Не ...темава е супер не е наменета само за Датсунот...терајте си муабет а ако се купи Датсунот случајно се разбира ќе заслужи посебна тема во возила на членови ![Wink ;)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/wink.gif)
денес со Ipkisija Meskosa , ExtremeBt i Carphatian Lord најдовме добро очуван Рекорд од овај модел...
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Ова не е рекорд туку комодоре! Сега забуната е во името или во сликата со моделот?
Иначе звер е аутово и за разлика од кадет, аскона и останатите модели на опел од тоа време ова е од премиум сегментот и има мрсни мотори. 2.6 па нагоре ![Cheesy :D](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/cheesy.gif)
Кадетот било градско ауто како и денешниве корси, поло. Затоа и имаат малолитражен мотор, да не троши кој за разлика од рекордите е далеку, далеку поекономичен, но исто така издржлив и затоа немој ти така и за твојот опел да викаш, ее 300 000 има, колку ке тера. Нема колку ке тера, ова се гусани и квалитетни мотори, штом и по 40 години пали како на денот кога си го купил и се вози, има да тера
![Grin ;D](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/grin.gif)
@Peconi, има еден рекорд една генерација постар од сликиве погоре во кисела вода, кај расадник, поточно позади школото кирил пејчиновик, стално кога сум поминувал таму стои.