Гласање

Choose your destiny!

Бензин
239 (58.3%)
Дизел
171 (41.7%)

Вкупно гласови: 410

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 1995662 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15855 на: 17 Септември 2015, 14:24:55 pm »
Цитат
Или конкретните мотори http://www.zeperfs.com/en/duel4469-5575.htm
Разликата е минимална во перформанси и цена, е сега кој што милува ќе си купи.


Ова е тоа што зборував цело време. Разлика нема никаква во перформанси, цена барем тука во Латвија за highline 2.500 евра е поскап дизелот. И двата идат со ДСГ, само што тси-то е со 7 брзини а дизелот 6.

Алфата на куоре е очајна во перформанси/потрошувачка пред се поради автоматикот и начинот на кој префлува во понизок степен на пренос при нагло забрзување, а и доста тешко возило е, нешто налик на инсигнија.


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43929
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15856 на: 17 Септември 2015, 14:29:41 pm »

Алфата на куоре е очајна во перформанси/потрошувачка пред се поради автоматикот и начинот на кој префлува во понизок степен на пренос при нагло забрзување, а и доста тешко возило е, нешто налик на инсигнија.


Тоа е вистинскиот збор: Очајна!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15857 на: 17 Септември 2015, 14:33:08 pm »
Аааааааааааааааааааааааахахахахах ааааааааааааааааахахаха... ај уште еднаш :D

Очајна зошто се работи за 2.4 литри дизел. Конкуренцијата е далеку напред. Пасат 2.0 тди со 170кс има исти перформанси е се работи за возило со помала литража и 30кс помалку.

http://www.zeperfs.com/en/duel1369-3102.htm

Чекај дур сум во залет, има уште  :D

http://www.zeperfs.com/en/duel1369-1529.htm (во споредба со Цитроен ц5 бе  :D) 2.2 хди 173кс. (28 помалку). Неколку интересни податоци:

60 to 90 in 4

Alfa: 6.1 Citroen: 5.1

60 to 90 in 5

Alfa: 9.4 Citroen: 6.7

90 to 120 in 4

Alfa: 5.6 Citroen 5.1

90 to 120 in 5

Alfa: 7.7 Citroen 6.9

Доста е.
« Последно менување: 17 Септември 2015, 14:42:36 pm vlatko.klp »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43929
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15858 на: 17 Септември 2015, 14:37:50 pm »
Кој пробал знае, кој не, нека си чита весници :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15859 на: 17 Септември 2015, 14:43:08 pm »
Така е симо, се согласувам 100%.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15860 на: 17 Септември 2015, 14:44:26 pm »

Очајна зошто се работи за 2.4 литри дизел. Конкуренцијата е далеку напред. Пасат 2.0 тди со 170кс има исти перформанси е се работи за возило со помала литража и 30кс помалку.


Ова му иде као да идам ао Андриана Алачки, наместо со Андриана Лима затоа што знае подобро да пржи ќофтиња кои ионака не ги јадам.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15861 на: 17 Септември 2015, 15:01:27 pm »
Изглед и перформанси се два тотално различни поими. Место Лима си требал Благица Павловска или евентуално Сузана Спасовска да ја ставиш.

А потполно истово важи што го напиша за луѓе кои што напорно замараат како бензинецот бил најбрз во забрзување :)

Присутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 763
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15862 на: 17 Септември 2015, 15:03:05 pm »

Очајна зошто се работи за 2.4 литри дизел. Конкуренцијата е далеку напред. Пасат 2.0 тди со 170кс има исти перформанси е се работи за возило со помала литража и 30кс помалку.


Ова му иде као да идам ао Андриана Алачки, наместо со Андриана Лима затоа што знае подобро да пржи ќофтиња кои ионака не ги јадам.

