Автор Тема: Олдтајмери..  (Прочитано 469338 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14711
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2115 на: 24 Август 2015, 11:58:46 am »
Јас колку што се сеќавам, Соколов беше се освен професионалец. Да не правиме муабет за корупција.

Уште се сеќавам на настаните и кои афери беа тоа. Така што „македонски прописи“, е баш правиот збор.


Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2116 на: 24 Август 2015, 12:07:20 pm »
I'm with marjanot on this one. Можеби Соколов не работи онака како што ние сакаме, ама си работи според македонските прописи. Тоа што нашите прописи не се во согласност со интернационалните, тоа е проблем чие решение треба да се бара на друго место. Кога нашите прописи ќе бидат во согласност со интернационалните, сигурен сум дека Соколов ќе го апдејтира својот начин на работа и ќе работи според нив.

As simple as that.
Posle 15 godini od proizvodstvoto na voziloto so specificen ured kje go promeni nacinot na rabota? nemojdamejebes!  Ova ti e isto kao uvoz zna oldtajmeri. Treba da e vo originalnata sostojba, moze da ima skapano na kolata ama vratite ako se skapani nemoes da ja uvezes.

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14711
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2117 на: 24 Август 2015, 12:24:32 pm »
Јас кога го гледав правилникот за „олдтајмери“, се прснав од смеа.

Прво и главно дали бил карбураторот оригинален. ер...ОК...

Дали модификациите што се направени се во согласност со добата од кое возилото.

Кажете ми кој од машински факултет е толку меродавен да знае дали одреден стил е во согласност со времето од кога е колата или не.

Дали некој од машински знае дали ако ставам 427 во Chevrolet од 1935 година е во ред или не? Или ако ставам HEMI во Форд?

Тоа беа (и се) чести модификации.

Кога се работи за модификација на олдтајмери (зборувам за механика) речиси да нема правила.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2118 на: 24 Август 2015, 12:37:08 pm »
Карпатијан, за смеење е затоа што треба да се промени правилникот.
Не затоа што на Машински го читале правилникот.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1936
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2119 на: 24 Август 2015, 13:53:14 pm »
Проблемот со Машински според мене е тоа што е само Соколов. Треба да има еден здрав тим од кој секој член ќе си има своја специјалност.
Заедно да носат одлука дали едно возило ќе се а-тестира или не. Да се борат за усогласување на македонските регулативи со европските. Да им помогнат и поддржат луѓето кои сакаат да мофицираат возило тоа да го направат професионално и квалитетно.

Пример: Сакам возилото да го преправам во кабриолет. МФС: За изработка на елаборат ќе ве чини толку и толку, ќе се направат пресметки како правилно треба да се изработи, компјутерски модел тестиран на оптоварувања и сл. Доколку се изработи како што е препорачано веднаш ќе биде атестирано. И чао пријатно. И волкот сит, и овците на број.

Моментално неговите "соработници" Ристо и уште еден, само сликаат и препишуваат податоци од сообраќајна.

BTW, Зошто никој не го спомнува Бирото за метрологија?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2120 на: 24 Август 2015, 14:11:00 pm »
Проблемот со Машински според мене е тоа што е само Соколов. Треба да има еден здрав тим од кој секој член ќе си има своја специјалност.
Заедно да носат одлука дали едно возило ќе се а-тестира или не. Да се борат за усогласување на македонските регулативи со европските. Да им помогнат и поддржат луѓето кои сакаат да мофицираат возило тоа да го направат професионално и квалитетно.

Забелешка на место :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14711
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2121 на: 24 Август 2015, 14:19:17 pm »
ОК значи да сведеме на ова

1) Правилниците не се согласни со европските
2) Соколов и компанија се корумпирани
3) Секој си ги тумачи одредбите и правилата како што им одговара, без разлика колку тие да се добри односно лоши и СЕКОГАШ на штета на клиентот.
Никогаш нема да има совршени правилници и постапки, тоа е јасно.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2122 на: 24 Август 2015, 18:06:34 pm »
.... :)

да не ти го цитирам цел пост...

пред 15-тина години, фијат пунто беше излезено од фабрика ганц ново со 0 километри... соколов не го пушти на атест... не 15 години старо туку пред 15 години е дешавкава...

