Иначе еве одговор од царината за увоз на олдтајмери.
Значи царината е 7% на пријавената фактура + трошоците и други манипулативни трошоци
На тоа плаќате 18% ДДВ
Отрпилика загарантирани ви се 25% давачки од вредноста на возилото.
Така да речеме ако се купи олдтајмер од 10 000 евра, минимум 2500 евра имате давачки.
Во реалност 3000

т.е 30% од вредноста.
Еве официјален одговор на царината:
Царинската стапка за колекционерски моторни возила од историски или етнографски интерес, согласно Законот за царинска тарифа, изнесува 7% од царинската основица која претставува збир од вкупната фактурна вредност плус додадени транспортни и други манипулативни трошоци.
За да може возилото да се третира како колекционерско моторно возило потребно е да ги исполнува следните услови:
- да е во оригинална состојба, без суштински измени на шасијата, каросеријата, управувачот, кочниците, трансмисиониот или суспензивниот систем и машина (мотор). Поправка и реставрирање е дозволено, на тој начин обезбедувајќи возилото да е сочувано и оддржано во историски исправна состојба;
- најмалку 30 години старо и
- да е модел или тип кој повеќе не е во производство.
Данокот на додадена вредност за наведениот тип на моторни возила е 18%. Даночната основица ја сочинува царинската основица зголемена за износот на пресметаната царина.
Напоменуваме дека може да биде потребно и прибавување на Дозвола од Управата за заштита на културното наследство доколку возилото има карактер на антиквитет.