 Браво!  :D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15863 на: 17 Септември 2015, 15:04:30 pm »
Потполно истото важи и за луѓе што возат дизели па поради тоа замараат дека критериумот за возење е до 3000 обртаи и споредуваат перформанси со нисколитражни атмосферски бензинци.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15864 на: 17 Септември 2015, 15:10:57 pm »
И ти си во право ама не гледам некој тоа да го користи како некаков критериум? Збунет сум..

Да се само-цитирам
Цитат
Насоката на темава треба да биде кон класифицирање според личните потреби (сакам звук вс несакам високи обртаи), големина на автомобилот, годишна километража, потрошувачка, и многу други параметри и во тој контекст да се споредува бензинец и дизел.

Присутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3280
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15865 на: 17 Септември 2015, 15:11:56 pm »
Бидејќи веќе еднаш објаснив, еве ги двата мои постови споени во еден.

Па да почнеме, уште еднаш од почеток.



За да ги објаснам моите ставови ќе го користам Голф 7 во 1,4 ТСИ и 2,0 ТДИ изведба. Претходно @marjanot веќе ги имаше употребено во една споредба, па да ги искористиме и тука. За да имаме полесно разбирање двата модели на Голф ќе ги именувам како “дизелот” и “бензинот"

На сликите е прикажано тоа што никој од нас несака или не го гледа, односно енергетската ефикасност или искористеност на двата мотори споредена со параметри како: тежина на возилото, потрошувачка и сл.

Дизелот тежи 1522кг, бензинецот тежи 1376кг. Бензинецот победува има помала инертна маса што треба моторот да ја задвижува.

Дизелот дава 163НМ по кубен литар на моторот, бензинецот дава 179НМ. Бензинецот победува, затоа што има подобра енергетска искористливост од зафатнинтата на моторот.

Дизелот има 10,1 кило тежина по коњска сила, бензинецот има 9,2 кила по коњска сила. Бензинецот победува затоа што една коњска сила на моторот влече помалку тежина споредено со дизелот.

Дизелот има 210НМ по тон влечна снага, бензинецот има 182 НМ влечна снага по тон. (Бројките се добиени со делење на Torque со Weight (EU). Дизелот победува затоа што има повеќе Њутн Метри по тон. НО оваа математика важи само до осовината пред влез во менувач, затоа што овој Torque е испеглан, сменет со помош на менувачот.



Бензинецот може да сврти максимално до 6500 вртежи, дизелот до 5000 вртежи, пред да смениш во следен степен на пренос.

Еве табела колку вртежи испорачува бензинот и дизелот во секој од преносните преноси на менувачот на излезот од менувачот на погонската осовина.



На кратко само ќе објаснам, кога во прва брзина ќе ги свртиме двата мотири до крајниот број на вртежи (6500 бензин, 5000 дизел), преминуваме во втор степен на пренос, односно бензинецот ќе продолжи да работи во втора бризина со са.3700 вртежи, дизелот со са.2650. Тоа е така затоа што погонската осовина (тркалата) веќе вртат со 1720 вртежи, и кога ќе префрлиме во втора брзина моторот продолжува да врти со 3700 вртежи затоа што во тој момент тркалата вртат со 1720 вртежи. Поточно излезната осовина веќе го залетала моторот до 3700 вртежи бидејќи во втора брзина излезнта осовина врти со 1720 вртежи кога моторот врти на 3700 заради различниот преносен однос на првата и втората брзина.

Според тоа што можеме да го заклучиме од табелата, бензинецот далеку подобро ги искористува вртежите на моторот од дизелот, односно во секој степен на пренос дава повеќе вртежи на погонската, излезна осовина споредено со дизелот.



Што значи ова во секојдневна употреба на двете возила?

Ситуација 1. Старт од место со и шалтање во наредна брзина од 1 до 6 степен на пренос на 3000 вртежи за секој преносен однос. Намерно одбрав 3000 вртежи зашто во тој опсег двата мотори тегнат со максималниот Torque или испорачуваат најмногу Њутн Метри.