за мојот вол, имаше вградено ФАБРИЧКИ цнг уред, за кој имав и документи и накнадно вграден ЛПГ уред за кој добив атест, а за цнг не... со оглед на тоа дека често патувам надвор, не гледам зашто да не го користам и имам уредот на кола КОГА Е ВЕЌЕ ФАБРИЧКИ... туку според нашите стандарди не одговарал тој уред... карбонска боца, челични цевки, скоро 300 кила ФАБРИЧКО ПОЈАЧУВАЊЕ во железо на самата шасија како одбрамбен систем во случај на сообраќајка, и сето тоа неожеше да пројде на атест, али затоа паралено до каналот кај што стоев со волот, на јсп автобус стар нај малку 50 години со боците на кров им даваа атести за цнг...

понатака, незнам колку си присуствувал кога соколов КАТЕГОРИЧНО врќал луге од атест, да ги чуеш причините...

-на штрафот треба да ти пишува тоа и тоа
-тука да дотуриш лимче
-овдека овој штраф да биде подолг
.....

мислам ситници кои стварно иритираат... за корупција не зборам, затоа што сум слунал дека кај него мито не пали, а ни јас не се сложувам со мито да се завршуваат работи, па не го поддржувам тоа, ама за него скоро со 100% сигурност зам дека НЕМА ДА ТЕ ПУШТИ на атест, па таман незнам колку пари да му понудиш.. по тоа прашање како што сум чул е со петокраката на чело...

и последна работа... си дадов за право да го вреѓам затоа што имам изедено казна заради него, како и еден куп други што ги знам... веројатно не требаше, ама сум сериозно изиритиран и изигран од него... ти зима пари за атест, не те пушта и тоа е тоа... тоа што СПОРЕД НЕГОВИТЕ стандарди не било ок, 2-3 години покасно според други атестни куќи беше сосема во ред... едноставно, човекот го мразам и јас и еден куп други исто и ке остане запаметен во историјата како личност кој имал моќ да им прави проблеми на обичните смртници како мене...

и за крај... да.. империјата му се сруши делумно, а ке се досруши до крај набрзо... пошто почнаа и други фирми да добиваат сертификати за разно разни атести... да, убаво пиша некој погоре, ако сакам било кое возило да го направам каст’м (кабрио ли ке биде, на 6 тркала ли сакам да го преправам) ке идам и кај проектант (нека е и во машински кај нив) ке побарам проект за изведба, за кој исто така ке си платам... е ако не го изведам по проект, нека не ми дадат атест... тогаш веке кривицата си е моја... ама да не кажеш како треба а едноставно да не даваш атести тоа е по малку педерски и ку*опушачки, одтука и мојата навреда претходно.. еве јавно се извинувам за навредата и кон него и кон сите кои мораа да го прочитаат тоа. сега е идам и ке ги избришам во тој пост сите навреди кон него...


едит...
1. ги избришав навредите
2. забравив да кажам дека за мрсната провизија веројатно си во право, но и намерното враќање од атест за повторно да упалтиш и повторно да земе он провизија не е во ред
3. чекам линк од возило накое “само по себе“ му експлодирала боцата...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2123 на: 25 Август 2015, 10:16:07 am »
Цитат
пред 15-тина години, фијат пунто беше излезено од фабрика ганц ново со 0 километри... соколов не го пушти на атест... не 15 години старо туку пред 15 години е дешавкава...

Во ред. Ако не било во согласност со македонските стандарди, нормално дека немало да го пушти.

Цитат
за мојот вол, имаше вградено ФАБРИЧКИ цнг уред, за кој имав и документи и накнадно вграден ЛПГ уред за кој добив атест, а за цнг не... со оглед на тоа дека често патувам надвор, не гледам зашто да не го користам и имам уредот на кола КОГА Е ВЕЌЕ ФАБРИЧКИ... туку според нашите стандарди не одговарал тој уред... карбонска боца, челични цевки, скоро 300 кила ФАБРИЧКО ПОЈАЧУВАЊЕ во железо на самата шасија како одбрамбен систем во случај на сообраќајка, и сето тоа неожеше да пројде на атест, али затоа паралено до каналот кај што стоев со волот, на јсп автобус стар нај малку 50 години со боците на кров им даваа атести за цнг...

Ете сам си одговори.
А автобусите на ЈСП беа проект со кој требше да се актуелизира прашањето, т.е. користењето на ЦНГ. И наместо да ги стават под преса тие автобуси, ги искористија за тој проект. Заради тие автобуси, мислам дека денес може да се атестира возило со ЦНГ уред (не сум сигурен).

