Поентата со електричните возила е во тоа што секој индивидуалец има можност сам да произведува електрична енергија доколку сака.
Соларни фото ќелии, ветерници, био ѓубриво...
Со тоа има начин, преку обновливи извори да произведе струја, и истата да ја користи за возилото и сл.
Кај конвенционалните возила, горивото мора да го купиш, и речиси е невозможно сам да го произведеш.
Таквиот концепт на примена на електрични возила, е поизвесен и главната грижа на нафтените комнапнии е во тоа што неможат да монетизираат толку голем обем од примената на електричните возила како што го прават со конвенционалните горива.
Главната битка во иднина ќе се води во производството на батерии, истите ќе се димензионираат да мора да бидат replacable за да може да се создаде зависност на употребата на електричните возила од некаква суровина.
Според мене главната пречка за масовна примена на електричните возила е отсуството на бизнис модел кој ќе можат да го капитализираат сегашните големи играчи, кои очигледно ќе бидат исфрлени од игра.
Сите водечки производители на автомобили кои што инвестираат во развој, имаат модел и решение на проблемот "електрично возило " само што играта во моментов е диктирана од институции кои што не дозволуваат инстантна револуција на електричните возила.
Секако дека недостасува инфраструктура и модел на логистичко опслужување на електричните возила (станици за напојување, сервис и промена на батерии, складирање на токсични суровини кои ќе се појават заради експлоатација на батериите и сл.). Но, мислам дека овој проблем е повеќе бирократски на ниво на институции, а не проблем на производителите.
Штом ќе започне масовно производство на електричните возила, цената драстично ќе им се намали.