Во сите ситуации на дизелот тегне, пред бензинецот.


Ситуација 2. Старт од место и шалтање во наредна брзина од 1 до 6 степен на пренос при максимален број на вртежи. Бензин 6500, дизел 5000 вртежи. И двата мотори ги “цедиме” до даска, односно правиме Drag Race.

Во сите ситуации во споредбата, бензинецот го шамара дизелот без проблем.




Ајде да ги уфрлиме толку посакуваните Њутн Метри во игра.

1. Возилото со Дизелот тежи 1522кг, бензинецот тежи 1376кг. Од старт дизелот е губитник затоа што има поголема тежина од 146кг на погонската оска заради потешкиот мотор, соодветно на тоа поголеми отпори на триење и оптоварувања на погонската осовина. Тоа значи дека и покрај поголемиот број на Њутн Метри, на моторот ќе му треба повеќе време да ги совлада тие оптоварувања за да го задвижи возилото. Со прост речник кажано дизелот побавно ќе врти од 0 до 5000 вртежи затоа што моторот треба да совлада поголеми отпори. Во исто време бензинецот ќе сврти до 5000 вртежи побргу, соодветно на тоа побрзо ќе ги менува брзините и побрзо ќе стигне до било која брзина.

2. Дизелот има 10,1 кило тежина по коњска сила, бензинецот има 9,2 кила по коњска сила. Бензинецот победува затоа што една коњска сила на моторот влече помалку тежина споредено со дизелот.


Заклучок:
1. Кај две возила при споредба на перформанси, битни се: Преносните односи на менувачот, и специфичната тежина што една коњска сила треба да ја повлече.  

Возилото што има помала тежина во сооднос со њутн метрите е подобро, побрзо. Во случајот што го анализирав, тоа е бензинецот.


Aко некој сака да дискутраме на темава на долго и на широко и да збориме аргументирано, со примена на наука, и практични тестови нека каже јас сум расположен за дискусија. Може да седнеме некаде на пиво, пивото јас ќе го платам.



Ако ги анализираме двата мотора само до работен опсег од 4500 цртежи анализата е следнава:

1. Ги пресметав вртежите на излез од менувач за двата мотори во опсегот од 1000 до 4500 вртежи
2. Со зелено ги изначив оне полиња каде што моторите имаат максимален Torque односно вртежен момент. Бензинецот има од 1500 до 3500, дизелот има од 1750 до 3000 вртежи.
3. Со портокалова боја ги означив оние бројки кои ги врти моторот при промена од еден степен во друг, за полесен преглед на вториот график ги избришав вредностите кои што не ни требаат за да не бунат.
4. Со сина боја ги означив оние бројки каде што дизелот има максимална моќност од 150 коњски сили, односно во опсегот од 3500 до 4000 вртежи. Бензинецот во опсегот до 4500 вртежи не испорачува максимална моќност.

Двете возила се исти како во претходниот пост Golf VII 1.4TSI и 2.0TDI.



Почнуваме. Двете возила се паркирани едно до друго, палиме моторите ставаме во прва и тргнуваме со папучата до долу и шалтаме во повисок степен на пренос штом обртометарот покаже 4500 вртежи.

Прв степен на пренос

Бензинец:
До 1400 вртежи се исти со дизелот. Потоа бензинецот влегува во подрачје на максимален Torque и почнува побрзо да ги врти вртежите од 1500 до 3500. Тоа значи дека стрелката на обртометарот ќе почне побрзо да се движи во споредба со стрелката кај дизелот, (Турбото повлекува на 1500 вртежи).

Дизел:
До 1400 вртежи е ист со бензинецот. Потоа бензинецот бега понапред бидејќи го добива Torque-от од турбото порано. На 1750 вртежи дизелот го добива Torque-от од турбото, и стрелката на обртометарот се движи побргу од претходно се до 3000 вртежи. На 3500 вртежи дизелот ги добива максималните 150 коњски сили и до 4000 влече како луд. Во истиот период бензинецот веќе потегнал здраво, и совладал повеќе вртежи на обртометарот и е поблиску до 4500 вртежи за да смени во втора брзина.

