Автор Тема: Олдтајмери..  (Прочитано 436555 пати)

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4585
  • ~ Full of soul ~
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #150 на: 13 Ноември 2012, 10:02:50 am »
Еве една интересна информација

Први автомобили донесени во Македонија: Рено и Форд донесени во 1911 година.

којзнае каде ли се сега овие чуда....
↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #151 на: 13 Ноември 2012, 10:22:23 am »
Фордот е првиот автомобил донесен во Македонија и тоа во Битола.
Го имаат донесено двајца браќа што живееле во америка. Моментално Фордот е во Скопје кај професорот.....

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4585
  • ~ Full of soul ~
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #152 на: 13 Ноември 2012, 10:30:25 am »
Фордот е првиот автомобил донесен во Македонија и тоа во Битола.
Го имаат донесено двајца браќа што живееле во америка. Моментално Фордот е во Скопје кај професорот.....
има слики нешто или нешто слично..инфо..?
↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2779
  • Слобода или смрт
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #153 на: 13 Ноември 2012, 10:31:38 am »
Не ...темава е супер не е наменета само за Датсунот...терајте си муабет а ако се купи Датсунот случајно се разбира ќе заслужи посебна тема во возила на членови ;)
денес со Ipkisija Meskosa , ExtremeBt i Carphatian Lord најдовме добро очуван Рекорд од овај модел...
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ова не е рекорд туку комодоре! Сега забуната е во името или во сликата со моделот?

Иначе звер е аутово и за разлика од кадет, аскона и останатите модели на опел од тоа време ова е од премиум сегментот и има мрсни мотори. 2.6 па нагоре :D



Кадетот било градско ауто како и денешниве корси, поло. Затоа и имаат малолитражен мотор, да не троши кој за разлика од рекордите е далеку, далеку поекономичен, но исто така издржлив и затоа немој ти така и за твојот опел да викаш, ее 300 000 има, колку ке тера. Нема колку ке тера, ова се гусани и квалитетни мотори, штом и по 40 години пали како на денот кога си го купил и се вози, има да тера ;D

@Peconi, има еден рекорд една генерација постар од сликиве погоре во кисела вода, кај расадник, поточно позади школото кирил пејчиновик, стално кога сум поминувал таму стои.

Тешко дека ќе тера вчера го заеба јас моторот треба да ја носиме на мајстор. Ама татко ми колку ми беше интересен кога си отиде дома и му кажувам дека моторот капут он ем се нервира ем вика ама кажа ти дека нема да помине повеќе од година пред да го зарибаш и смее ми се. А и некој плус му кажал дека за малку ќе збереше едно тико ама за стварно малку едно 10 сантима фалеа, па и за тоа ме кара. Во ист ден две глупости. :D Не е зарибан ама како да работе на два клипа и тресе кога работе и ваде чуден звук мора да ја носиме на мајстор денес.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14052
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #154 на: 13 Ноември 2012, 22:18:01 pm »
Еве една интересна информација

Први автомобили донесени во Македонија: Рено и Форд донесени во 1911 година.

којзнае каде ли се сега овие чуда....

Грешка! Првиот автомобил (официјално) во Македонија е донесен 1905 година во Битола. Затоа во 2005 година имаше прослава 100 години автомобилизам во Македонија.

Фордот е првиот автомобил донесен во Македонија и тоа во Битола.
Го имаат донесено двајца браќа што живееле во америка. Моментално Фордот е во Скопје кај професорот.....

Не знам дали се работи за истата кола. Таа кај професорот е од последната серија на Model T...само школка што е...

има слики нешто или нешто слично..инфо..?

Имаше слика на 100 годишната ...сликани се пред Саат Кулата (Сатот) во Битола со турски фесови :)


Неофицијално првата кола во Македонија е купена во Виница во 1898 и тоа Бенц, ама нема фотографии ...од битолскиот форд има.

Иначе до 1911 има полно возила низ Македонија особено низ Битола. Има слика од Манаки како оделе на пикник со нив уште во турско...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14052
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #155 на: 14 Ноември 2012, 08:37:25 am »
Ghia-та и оригинал 356 во Скопје. Истиот газда.


Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #156 на: 14 Ноември 2012, 08:43:47 am »
џиата е направена а поршот го прават....
у сопстевно на докторот

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29719
    • CARclub.mk
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #157 на: 14 Ноември 2012, 09:14:49 am »
По 1778-ми пат, Ghia се изговара Гиа, а не Џиа.


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11744
  • Архитект
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #158 на: 14 Ноември 2012, 09:15:43 am »
Сакинфакинмадафакина........ган!!!

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #159 на: 14 Ноември 2012, 09:17:30 am »
По 1778-ми пат, Ghia се изговара Гиа, а не Џиа.


знам знам модераторе дека е ГИА ама џиа поубаво ми звучи :)
истиот муабет со деклата а уствари е глава.......

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #160 на: 14 Ноември 2012, 10:05:23 am »
Џиа си е на македонски, немците како сакаат нека си ја викаат ;D

И они не изговараат странски зборови секогаш во оригинал, туку си ги прилагодуваат.

Иначе Џиата ми е еден од омилените олдтајмери кај нас, што сум ги видел. А 356, заедно со E-Type и уште 2-3 слични модели ми се врвот :)


Него да не има некој добар Fiat 500 да се продава, чисто информативно немам сеа средства за олдтајмер, али во план ми е во наредните неколку години да купам или реставриран Мини или реставриран Фиат 500. Не мора да биде совршено реставриран, со сите оригинални делови, само да е здраво направен и да не е изобличен изгледот.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #161 на: 14 Ноември 2012, 10:28:12 am »
Мојсо има неколку мориси и две фиатчиња ама не верувам да ти ги продаде. Ако чекаш неколку години ќе ти бидат многу поскапи од сега.
Вчера гледав еден Мини почнат да се средува ама ептен е батал. 500 евра му бара ја понудив 350 рече ќе размисли па ќе каже

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #162 на: 14 Ноември 2012, 10:36:14 am »
Јас би бил спремен да дадам 2-3 илјади. Не да купувам за 300-500 евра па да го средувам сам, прво затоа што немам услови каде да го средувам, немам алат, немам знаење а немам и баш време да научам :) Така да ми треба готов производ, кој би го одржавал, би досредил некои ситници, и би го возел чат пат за мерак.

Она Минито што се продава од Гостивар на слики ми делува интересно, на пример.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4585
  • ~ Full of soul ~
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #163 на: 14 Ноември 2012, 11:18:31 am »
Битаљчани ајде....на третата слика од огласов позади ауди-то има спачек.....кај би биле овие згради? ич не можи да ми текни :D http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=503400
↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #164 на: 14 Ноември 2012, 11:24:50 am »
Јас би бил спремен да дадам 2-3 илјади. Не да купувам за 300-500 евра па да го средувам сам, прво затоа што немам услови каде да го средувам, немам алат, немам знаење а немам и баш време да научам :) Така да ми треба готов производ, кој би го одржавал, би досредил некои ситници, и би го возел чат пат за мерак.

Она Минито што се продава од Гостивар на слики ми делува интересно, на пример.

Гостиварското 5,000 го продаваше пред некое време сега незнам колку.
Мојсо ги дава по европа што значи и он ќе ти бара отприлика толку....
за неколку години 20-30% ќе бидат повисоки цените
јас стара кола не би купил средена поради што не ги прават убаво, не ги крпат како што треба употребуваат многу кит кој по неколку години пука, употребуваат евтини матерјали и такви ствари..... како јас што ќе си го направам нема никој друг