

извор:
https://www.facebook.com/Plimont.mk?fref=nf