пред 15-тина години, фијат пунто беше излезено од фабрика ганц ново со 0 километри... соколов не го пушти на атест... не 15 години старо туку пред 15 години е дешавкава...
Во ред. Ако не било во согласност со македонските стандарди, нормално дека немало да го пушти.
за мојот вол, имаше вградено ФАБРИЧКИ цнг уред, за кој имав и документи и накнадно вграден ЛПГ уред за кој добив атест, а за цнг не... со оглед на тоа дека често патувам надвор, не гледам зашто да не го користам и имам уредот на кола КОГА Е ВЕЌЕ ФАБРИЧКИ... туку според нашите стандарди не одговарал тој уред... карбонска боца, челични цевки, скоро 300 кила ФАБРИЧКО ПОЈАЧУВАЊЕ во железо на самата шасија како одбрамбен систем во случај на сообраќајка, и сето тоа неожеше да пројде на атест, али затоа паралено до каналот кај што стоев со волот, на јсп автобус стар нај малку 50 години со боците на кров им даваа атести за цнг...
Ете сам си одговори.
А автобусите на ЈСП беа проект со кој требше да се актуелизира прашањето, т.е. користењето на ЦНГ. И наместо да ги стават под преса тие автобуси, ги искористија за тој проект. Заради тие автобуси, мислам дека денес може да се атестира возило со ЦНГ уред (не сум сигурен).
понатака, незнам колку си присуствувал кога соколов КАТЕГОРИЧНО врќал луге од атест, да ги чуеш причините...
-на штрафот треба да ти пишува тоа и тоа
-тука да дотуриш лимче
-овдека овој штраф да биде подолг
Јас правам зграда. Ја ангажирам фирмата Кано да изработи елаборат за инсталација за греење/ладење. Кано го изработува проектот професионално и точно се знае каде кои цефки со колкав фи, дебелина, проток, ребра на радијатори, вентили треба да се постават.
Се договараме и преоѓаме на изработка на инсталацијата. Фирмата Кано ја работи инсталацијата. Кано соработува со фирмата Вано (трескам) која треба да ги постави вентилите и ги има спецификациите кои треба да ги користи. Ама одлучува наместо вентил Х, да искористи вентил Y. Вентилот е ист како Х, само има малку пократок навој (пак трескам, нека биде нешто друго), ама Вано „знае“ дека од тие вентили ставил и во друга зграда и дека немале проблем до сега.(едноставно ги има на лагер и сака да си ја заврши работата)
Кано се потпишува дека го завршил проектот.
Ја завршивме зградава и ја вселивме 80%. Дојде есен и почна грејна сезона. Пукна вентил на шести и на втори кат и поплави 10 стана.
Кој е одговорен?
Кано кој е потписник на проектот или Вано кој на своја рака „знае“ што направил?
Извини, ама попластично не знам како да го објаснам ова.
тоа што СПОРЕД НЕГОВИТЕ стандарди не било ок, 2-3 години покасно според други атестни куќи беше сосема во ред...
Значи стандардите не се негови. Со атестните куќи е јасна работата. Не ги интересира ниту стандард, ниту пропис, гледа само да си наплати.
Типичен пример: предни затемнети стакла нема теорија да ти пројдат на МФС, не заради Соколов, туку заради ЗАКОН кој го налага тоа. Во ПСС проаѓаат.
и за крај... да.. империјата му се сруши делумно, а ке се досруши до крај набрзо... пошто почнаа и други фирми да добиваат сертификати за разно разни атести... да, убаво пиша некој погоре, ако сакам било кое возило да го направам каст’м (кабрио ли ке биде, на 6 тркала ли сакам да го преправам) ке идам и кај проектант (нека е и во машински кај нив) ке побарам проект за изведба, за кој исто така ке си платам...
Доколку дојде разумен човек, кој ќе ги контролира сите атестни куќи што прават и како прават, 90% ќе се затворат бидејќи работат противзаконски. Ама кај нас се работи од интерес, не по закон.
Ти ако сакаш направи возило од цртеж. Направи го според законски регулативи, нека ги задоволува сите стандарди кои се пропишани (висина/број на светла, растојание на трепкачи од тло, безбедност, издувни гасови итн...) нема зошто да не го хомологираш. Си има процедура за поединечна хомологација и се тера. Ќе ти отпаднат јајцата додека да направиш, амо ако тераш по пропис нема зошто да не завршиш работа.
Се согласувам дека во дел треба да се олеснат и поедностават работите, се согласувам со Карпатијан во делот што за олдтајмери ти бараат возилото да го има оригиналниот дел од пред 50 години, ама бараат тоа што пишува во ливчето, а не што го напишал Соколов.
Проблемот треба да се насочи на друга страна и да се притисне за да се олесни горната процедура.
Ќе го цитирам Димитар:
BTW, Зошто никој не го спомнува Бирото за метрологија?
Мој школски работи во Биро за метеорологија. И за добар дел од правилата и прописите кои се донесуваат се тие одговорни.
Само ќе ти кажам, дека ЕКСПРЕСНО се донесе измената за можност за увоз на возила од американски пазар кај нас.
Зошто?
Затоа што „неколку битни особи“ имале донесено амерички возила кои неможеле да ги префрлат на наши таблички.
3. чекам линк од возило накое “само по себе“ му експлодирала боцата...
Плинот го спомнав чисто фигуративно, за посликовито да опишам што се случува со атестите кај нас. Не дека сум барал или гледал каде експлодираат плински уреди. Е сега интернет трпи се, па се наоѓаат примери:
ПОЖАР: Се запали автомобил во центарот на СкопјеПожарот е изгаснат, а за среќа нема ни повредени. Неофицијално се работи за неисправен плински уред.
НЕИСПРАВНА ПЛИНСКА ИНСТАЛАЦИЈА ЗАПАЛИ АВТОМОБИЛ ВО ТЕТОВОПо експлозија од плинска боца, во Тетово целосно изгоре автомобил "фолксваген венто". Пожарот настанал откако автомобилот се запалил, најверојатно, од неисправна плинска инсталација.
Експлодира „лада“ на плин – возачот летал десетина метри...си наточил гас во својата „лада“ и при стартување на автомобилот дошло до експлозија во делот на моторот.
Во Кавадарци се запали „101” во движење Најважно е сепак, што никој не е повреден, нагласија од противпожарната служба со апел, возачите да внимаваат особено ако нивните автомобили користат плин.
И не мора сега за секој од примериве да се бара оправдување некакво, тотално е небитно.