Исход - прва брзина: Бензинецот побрзо ќе дојде до 4500 вртежи за да смени во втора брзина споредено со дизелот. На пример кога бензинецот ќе смени во втора брзина на 4500 вртежи дизелот ќе врти со 4100 вртежи и ќе треба да совлада уште 400 вртежи за да може дизелот да смени во втора. Тоа значи дека бензинецот ќе дава 1190 вртежи на погонската осовина при 4500 вртежи, а во исто време дизелот ќе врти на 4100 вртежи и ќе дава 1088 вртежи на погонската осовина.
1.4TSI    2.0TDI
Втор степен на пренос

Бензинец:
Моторот продолжува да влече од 2522 вртежи (во зона на висок Torque) и влече до 3500 вртежи, кога Torque-от се губи (турбото завршило со работа) и влече потромаво од 3500 до 4500 вртежи.

Дизел:
Моторот продолжува да влече од 2340 вртежи (во зона на висок Torque) и лесно влече до 3000 вртежи, кога Torque-от се губи и вртежите од 3000 до 3500 ги совладува потромаво. На 3500 до 4000 добива максимум од 150-те коњски сили и повлекува повторно силно. Од 4000 до 4500 пак станува тромав.

Исход - втора брзина: Бензинецот повторно побрзо ќе дојде до 4500 вртежи за да смени во трета брзина. Причината е во тоа што бензинецот има поголемо подрачје на Torque во овој пренос споредено со дизелот. Соодветно на тоа ќе му избега дополнително на дизелот за уште некое растојание. Разликата ќе се јави затоа што кога бензинецот ќе врти на 4500 вртежи, дизелот ќе врти отприлика на 3800-3900 вртежи. Поточно кога бензинецот ќе постигне 4500 за да префрлиме во трет степен на пренос, погонската осовина ќе врти со 2123 вртежи, додека дизелот на погонската осовина со 3900 вртежи ќе испорачува 1939 вртежи. Со други зборови бензинецот веќе видливо ќе бега пред дизелот.
1.4TSI         2.0TDI
Трет степен на пренос

Бензинец:
Моторот продолжува да влече од 2887 вртежи до 3500 во зона на Torque, потоа до 4500 влече малку потромаво.

Дизел:
Моторот продолжува да влече од 2892 вртежи и до 3000 влече во зона на Torque. Од 3000 до 3500 станува тромав, на 3500 ги достигнува 150-те коња и почнува да влече до 4000. Потоа од 4000 до 4500 влече врти потромаво.

Исход - трета брзина: Бензинецот во зона на висок Torque врти додека не совлада 663 вртежи и да стигне до 3500 кога Torque-от го нема, за разлика од Дизелот кој совладува само 108 вртежи во зона на висок Torque. Исто како и претходно бензинецот побргу стига до 4500 вртежи, побрзо уфрламе во четврта кај него. Соодветно на тоа дизелот веќе доцни и во моментот кога ќе достигне 4500 вртежи за да смениве во четврта брзина, бензинецот веќе си тера во четврта.
1.4TSI             2.0TDI
Четврт степен на пренос:

Бензин:
Моторот продолжува да врти со 3408 вртежи, до 3500 врти лесно бидејќи турбото сеуште помага и испорачува солиден Torque. Потоа станува тромав додека не сврти 4500.

Дизел:
Моторот продолжува да врти со 3106 вртежи и е комплетно надвор од подрачјето на Torque-от. На 3500 вртежи ја добива максималната моќност од 150 коња и повлекува солидно. Во овој случај, дизелот е во поголемо подрачје со максимална моќност за разлика на подрачјето на Torque  на бензинецот и тука може да ги врати сите изгубени метри од претходно кои ги доби бензинецот.

