Здраво, прв пат пишувам на темава иако е доста долга, сега се регистрирав. Барам консултација од сите вас кои може да ме насочите. Имам Karmann Ghia 1963 која пред повеќе од 20г почнав да ја правам ама заврши после 1г безуспешно, нормално млад и проблем со финасии. Сега повторно се одлучив да ја правам, ама сакам како што е ред. Се спомнуваа неколу мајстори, но што мислите каде да одам, кој реално има фат и живци да почне од нула со каросеријата, а потоа и некој што фарба добро. Реално Карманот нема ентериер и мотор, па почнав да нарачувам прво каросериски делови за кои знам дека треба да се менуваат, но не ми треба само лимар, ми треба и електричар кој ќе знае да поврзе се од почеток, потоа механичар за мотор и подвозје, а се надевам дека има некаде мотор да се најде од Буба 1200ccm (иако читав некаде дека пасува и 2000ccm од Порше 914, но тоа е друга тема). Исто така и мајстор за тапацирање кров. Предните седиште се исто така од Буба па се надевам дека тука ќе најдам, но ќе треба задно седиште, страници и теписон да ги нарачам од Германија. Знам дека има многу работа, свесен сум, но конечно почнав.
Поздрав,
Александар