Цитат
понатака, незнам колку си присуствувал кога соколов КАТЕГОРИЧНО врќал луге од атест, да ги чуеш причините...

-на штрафот треба да ти пишува тоа и тоа
-тука да дотуриш лимче
-овдека овој штраф да биде подолг

Јас правам зграда. Ја ангажирам фирмата Кано да изработи елаборат за инсталација за греење/ладење. Кано го изработува проектот професионално и точно се знае каде кои цефки со колкав фи, дебелина, проток, ребра на радијатори, вентили треба да се постават.
Се договараме и преоѓаме на изработка на инсталацијата. Фирмата Кано ја работи инсталацијата. Кано соработува со фирмата Вано (трескам) која треба да ги постави вентилите и ги има спецификациите кои треба да ги користи. Ама одлучува наместо вентил Х, да искористи вентил Y. Вентилот е ист како Х, само има малку пократок навој (пак трескам, нека биде нешто друго), ама Вано „знае“ дека од тие вентили ставил и во друга зграда и дека немале проблем до сега.(едноставно ги има на лагер и сака да си ја заврши работата)
Кано се потпишува дека го завршил проектот.

Ја завршивме зградава и ја вселивме 80%. Дојде есен и почна грејна сезона. Пукна вентил на шести и на втори кат и поплави 10 стана.
Кој е одговорен?
Кано кој е потписник на проектот или Вано кој на своја рака „знае“ што направил?

Извини, ама попластично не знам како да го објаснам ова.

Цитат
тоа што СПОРЕД НЕГОВИТЕ стандарди не било ок, 2-3 години покасно според други атестни куќи беше сосема во ред...

Значи стандардите не се негови. Со атестните куќи е јасна работата. Не ги интересира ниту стандард, ниту  пропис, гледа само да си наплати.
Типичен пример: предни затемнети стакла нема теорија да ти пројдат на МФС, не заради Соколов, туку заради ЗАКОН кој го налага тоа. Во ПСС проаѓаат.

Цитат
и за крај... да.. империјата му се сруши делумно, а ке се досруши до крај набрзо... пошто почнаа и други фирми да добиваат сертификати за разно разни атести... да, убаво пиша некој погоре, ако сакам било кое возило да го направам каст’м (кабрио ли ке биде, на 6 тркала ли сакам да го преправам) ке идам и кај проектант (нека е и во машински кај нив) ке побарам проект за изведба, за кој исто така ке си платам...

Доколку дојде разумен човек, кој ќе ги контролира сите атестни куќи што прават и како прават, 90% ќе се затворат бидејќи работат противзаконски. Ама кај нас се работи од интерес, не по закон.

Ти ако сакаш направи возило од цртеж. Направи го според законски регулативи, нека ги задоволува сите стандарди кои се пропишани (висина/број на светла, растојание на трепкачи од тло, безбедност, издувни гасови итн...) нема зошто да не го хомологираш. Си има процедура за поединечна хомологација и се тера. Ќе ти отпаднат јајцата додека да направиш, амо ако тераш по пропис нема зошто да не завршиш работа.
Се согласувам дека во дел треба да се олеснат и поедностават работите, се согласувам со Карпатијан во делот што за олдтајмери ти бараат возилото да го има оригиналниот дел од пред 50 години, ама бараат тоа што пишува во ливчето, а не што го напишал Соколов.
Проблемот треба да се насочи на друга страна и да се притисне за да се олесни горната процедура.

Ќе го цитирам Димитар:
BTW, Зошто никој не го спомнува Бирото за метрологија?

Мој школски работи во Биро за метеорологија. И за добар дел од правилата и прописите кои се донесуваат се тие одговорни.
Само ќе ти кажам, дека ЕКСПРЕСНО се донесе измената за можност за увоз на возила од американски пазар кај нас.
Зошто?
Затоа што „неколку битни особи“ имале донесено амерички возила кои неможеле да ги префрлат на наши таблички.

Цитат
3. чекам линк од возило накое “само по себе“ му експлодирала боцата...

Плинот го спомнав чисто фигуративно, за посликовито да опишам што се случува со атестите кај нас. Не дека сум барал или гледал каде експлодираат плински уреди. Е сега интернет трпи се, па се наоѓаат примери:

ПОЖАР: Се запали автомобил во центарот на Скопје
Цитат
Пожарот е изгаснат, а за среќа нема ни повредени. Неофицијално се работи за неисправен плински уред.