Исход  - четврта брзина. Бензинецот губи снага, дизелот се засилува и ја анулира предноста што бензинецот ја направил претходно.
1.4TSI    2.0TDI
Пети степен на пренос:

Бензин:
Моторот е комплетно надвор од подрачјето на Torque, почнува да врти со 3757 вртежи и завршува на 4500.

Дизел:
Оваа брзина е тотална глупост кај овој мотор и менувач, речиси е идентична со четврта. Моторот почнува да врти со 4448 вртежи и веќе на 4500 менуваме во шестиот пренос. Кога јас би возел би уфрлил директно во шестиот степен на пренос. Оваа брзина би ја прескокнал.

Исход - петта брзина: Мртва трка би рекол, додека бензинецот се обидува да стигне до 4500, дизелот без потреба врти во овој степен, реално не добива ништо. Тука дизелот ќе смени побргу во шестиот степен на пренос за разлика од бензинецот.
1.4TSI 2.0TDI
Шести степен на пренос:

Бензин:
Веќе доцни во споредба со дизелот во однос на шалтање на степенот на пренос, надвор е од подрачјето на Torque, тромаво ќе стигне од 3820 до 4500 вртежи.

Дизел:
Дизелот продолжува да врти со 3767 вртежи и до 4000 вртежи влече солидно затоа што е во подрачје на максимална моќност. Потоа повторно станува тромав до 4500.

Исход - шеста брзина: Дизелот ќе избега пред бензинецот и ќе крене поголема брзина порано од бензинецот.

         1.4TSI 2.0TDI
Заклучок:

Во подрачјето до 4500 вртежи, бензинецот е подобар во 1,2,3 брзина (степен на пренос), во четвртиот степен на пренос се рамноправни, и дизелот покажува заби во 5 и 6 брзина (степен на пренос).
МНОГУ БИТНО да се напомене дека во оваа споредба бензинецот во ниту еден степен на пренос не ја добива максималната моќност бидејќи таа ја добива од 5000 до 6000 вртежи. Тоа го става бензинецот во по нерамноправна положба во однос на дизелот во оваа споредба. Но и покрај тоа дизелот неможе да го совлада бензинецот во 1,2 и 3 брзина, кои се најчесто користени во градски услови. На отворен пат до 4500 вртежи дизелот ќе доминира бидејќи е подобар во 5 и 6 степен на пренос.

Според тоа бензинецот ќе биде морален победник во споредбата, но дизелот ќе биде крајниот победник.

На крај морам да напоменам дека оваа споредба ја правиме во подрачје до 4500 вртежи кое е речиси 500 вртежи помало од максималниото работно подрачје на дизелот кое е некаде до 5000 вртежи. Што значи дизелот го дава својот максимум. Во исто време бензинецот не е искористен целосно затоа што има резерва од 2000 вртежи од работното подрачје на моторот (до максимални 6500) кои се неискористени и каде што бензинецот сериозно ќе го исплеска дизелот.

Во режим на нормална експлоатација и менување на брзините без да се ограничуваат моторите на 4500 вртежи, дизелот ќе изгуби.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15866 на: 17 Септември 2015, 15:13:50 pm »
И ти си во право ама не гледам некој тоа да го користи како некаков критериум? Збунет сум..

Да се само-цитирам
Цитат
Насоката на темава треба да биде кон класифицирање според личните потреби (сакам звук вс несакам високи обртаи), големина на автомобилот, годишна километража, потрошувачка, и многу други параметри и во тој контекст да се споредува бензинец и дизел.

Да се само-цитирам и јас:

Насоката на темава треба да биде кон класифицирање според личните потреби (сакам звук вс несакам високи обртаи), големина на автомобилот, годишна километража, потрошувачка, и многу други параметри и во тој контекст да се споредува бензинец и дизел.

