Марјан и ЛошиПатишта, споредбиве ги правите на исти возила?
Купени на ново, експлоатирани од прв сопственик од 0км?
Уште полошо, неговото е ново моето е старо. Јас би требало да имам милион кварови теоретски, затоа што купив стар дизел, нели на форумот тоа значи дека си направил катастрофа.
Тука е заебот.
Твоето возило е старо. Сите детски болести ги платил и сервисирал претходниот сопственик. Споредбата со новото возило на Марјан што треба да има детски болести, а ги нема, е нерелевантна.
Турбо бензинците со директно вбризгување денес, се на исто рамниште каде што беа турбо дизелите пред 15-20 години кога беа нови како масивна комерцијална технологија.
Тоа значи самиот концепт на турбо дизел веќе е одработен 15-20 години, елиминирани се детските болести и моментално на хартија е подобар од турбо бензинец.
Дали турбо дизелите со директно вбризгување беа безгрешни? Какви им беа перформансите? Зашто пред 15 години немаше ТДИ со 1.4 кубика во кола од 1.5 тон? Зашто денес покрај сите "маани" и аномалии може да сретнеш турбо бензинец од 1.0 кубика во Форд Фокус, Голф и сл...
Зашто ако ТДИ концептот е добар и генијален, не направат мотор од 1,0 кубика за Голф, Форд Фокус и сл. Ќе трошат по 2 литри дизел нели?