Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Како е законпт за увоз на олдтајмери во Мк,царина,давачки и сл.?
Постапката за увоз е следна:кога ќе дојде возилото на граничен премин за влез во Македонија, се испраќа до внатрешен терминал зависн од местото на живеење на купувачот и се остава во терминалот додека да се средат документите (тоа кај нас трае 1-2 месеци, јас завршив за 6 недели).Доаѓа лице од технички преглед и подготвува документација која ја испраќа до Бирото за Метрологија, кои пак издаваат документ дека возилото е со историска вредност (тоаа потврда е со важност од 2 години и мора по две години повторно да се извади за да може да се регистрира).Со таа потврда се носат документите во Царинската управа во Скопје, кои пак издаваат документ за ослободување од данок за моторни возила (еколошка такса), со тој документ и сите останати што ги имате одите во терминалот каде што ви е возилото, си плаќате ДДВ и го вадите возилото од терминал.Потоа одие на технички го регистрирате, добивате таблица со зеленкасти бројки и со здравје да си го возите. Така ќе го регистрирате и следната година без ништо дополнително да ви бараат, но за третата година, од техничкиот преглед повтроно ќе пратат документи до Бирото за метрологија кои ќе издадат документ дека возилото е со историска вредност и пак си го регистрирате.Ограничување кога смее да се вози нема, и машински факултет нема никаква врска со увоз на олдтајмери.Мене ми завршија работа од МГ Ауто Инспект доо Тетово.