Зашто да биде таква насоката на темава, и уште повеќе, зашто мислиш дека не е (со исклучок на неколку обиди за објективност кај некои членови)?

Темава е погрешно поставена уште пред пар години, согласно насловот и согласно тој што ја отворил имал некое ТДИ и го споредил со 0.8 бензинец у Матиз. И сеа, секогаш кога ќе се појави некоја споредба што е во корист на турбо-бензинецот, одма се мењаат критериуми, се возело до 3000 обртаи (пошо и онака дизелот издишува на 4500), немало потреба да се мења брзина (а замисли, направиле луѓето мењач) и се паѓа у несвест за све и свашта. Ама сакаме да ги величаме турбо-дизелите кои ги поседуваме, во однос на нисколитражни атмосферски бензинци така? Троа очајно е тоа, нели?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15867 на: 17 Септември 2015, 15:34:35 pm »
Не сум ти прочитал, sorry.

Сакаш да кажеш дека нивото на дискусијава тука е високо и се дискутира од аспект на давање совети меѓу нас и останатите што ја читаат темата за тоа што е најлогичниот избор?

Да почнеме од лични преференции како на пример сакам колата да има убав звук и тоа за мене е поважно од потрошувачка на пример. И во тој случај дали јас, ти или било кој да даде специфичен предлог што е подобро. Дали 1.4 тси дава подобар звук од 1.4 атмо. А не, одма косилици трактори глупости....

Нешто во стил на давање совети а не величење и носење на темава во дискусија на мерење на кој му е подолг. Или па она најгадното, преку некакви си смешни иронични коментари да се се навредат тие што возат бензин или дизел, сеедно.

@zlatkoa ова што си го постирал на прв поглед изгледа интересно, го прочитав од почеток до крај и добив информации кој што мислам веќе ги знаев пред да го прочитам твојот текст. Користиш тестирања првин до 3.000 па макс обрати па после до 4500. Искрено не гледам логика во вакво тестирање да покажеш дека во последниов случај во првите 3 брзини е побрз па после 5-6 брзина дизелот. И?

Друга работа, си напишал
Цитат
Во сите ситуации во споредбата, бензинецот го шамара дизелот без проблем.
во тестирањето кога се користат максимални вртежи, 5000 кај дизел и 6500 кај тси-то. Повели. http://www.zeperfs.com/en/duel4469-5575.htm 0-100 дизелот 8.4 а тси-то 8.3 секунди.Шамарање??  :-X

Само со една работа би се согласил со тебе, односно што е важно за мене кога возам автомобил, а тоа е следново
Цитат
Ситуација 1. Старт од место со и шалтање во наредна брзина од 1 до 6 степен на пренос на 3000 вртежи за секој преносен однос. Намерно одбрав 3000 вртежи зашто во тој опсег двата мотори тегнат со максималниот Torque или испорачуваат најмногу Њутн Метри.

Во сите ситуации на дизелот тегне, пред бензинецот.
И повторно, ова мене не ми е некаков критериум против бензинецот и тука да се правам некаков експерт како дизелот го "шамара" бензинецот. Туку ова е мој критериум каде што 99% од возење на дизел ќе го поминам од 800 до 3000 обртаи. Доколку го сакам истото кај тси-то треба да си потегнам троа повеќе. Мене тоа ми пречи, на некој му се допаѓа. А некој пак воопшто не ни се замара. Нема потреба од иронични заебанции кои што водат само до кавги.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14388
  • Пудингот на шоферството
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15868 на: 17 Септември 2015, 16:00:00 pm »
Најпросто и наједноставно речено,со дизел тргнувам со 3-та од место без никаков проблем,со бензинец ке тргниш ама и ламела ке смениш.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3937
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15869 на: 17 Септември 2015, 16:03:55 pm »
Мислам дека може овие предности да ги додадеме како релевантни.
1. Потрошувачка
2. Оди на угорница без гас
3. Тргнува во трета