НЕИСПРАВНА ПЛИНСКА ИНСТАЛАЦИЈА ЗАПАЛИ АВТОМОБИЛ ВО ТЕТОВО
Цитат
По експлозија од плинска боца, во Тетово целосно изгоре автомобил "фолксваген венто". Пожарот настанал откако автомобилот се запалил, најверојатно, од неисправна плинска инсталација.

Експлодира „лада“ на плин – возачот летал десетина метри
Цитат
...си наточил гас во својата „лада“ и при стартување на автомобилот дошло до експлозија во делот на моторот.

Во Кавадарци се запали „101” во движење
Цитат
Најважно е сепак, што никој не е повреден, нагласија од противпожарната служба со апел, возачите да внимаваат особено ако нивните автомобили користат плин.

И не мора сега за секој од примериве да се бара оправдување некакво, тотално е небитно.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2124 на: 25 Август 2015, 10:23:23 am »
Marjan, za delot kaj sto "kano" potpisal elaborat za instalacijata, a "vano" ja ebal rabotata, Kano odgovara pred tebe, a Vano pred Kano.

Zatoa pred da se vseli zgradata imas tehnicka proverka na istata za da dobies upotrebna dozvola. Ako vano stail pokratok ventil kje si go smeni i tek togas kje ja dobies taa dozvola za da mozes da sedis na terasa so mirna glava. Ama u nasava drzava ne e se taka sjajno... me razbiras neli?

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2125 на: 25 Август 2015, 10:41:33 am »
РМ (Кано) донела закон, ти (Вано ти монтирал) одиш со помало штравче на атест, ќе си го смениш (Вано ќе ти го смени пошто те заебал) и ќе добиеш дозвола да си возиш со мирна глава. Таа е аналогијата.

Дека не е се така сјајно, јасно ми е ;)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2126 на: 25 Август 2015, 11:11:46 am »
Јас правам зграда. Ја ангажирам фирмата Кано да изработи елаборат за инсталација за греење/ладење. Кано го изработува проектот професионално и точно се знае каде кои цефки со колкав фи, дебелина, проток, ребра на радијатори, вентили треба да се постават.
Се договараме и преоѓаме на изработка на инсталацијата. Фирмата Кано ја работи инсталацијата. Кано соработува со фирмата Вано (трескам) која треба да ги постави вентилите и ги има спецификациите кои треба да ги користи. Ама одлучува наместо вентил Х, да искористи вентил Y. Вентилот е ист како Х, само има малку пократок навој (пак трескам, нека биде нешто друго), ама Вано „знае“ дека од тие вентили ставил и во друга зграда и дека немале проблем до сега.(едноставно ги има на лагер и сака да си ја заврши работата)
Кано се потпишува дека го завршил проектот.

Ја завршивме зградава и ја вселивме 80%. Дојде есен и почна грејна сезона. Пукна вентил на шести и на втори кат и поплави 10 стана.
Кој е одговорен?
Кано кој е потписник на проектот или Вано кој на своја рака „знае“ што направил?

Извини, ама попластично не знам како да го објаснам ова.

друже... и јас ова го зборам цело време... потполно истото...
ако сакам било кое возило да го направам каст’м (кабрио ли ке биде, на 6 тркала ли сакам да го преправам) ке идам и кај проектант (нека е и во машински кај нив) ке побарам проект за изведба, за кој исто така ке си платам... е ако не го изведам по проект, нека не ми дадат атест... тогаш веке кривицата си е моја...

но исто така го кажав и ова, кое моментално а и последниве 20-тина години се дешава кај нас:

ама да не кажеш како треба а едноставно да не даваш атести тоа е по малку пед...

тоа е тој иритирачки момент... имав возила кои плачеа за каст’м средувања ама едноставно не го направив тоа затоа што знаев дека џабе пари ке давам...

од друга страна во соседниот сервис дреме едно рено 4 кабрио кое има добиено атест и е легализирано.. како е тоа направено, и како прошло на машински само еден господ знае...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16756
  • Keep it 100
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2127 на: 25 Август 2015, 17:11:41 pm »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14711
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2128 на: 26 Август 2015, 18:00:10 pm »
Бентли Дувач :D

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16756
  • Keep it 100
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #2129 на: 28 Август 2015, 14:31:35 pm »